Almeida
поет, мрачна сила, гад
- Член од
- 15 февруари 2015
- Мислења
- 7.563
- Поени од реакции
- 19.993
Имаше хајкинг поголеми бисери. Ги имаме коментирано наназад. Типчето што заглави на Стефани и го вадеше цела бригада спасувачи од провалиите им е врвот...ама ај, не се они темата.А да знаеш каков ебиветер е првиот човек на Хајкинг?Бетер од хирургот.Дај му една овца 100 ќе изгуби.2017 година планинар уредно му плати за тура на Кораб и требаше да го земе во Ѓорче.Човекот си остана да чека еден од двата автобуси кои веќе заминаа за Тетово.Кога му се јавил,овој како изгубен му рекол пошто го заборавил да се снајде за превоз со кола.Откако немало кола да го земе човекот се вратил дома и инсистирал веднаш на враќање парите да му ги врати за турата.Од срам изгубениов не излегол да му ги даде туку симнал друг човек од автобусот.А што е најинтересно претседателот во кола бил со уште две познати негови помошнички и замисли сите тројца заборавиле дека во Ѓорче треба да земат човек кој уредно си платил претходниот ден.
Ова што кажува @Menethil е некаде на пола на вистината - некаде, некому, во караниците на фејсбук (кои се уште од летоска) му се испушти и спомна дека угостител стои позади целава прича, што има луѓе што ќе го протолкуваат како "еве тренд ќе стане, цвикери, шема, кафе", а не како "човеков барем со џогер ќе го помине подот да не дишеме ѓубре горе"....тоа е нашиов менталитет.
Домот ниту Бистра го има изградено, ниту е нивни. Имаат на своја страна ликови за кои "нема тема од која немаат познавање и нема тема за која немаат став", имаат по 100.000 фолоуери и ги потепаа луѓево со антикампања.
Водно има многу проблеми, ама многу, многу. Водно има ѓубре, ја има онаа кулана баталена, баталосана, шумата е нападната од гасеници, патеките се тотално небезбедни, летаат точаци меѓу пешаци, со гасоводот што никогаш не проработе ја испоуништија шумата, нови куќи и згради само се качуваат повисоко и повисоко...искрено, мене домот ми се одмили после изградбата на жичарата и сега таков хајп, трескање од земја. Порано одеа 100, 200 луѓе на врв за викенд. Домот имаше и смисла. Сега кога ќе ги видам во кожњаци, фармерки, штикли со нескафињата у рака....врска нема.