Зборено е поназад на темата, новиве имаат дадено подобра понуда на тендерот (повеќе пари дека ќе инвестираат) и стариве концесионери вајда не сакале да им го отстапат.
Ако ја знаеш историјата со друштвото Бистра кое со децении наназад го држеше домот ќе знаеш и што се случува сега.Комплицирано е за да ти објаснувам до детали бидејки цел реферат треба да пишувам.
Зборено е поназад на темата, новиве имаат дадено подобра понуда на тендерот (повеќе пари дека ќе инвестираат) и стариве концесионери вајда не сакале да им го отстапат.
А кои пари ќе ги инвестираат кога вода во очи немаат?Пак со парите од сметката на Бистра.
Автоматски споено мислење:
Во кратки црти сменетиот претседател на Бистра Живко Темелковски кој изгуби судски спор пред неколку години со мнозинството членови од Бистра е единствениот кој има право да повлече пари од сметката на клубот и сега преку H20 старо новиот клуб Макпетрол со ново име формиран од бивша група на членови од I Love Hiking го превзема домот.Значи Живко Темелковски преку H20 повторно го превзема домот и осветувајки се на членовите од Бистра што го сменија.Ако се знае фактот дека Живко е ептен близок со Јовица Угриновски тогаш работите ќе си течат во негова корист.
Тивко и подалеко од очите на јавноста, вчера неколкумина од раководството на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија ФПСМ, со соодветен алат ги откорнала бравите на влезната врата на...
„Даре Џамбаз“ да остане планинарски дом, а не ресторан“. Овој апел деновиве нашироко се споделува меѓу планинари на социјалните мрежи, а доаѓа откако планинарскиот клуб „Бистра“ дозна дека повеќе нема да раководи со објектот. На нивно место доаѓа „Х2О“, кои претходно го добија планинарскиот дом прек
www.radiomof.mk
Автоматски споено мислење:
Еве ја изјавата на Коле Мајнов сегашниот претседател на Бистра кој ја напиша на неговиот профил:
Informacija do planiinarite rekreativcite i ljubitelite na Vodno deka i pokraj pandemijata zalozgbite na Vladata za vladeenje na pravoto vo planinarskiot dom e nepraven nasilen upad od prestavnicite na Fpsm pretsedatelot i bivshiot pretsedatelot na Bistra potkrepeni od prestavnicite od plninarskoto novo formiranoto drustvo X20,istiot e napraven bez sudski nalog i bezprisustvo na prestavnicite od Psk Bistra i policija.
Многу бура се крена деновиве, откако излезе информацијата дека клубот Х20 ќе раководи со ПД „Даре Џамбаз“ на планината Водно во Скопје. Планинарите реагираат дека, наводно, домот е насилно преземен, па побаравме став од ФПСМ околу целата оваа ситуација.Живко Темелковски од претседателството на Ф
@Audiofil
Во јавноста се доби впечаток дека некој го краде домот за го напраи кафич. Ја ко што сваќам домот го презема едно планинарско друштво од друго. Повеќево што галамат на фејсбук не се ни некакви планинари.
Според мене овие моменталниве со ништо не заслужуваат да го задржат, други домови низ државата се подобро одржувани. А за следниве ќе видиме како ќе се покажат.

Види ако Живко Темелковски останеше претседател во Бистра и членството не го сменеше се ќе си беше по старо и оваа галама немаше да постои а вака народски кажано они го сменија него и овој преку H2O ги менува нив.И точно е дека тие што најмногу галамат мал дел не се планинари а поголемиот се ливадари.
Живко Темелковски е сменет од прецедател на Бистра пред седум-осум години.
Живко Темелковски сега е член на планинарскиот клуб Анапурна (на некоја функција е таму, не знам на која).
Х2О се бивши Макпетролци и немаат ама баш никаква врска со Ај Лав Хајкинг.
Х2О го добива домот на користење од страна на ФПСМ (Живко Темелковски е прецедател на комисијата за планинарски домови при ФПСМ).
ФПСМ е сопственик на сите планинарски домови (не и на приватните) во Македонија.
Клубот Анапурна (чии член е сега Живко Темелковски) учествува на конкурсот за добивање на овој паланинарски дом, ама не го добива иако има нешто подобра понуда, доцнеле со поднесување на понудата.
Планинарскиот клуб Бистра не сака да се откаже од овој дом, иако не го изградиле туку бесплатно го стопанисувале доооолгоооо време, а како што кажаа погоре, немаат ништо уложено во реновирање или поправање на истиот.
Долниот спрат од домот со терасата пред влезот ќе го добие на користење угостител преку кој Х2О ќе ги добие парите за вложување во домот (планинарските друштва немаат многу пари, а клуб кој порано најмногу ги имаше беше баш Макпетрол). Горниот спрат на домот си останува баш дом со место за преспивање на планинари.
Во кратко, дека се е чисто, не е.
Дека Бистра има право да се жали - нема, и тие учествувале на конкурсот и имале убедливо најлоша понуда во која исто така било здружување со приватен угостител (сите понуди биле поприлично слични). Нити го изградиле, нити го одржувале, нити до сега плаќале за користење на домот.
Да им оставиме на Х2О време да се покажат што и како знаат, и онака концесијата им е на 4 години (ако не се лажам). Ако не задоволуваат, концесијата може да им биде одземена.
Е да, не се слагам дека овие што галамат не се планинари. Планинари се, ама не се во планинарски друштва, така да и не ги познаваат баш приликите во ФПСМ (не дека јас сум стручен, ама сепак имам некое познавање. ).
Автоматски споено мислење:
Додаток:
Ова е соопштението на ФПСМ за дадениот случак.
Одговор по повод реакциите на планинари на социјалните медиуми, за доделувањето на планинарскиот дом "Даре Џамбаз" на врв Водно под закуп на планинарскиот клуб Х2О
Федерацијата за планинарство на Република Северна Македонија (ФПСМ) на 29.08.2016 година со ДООЕЛ “Врв на Водно“ Планинарски дом Даре Џамбаз – Скопје, претставувано од неjзиниот раководител Љубинка Диневска, (во понатамошниот текст закупец) имаше склучено договор за закуп со кој ФПСМ како закуподавач го отстапува правото на користење односно го издава планинарскиот дом под закуп на закупецот за време од 4 години од денот на склучувањето на овој договор.
Согласно договорот, договорниот рок се продолжуваше за истиот временски период доколку закупецот ги исполнуваше сите договорени услови во согласност со закуподавачот.
Важноста на договорот, истече на 28 Август минатата година.
Од тој датум па заклучно со 15.03.2021 година, ДООЕЛ “Врв на Водно“ планинарскиот дом го користеше без правен основ.
Согласно член 3 од договорот, закупецот се обврзуваше планинарскиот дом да го управува домаќински и во согласност со дејноста за која е регистрирано ова правно лице во Централниот Регистар на РМ и добиените одобрениа за работа како и да се грижи за редовното тековно одржување на објектот.
Согласно член 12 од договорот, Комисијата за планинарски домови на закуподавачот, беше овластена да ја утврдува реализацијата на овој договор во смисла на контролирање на начинот на управување и користење на планинарскиот дом согласно одредбите на договорот.
Согласно член 14 од договорот, сите трошоци во врска со користењето на планинарскиот дом како и трошоците сврзани со тековното работење и одржување на објектот паѓаа на товар на закупецот.
Бидеќи закуподавачот (ФПСМ) врз основа на фотографии и записник од Комисијата за планинарски домови не беше задоволен од тековното одржување на планинарскиот дом од страна на закупецот (домот целосно е руиниран-паднати плафони во просториите, клупите и масите надвор пред објектот бидеќи не биле фарбани, резултат на временските услови, снег, мраз, дожд, сонце, се целосно изгорени од сонцето, иструлени, распукани, дел од капаците на прозорите одкорнати и однесени од ветрот, итн) не му го продолжи договорот на закупецот за нареден временски период, како што тоа го правеше во изминатиот период.
Од овие причини, закуподавачот распиша оглас за издавање на планинарскиот дом под закуп на кој можеа да се јават сите планинарски клубови. Постапката водена од соодветна комисија заврши со донесување на Одлука од страна на Претседателството на ФПСМ со кој планинарскиот дом го додели на планинарскиот клуб “ Х2О“ од Скопје кој достави најповолна понуда.
На овој оглас учествуваше и планинарскиот клуб Бистра од Скопје, оснивач на ДООЕЛ “Врв на Водно“ кој резултат на евалуацијата на понудите беше второпласиран.
Истиот, незадоволен од одлуката на Претседателството на ФПСМ според која домот го добива клубот “Х2О“ од Скопје, поднесе жалба до Собранието на ФПСМ кое собрание како највисок орган, со мнозинство на гласови ја одби жалбата како неоснована и ја потврди одлуката на Претседателството.
Оваа одлука на Собранието на ФПСМ беше конечна.
ФПСМ со писмо од 24.12.2020 година го извести и ПСК Бистра и ДООЕЛ “Врв на Водно“ да се договориме за начинот за предавање на домот и тоа да биде на мирен и достоинствен начин, како и тоа дека доколку не постапите на овој начин, ФПСМ е приморана да презема и други начини се со цел да си го поврати владението на објектот.
Од нивна страна бевме известени дека поднеле тужба со предлог за изрекување на времена мерка за забрана за вселување и дека ќе продолжеле со стопанисување на домот.
ФПСМ во своите писма, согласно одредбите од Законот за управните спорови ги извести дека евентуално поднесената тужба за поведување управен спор од страна на ПСК Бистра Скопје не го одлага извршувањето на одлуката на Претседателството на ФПСМ која беше потврдена со Одлуката на Собранието на ФПСМ, која на тој начин стана конечна одлука.
ФПСМ не презеде дејствија на преземање на домот, чекајќи Управниот суд да се произнесе по барањето за изрекување на времена мерка.
По добиената тужба од Управниот суд, ФПСМ до судот достави исцрпен одговор на тужба.
Управниот суд на ФПСМ не му изрече времена мерка за забрана за иселување.
Со решение У-3 бр.441.2020 Управниот суд ја отфрли тужбата на ПСК Бистра Скопје.
ФПСМ со писмо бр.03-26/1 од 12.03.2021 година го извести ПСК Бистра Скопје дека тужбата е отфрлена од Управниот суд и побара да се договориме за мирно предавање на домот.
Претседателот на ПСК“Бистра“ Скопје не сакаше да се одржи состанок во живо со претседателот на ФПСМ во простории на ФПСМ со изговор дека е во изолација, па ни on line да се одржи состанок поради негово непознавање на таа техника, па ни телефонски разговор со цел да се договорат за датумот и начинот на мирно предавање на домот.
Со писмо бр.24/21 од 15.03.2021 година ПСК Бистра Скопје го извести ФПСМ дека постапката пред надлежните органи не е правосилно завршена и дека ПСК Бистра има право на правни лекови до конечно завршување на постапката и одлука од повисоки судски инстанци. Точно е дека постапката не е правосилно завршена и ФПСМ не може да им забрани да поднесуваат правни лекови до конечно завршување на постапката и одлука од повисоки судски инстанци, меѓутоа мора уште еднаш да укажеме дека постапката во ФПСМ е завршена со конечна одлука и сите понатамошни водени постапки од страна на ПСК Бистра не го одлагаат извршувањето на конечната одлука.
На крај со ова наше писмо сакаме да Ве известиме дека поради нивниот игнорантски однос кон ФПСМ на сите писмени обраќања за предавање на домот на мирен и достоинсвен начин, ФПСМ на ден 16.03.2021 година во присуство на нотар како службено лице кое изготви записник за утврдување на факти (состојбата во сите простории во домот кои ДООЕЛ “Врв на Водно“ ги користеше досега) со правење на видео запис за состојбата на сите простории, клупи, маси, прозори, капаци на прозори итн, со предавање на сите релевантни документи (одлука на Претседателството на ФПСМ, Одлука на Собранието на ФПСМ, Договор меѓу ФПСМ и ПСК “Х2О“, Одлука од Влада на РМ) до надлежните државни органи, си го поврати владеењето на домот и го предаде на ПСК“Х2О“ Скопје со кој има склучено договор за закуп заверен на нотар и поднесено барање за евидентирање во катастар.
Живко Темелковски е сменет од прецедател на Бистра пред седум-осум години.
Живко Темелковски сега е член на планинарскиот клуб Анапурна (на некоја функција е таму, не знам на која).
Х2О се бивши Макпетролци и немаат ама баш никаква врска со Ај Лав Хајкинг.
Х2О го добива домот на користење од страна на ФПСМ (Живко Темелковски е прецедател на комисијата за планинарски домови при ФПСМ).
ФПСМ е сопственик на сите планинарски домови (не и на приватните) во Македонија.
Клубот Анапурна (чии член е сега Живко Темелковски) учествува на конкурсот за добивање на овој паланинарски дом, ама не го добива иако има нешто подобра понуда, доцнеле со поднесување на понудата.
Планинарскиот клуб Бистра не сака да се откаже од овој дом, иако не го изградиле туку бесплатно го стопанисувале доооолгоооо време, а како што кажаа погоре, немаат ништо уложено во реновирање или поправање на истиот.
Долниот спрат од домот со терасата пред влезот ќе го добие на користење угостител преку кој Х2О ќе ги добие парите за вложување во домот (планинарските друштва немаат многу пари, а клуб кој порано најмногу ги имаше беше баш Макпетрол). Горниот спрат на домот си останува баш дом со место за преспивање на планинари.
Во кратко, дека се е чисто, не е.
Дека Бистра има право да се жали - нема, и тие учествувале на конкурсот и имале убедливо најлоша понуда во која исто така било здружување со приватен угостител (сите понуди биле поприлично слични). Нити го изградиле, нити го одржувале, нити до сега плаќале за користење на домот.
Да им оставиме на Х2О време да се покажат што и како знаат, и онака концесијата им е на 4 години (ако не се лажам). Ако не задоволуваат, концесијата може да им биде одземена.
Е да, не се слагам дека овие што галамат не се планинари. Планинари се, ама не се во планинарски друштва, така да и не ги познаваат баш приликите во ФПСМ (не дека јас сум стручен, ама сепак имам некое познавање. ).
Кој е претседател на H2O,од кога е во Макпетрол бидејки и јас бев во Макпетрол пред да се ребрендира друштвото и каде беше пред да дојде во Макпетрол заедно со уште 5,6 души дали знаеш?
Постот на фејсбук кој што гледам добива иљадници лајкови нема ниеден лајк од планинар.
Макпетрол го напушти клубот како „спонзор“, иако освен името не знам каква воопшто врска имаше последните години. Луѓето мораа да се пререгистрираат и го направија Х2О.
Пишував и понапред. Планинарскиот дом од дотичната особа е претставен како некакво бајковито место во кое се седи без пари, дури и сиромашните можеле да седат.....и по тој основ ПК Бистра го држи во руина и нехигиена последниве 30 години. И кога одам зимно време да се пресоблечам и напијам чај, тие „чесни, сиромашни човечиња“ веќе се полупијани и урлаат со расфрлани чварки и туршија по масите.
Не знам како ќе го стопанисуваат новиве, ама овие до сега не заслужуваат никаква поддршка.
Имам многу лошо мислење за вечниот прецедник на ФПСМ и сигурен сум сега дека мутеле нешто, ама не сум на страната на ПК Бистра. Вистински пример се за тоа како не треба да се одржува планинарски дом.
И сакам ова да го додадам - постот на фејсбук е објавен од еден од ликовите кои го цензурираат фејсбук во Македонија, новинар, кој добива поддршка уште од пар особи од таа фела и другата страна нема таков публицитет и можност да ја каже својата страна од приказната.
Автоматски споено мислење:
@Trpe Grozni мислам дека последните години Макпетрол спонзорираше една акција накај Куманово-Крива Паланка „по патот на гасоводот“ и тоа симболично, превоз, така нешто. Не знам од каде ти е тоа дека имале најмногу пари. Макпетрол организираше тури на Алпите, ама тоа секој си го плаќаше од сопствен џеб. Клубска опрема како јажиња, гпс-ови, станици купуваа од членарина. Тоа е до луѓето и домаќинлукот како се води.
Бидејки никој не одговори кој е претседател на H2O како поранешен член на Макпетрол и претходно I Love Hiking еве го неговото име и презиме под реден број 11 за да не го пишувам:
Пред да дојде во Макпетрол 2017 година тој и уште неколку луѓе беа првата постава и раководството на I Love Hiking пред да избие расколот од кој после се формираа 3 групи.Расколот почна по 20 декември 2016 година истиот ден кога Живко Темелковски ургираше кај Јовица Угриновски за да дојде хеликоптер и да го однесе пладиот планирар кој 24 часа лежеше на подножјето помеѓу Бакардан и Титов врв а една девојка од Битола на зимската тура ја повреди ногата и мораа двајца да ја носат по летната патека до Попова Шапка,девојката на фотографијата помеѓу двете знамиња:
Еве ги сите тогашни планинари меѓу кои и претседателот на H2O на одбележувањето 4 години од постоење на I Love Hiking од кои преку 50% сега не се во таа група:

Не,откако Макпетрол фирмата престана да го спонзорира клубот и се ребрендираше во H2O се повлече од таму и мислам дека сега приватно организира туристички тури а постојано соработува со Миланка Арсиќ од Балкан друштвото од Белград.Последен пат организираше 3 дневна тура на Копаоник и секоја година во Август одат на летување во Корчула а додека беше отворена границата со Бугарија заедно одеа во Банско и Боровец.

Само не разбирам каков им е овој аргумент на Бистра дека ќе Х20 ќе правеле ресторан (тука во темава има коментар дури и кафич), па уште елитен, а нема вода, а со тоа ни кујна, ни тоалет.
@Audiofil Хајкинг сега гледам хејтаат....па тие, да не е хирургот онаков ебиветар, веројатно би добиле трајна забрана за организирање акции, не па да бидат клуб и сега уште се контрираат. Очигледно имаат нешто против оваа „фракција“....греота е во каква племенита дејност, какви ликови хараат. На човек да му е срам да каже дека сака да планинари, да престојува во природа.
Повеќето што хејтаат максимум биле на водно. Инаку би ги виделе другите домови и би сватиле каде е грешката. Али секоја чест на каде успеаа да ја свртат работава, ги направија овие Х20 како да се Интермецо или Мош бар.
Само не разбирам каков им е овој аргумент на Бистра дека ќе Х20 ќе правеле ресторан (тука во темава има коментар дури и кафич), па уште елитен, а нема вода, а со тоа ни кујна, ни тоалет.
@Audiofil Хајкинг сега гледам хејтаат....па тие, да не е хирургот онаков ебиветар, веројатно би добиле трајна забрана за организирање акции, не па да бидат клуб и сега уште се контрираат. Очигледно имаат нешто против оваа „фракција“....греота е во каква племенита дејност, какви ликови хараат. На човек да му е срам да каже дека сака да планинари, да престојува во природа.
А да знаеш каков ебиветер е првиот човек на Хајкинг?Бетер од хирургот.Дај му една овца 100 ќе изгуби.2017 година планинар уредно му плати за тура на Кораб и требаше да го земе во Ѓорче.Човекот си остана да чека еден од двата автобуси кои веќе заминаа за Тетово.Кога му се јавил,овој како изгубен му рекол пошто го заборавил да се снајде за превоз со кола.Откако немало кола да го земе човекот се вратил дома и инсистирал веднаш на враќање парите да му ги врати за турата.Од срам изгубениов не излегол да му ги даде туку симнал друг човек од автобусот.А што е најинтересно претседателот во кола бил со уште две познати негови помошнички и замисли сите тројца заборавиле дека во Ѓорче треба да земат човек кој уредно си платил претходниот ден.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.