За ова се сложувам, ова е работа чисто од институционален карактер и може да биде спроведена на ден еден без никакво дополнителни планирање. Справување со урбаната градежна мафија е 100% во ингеренции и одговорност на градоначалникот, ниту бара средства ниту бара планирање. Се што бара е да се работи.
Кажи ми како би можел да кажеш каков било детал за план околу Дрисла ако ги немаш следниве податоци:
- Број на домаќинства кои се опслужуваат со комунални услуги во Скопје?
- Број на претпријатија кои се опслужуваат со комунални услуги во Скопје?
- Број на институции кои се опслужуваат со комунални услуги во Скопје?
- Статистика на собран отпад на дневно ниво преку целата година ( со поделба на потекло домаќинство/претпријатие/институција )?
- Карактеристики на отпадот кој се собира?
- Број на возила и вработени?
- Финансии, колку пари се собираат, колку се трошат и статистика по која основа се прави истото?
- Популацијата која се опслужува и проекции за нејзиниот пораст/намалување за во иднината?
- Проценка на отпад кој не го собира комуналната служба туку се фрла на диво?
Без овие ама апсолутно најосновни информации, да кажеш дека имаш каков било план е смешно. А еве ти викам иди да провериш дали ќе можеш да најдеш една од овие работи, една нема да најдеш. Нема ни да ти кажат колку возила и вработени има комуналија не па нешто повеќе. И се што можеш да направиш е план на база на како ти изгледа ситуацијата и ништо повеќе. План во кој што повеќе детали ставаш ќе изгледа се посмешен и посмешен.
И на крајот се враќаме на истото, опциите се:
- Да кажеш "Ќе ја средам Дрисла" и да те фатат на финтата "дајте детали" по што си заглавен зошто е невозможно.
- Да имаш некој детален план направен на база на "Мислам дека ова е добра идеја" кој што секако ќе биде многу брзо разбиен на милион делови зошто е правен на база на "Мислам дека ова е добра идеја"
- Да фрлаш глупи крпи/лепи ветувања од типот, "Ќе го решиме проблемот со ѓубрето во Скопје со тоа што ќе купиме 20 нови камиони за ѓубре и ќе ставиме канти за рециклирање во Чаир и Сарај"
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
- Или да кажеш не можам да зборам околу планови кога немам податоци, по што ти викаат "Еј немаш решение за ништо".
Еве јас имам размислувано на темата за отпад и мислам дека најдоброто решение е изградба на централен државен отпад во некој регион како Криволак и носење на отпадот таму од сите најголеми популациски центри Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Прилеп, Битола со железница и на самата локација негово селектирање и понатаму рециклажа, согорување или закопување зависно од неговиот тип. Ама тука има стотици варијабли кои може сето тоа да го направат невозможно, а не е возможно да ги видиш на прв поглед ако немаш статистика. Идејата може и да комплетно идиотска, али како да увидам кога нема податоци.
Гарант има огромен број на луѓе кои имаат многу добри идеи на истата тема али нема никаков начин ниту да бидат слушнати ниту да бидат проверени дали би функционирале зошто едноставно немаме податоци за ништо.
Како што кажав , ќе речеш "Ѓубре, патишта, паркинзи" , ќе те прашаат "Како?". Нема начин како да одговориш и после ќе биде "Нема детални планови кажува само флоскули и празни ветувања".
Не разбирам зошто ми го пишуваш ова на одговор на мене. И самиот реков не гледам зошто би го гласал и нема.