Ама ги знаеме сите проблемите, не се тие нови или непознати. Урбанизам, инфраструктура, отпад и екологија. Суштинско навистина суштинско решавање на проблемите значи долгорочно планирање. Кажи ми како да ги направиш тие планови без институции. Што треба партија или група на граѓани да земат и да нацртаат детален урбанистички план на Скопје и неговиот развој во следните 10-20 години?
И да има таква група на будали што ќе го земат тој товар на своите плеќи ( тоа е неверојатно голема работа) ај кажи ми на која основа ќе го прават кога државата ги крие сите статистички податоци? На крај ќе треба и сами да си направите статистика/попис.
Секој чесен кадидат за градоначалник единствено ветување би му било дека постоечите институции ќе ги разработи и дека ќе се ОБИДЕ за својот мандат да создаде план за развој.
Се друго е како овие линковите од Шилегов, ЛАГИ. Еве нека го праша некој пијаницата да ги достави проектните плановите и за трамвајот од 2018 и од 2020 за да можеме да се изнасмееме. Ако воопшто и постојат. Гарант нема да има детал во нив освен исцртана рута. Ниту број на постоечки патници и најфрекфетни рути на движење, ниту статистика за дневни шпицови на движење. Ниту статистика колку популација би требало да опслужи. Ниту комплетна реорганиација на урбанистичкиот план и останати јавни превози околу тој нов трамвај. Проекција на патници, приходи и трошоци. Ставам кладба дека нема да има ништо.
Еве, во меѓувреме организирале прес во парк, во кој ги објави мега-проектите за трим-патека на кеј (која веќе постои) и Универзална сала (која за да продолжи да егзистира треба у нејзе милиони да се фрлат, а да и се намали број на гледачи за 2 третини).
Скопје не е град, па финеси да се дотеруваат. Скопје е растртено од кој стигне.
Денеска сите колеги што имаат деца на претшколска возраст или висеа ко мајмуни пред градинка или бараа врски за да им ги запишат децата. Јавна тајна дека е само со врски и мито можеш дете да запишеш во градинка. Во турско не било така. А така е, затоа што е преизградено и кај не можат цевките за вода и говна да додржат, кај струјата нема капацитет, кај се улиците тесни и полни со коли, туку и фалат и градинки и вработени во нив. Тоа се сериозни теми.
Универзална сала и оние купови говна што шилегов пијандурата ги вергла последниве месеци се работи за кои 0,00001% од скопјани се засегнати. Па барем сега кога е време кога не се одржуваат настани во затворен простор, да не го продаваат ова како кузнае каков проект.
Перо исто сака наопачки да ја фати. Трим патека покрај Вардар, во кој Скопје ги пушта гомната. Градов нема колекторски систем со пречистителна станица. Канализацијата ни тече низ сред град. У Африка веќе нема такви работи. Он би да трча поред говна...у реду е.
Со отпадот? Набавка на нови контејнери, као пијандурата? Треба да се почне да се селектира отпад и тоа сериозно. Да се разработи концепт некој, со поврат на пари, намалување на данок или некој друг метод што не е подложен на корупција, а ќе даде резултат.
Прогласување на денови без возила на фосилни горива, стимулирање на алтернативни начини на превоз, точаци...има многу што може да се направи, ама покрај его и самодоверба, треба малце и да се проанализира зошто Скопје не е град и што ги тера луѓето да го мразат и да живеат во него.
На крај краева, работи во Скопје, не мора да живееш тука. Треба сериозно да се отвори тоа прашање до кога овој град ќе расте? Дур не испорикаат азманов и чифлиганец?