Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Стар филм Злате, во денешно време само заради тематиката ќе лапнеше 5-6 оскари.Еден од предизвиците што си ги имам зацртано е да ги изгледам сите филмови кои некогаш биле номинирани за Оскар за најдобар филм. Периодов гледав доста такви, се наоѓаат некои скриени дијаманти меѓу нив (иако има и такви кои се навистина лоши). Денес на репертоар - „The Color Purple“ на Стивен Спилберг, номиниран за најдобар филм за 1985. Се што до сега знаев за филмов е дека Миланка го вика „Бојата на пурпурот“, као да пурпурот е предмет што има некаква боја.Е па сега дознав многу: црнечка епска сага за 40 години од животот на една несреќна девојка од југот, Сили, одглумена извонредно од Вупи Голдберг за која ова било деби на филмското платно. А растури! После, во филмов глуми и Опра Виндфри, за која исто така ова било филмско деби. Стивен Спилберг не ни сакал да го режира, зашто тврдел дека не знае многу за животот на црнците на југот, и дека филмот требало да го режира црнец, но прифатил откако музичарот Квинси Џонс, кој заработил 2 номинации за Оскар за филмов за најдобра музика и најдобра песна, му рекол: „ти не си ни вонземјанин, па сепак го режираше „E.T. The Extra-Terrestrial“. На моменти беше бавен, на моменти пребрзо делуваа скоковите, еднаш емотивен, друг пат некако како да му фалеа емоции... Ама сепак, одлична филмска сага, ќе го памтам како еден од најдобрите такви. Се мислев за оценка измеѓу 8 и 9, ама дефинитивно ќе одам со 9, зашто прочитав дека иако заработил дури 11 номинации за Оскар, и да се прашувам јас, без размислување би му ги дал повеќе од пола од Оскарите, сепак заминал дома со дури 0 Оскари, со што го има израмнето неславниот рекорд со The Turning Point од 1977. Препорака за сите што го немаат гледано. Ова е Gone With the Wind на осумдесетите!
+1Од гледање 5 филмови дневно, стигнав до гледање 5 филмови годишно. Не дека немам време, секоја вечер легнувам саат два порано за да гледам нешто, имам време за еден филм дневно, ама ајде... Имам спуштено милиони, од 20ти, 30ти, 40ти, нови, комедии, трилери, хорори, анимирани, а продукции, ц продукции, само ќе ги пуштам и вртам следна сцена, па следна, па следна, не ваков не ми се гледа сега. Па ајде следниот исто. А да ме прашаш што ми се гледа не знам да кажам. А ми се гледа. И Саут Парк по 10294ти пат колку да ми шушка нешто дур не ме фати дремка. Жалосно во што се претворив.
Од гледање 5 филмови дневно, стигнав до гледање 5 филмови годишно. Не дека немам време, секоја вечер легнувам саат два порано за да гледам нешто, имам време за еден филм дневно, ама ајде... Имам спуштено милиони, од 20ти, 30ти, 40ти, нови, комедии, трилери, хорори, анимирани, а продукции, ц продукции, само ќе ги пуштам и вртам следна сцена, па следна, па следна, не ваков не ми се гледа сега. Па ајде следниот исто. А да ме прашаш што ми се гледа не знам да кажам. А ми се гледа. И Саут Парк по 10294ти пат колку да ми шушка нешто дур не ме фати дремка. Жалосно во што се претворив.
У СФРЈ у кино играше како Боја Пурпура, така и беше познат тој филм, па ваљда го превела некако од тоа.Денес на репертоар - „The Color Purple“ на Стивен Спилберг, номиниран за најдобар филм за 1985. Се што до сега знаев за филмов е дека Миланка го вика „Бојата на пурпурот“, као да пурпурот е предмет што има некаква боја.![]()
Од гледање 5 филмови дневно, стигнав до гледање 5 филмови годишно. Не дека немам време, секоја вечер легнувам саат два порано за да гледам нешто, имам време за еден филм дневно, ама ајде... Имам спуштено милиони, од 20ти, 30ти, 40ти, нови, комедии, трилери, хорори, анимирани, а продукции, ц продукции, само ќе ги пуштам и вртам следна сцена, па следна, па следна, не ваков не ми се гледа сега. Па ајде следниот исто. А да ме прашаш што ми се гледа не знам да кажам. А ми се гледа. И Саут Парк по 10294ти пат колку да ми шушка нешто дур не ме фати дремка. Жалосно во што се претворив.
+1
Репризирање Friends, по некој филм на нетфликс од време на време и тоа е.