Тактики за заведување

  • Креатор на темата Креатор на темата Хоуп
  • Време на започнување Време на започнување
Некои паѓаат и на вакви. Пробајте си.
Во клуб/кафич идеш до тој што ти се свиѓа, земаш мраз акаш од земја и велиш:
- маче јас го скршив мразот, сега е ред на тебе.

Легендарните
- маче татко ти да не е терорист?
-нееее зошто?
-зошто направил бомба како тебе.


-дали те болеше?
-што, кога?
-кога падна од рајот.


-извини колку е часот?
-21:25
-е па време е да се запознаеме


И едно со колку е стара белата мечка знаев ама не ми текнува.

и она,

Да не работиш на кардиологија?
Зошто?
Зошто само ти можеш да го излечиш моето скршено срце.
 
и она,

Да не работиш на кардиологија?
Зошто?
Зошто само ти можеш да го излечиш моето скршено срце.
Не не моите пофраерски се, ова ептен е погрешно, никоја не сака да лечи скршено срце. Никако оваа тактика.
 
Некои паѓаат и на вакви. Пробајте си.

Во клуб/кафич идеш до тој што ти се свиѓа, земаш мраз акаш од земја и велиш:
- маче јас го скршив мразот, сега е ред на тебе.

Легендарните
- маче татко ти да не е терорист?
-нееее зошто?
-зошто направил бомба како тебе.


-дали те болеше?
-што, кога?
-кога падна од рајот.


-извини колку е часот?
-21:25
-е па време е да се запознаеме


И едно со нешто колку е стара белата мечка знаев ама не ми текнува.

Може грешам ама мислам дека 9 од 10 женски само ќе се изнасмеат во фаца на овие фори и ништо друго. За оваа со терористот и бомбата плус ќе се изнасмее и цел кафич.
 
Може грешам ама мислам дека 9 од 10 женски само ќе се изнасмеат во фаца на овие фори и ништо друго. За оваа со терористот и бомбата плус ќе се изнасмее и цел кафич.
10 од 10 :LOL:
За смеење се ставени.
А замисли гарант има и некој што ги применува озбилно.
А таа со мразот јака е, да не ја знаев и некој да ми направеше така, можеби ќе се изнасмеев, ама не ко на тоа со терористот, него слатко онака леле откачен си хихихих.
 
пак ќе напишам нешто, иако нели сум стар и не ги знам работите сега кај младите...

Насловопт на темата не е ОК, заведување е стар , да не кажам средновековен поим... патем, во ехЈу имаше кривично дело, заведување малолетник/чка, а во пракса немаше закон за педофилија, во мој клас ( во Центар, не во Шутка) затрудне девојче од 13години, ниту некој е осуден ниту бутур...
Можеби треба да се подели темата, на тактики за запознавање и тактики за наговарање на партнерот на сексуални односи...
 
Во ред господине, ќе го смениме името.
Тактики за заведување и запознавање на полнолетна личност и наговарање на сексуални односи, педофили стоп!
 
Па овие тактиките само до петто оделение може да ти упалат а прашање е дали и таму.
 
Абе од одамна до сега долго време е, сме пораснале, се сменивме, технологија иде напред, корона има, едноставно како приоѓаш на некој/а сега со овој памет, одамна далеку е...
 
Ептен често се поставува прашање како сте се запознале со партнерот.
И дали на фб, дали во клуб, преку пријатели не е битно, не е темата како се запознавте, темата е како уствари сте дошле до тој партнер уште од почеток, кои ви се успешните тактики за да го заинтересирате. Не мора за сегашниот, се знаете од деца и се засакавте. Искуства од порано или што би било ако би било...

Има и многу муабети тука за момци што пишале на фб па биле блокирани, не им враќале, ги откачувале. Како сте стигнале до тоа? Здр како си, маче јака си, ау каква цицка, многу си слатка, ме палиш, ај на кафе, што пишувате.
Или во клуб, некоја ви фаќа очи и? Го праќате келнерот да и носи пијачка, самоуверено одите кај неа?

Ептен ме интересираат тие приказни, како стигнало за некои да бидат заедно, како започнало.
Па ме интересираат и оние што неславно завршиле.

Башка и ќе помогнете на некои што погрешно се пуштаат или воопшто не ни знаат како да почнат муабет со женска, така да и помош има, две во едно. Некој и ќе си увиди која му е грешката, некој ќе позајми искуство или мислење, па може ќе фати нешто.

Немој да ми наоѓате маани на темава, озбилно прашувам.

Јас, една моја случка од порано, видов на плажа еден ептен згоден дечко. Ни знаев од кај е ни кој е, ништо. Мене ми е срам да пријдам, без осет да одам да му се тупнам, па го барав на фб. Како форензичар, копав, барав, му најдов фб. И сега?
Гледам за Интер навивал, цел ѕид со тоа, а јас за Милан. По една недела беше дерби и за моја среќа Милан победи и му пишав тогаш нешто во стил Интер ти изгубија хехехех, Милан најјаки хехехе и слика си ставив на кавер од Милан демек да знае, да не рече што и е на оваа. На фан страната на Интер скролав постови да најдам нешто да не постирал или коментирал па да почнам муабет. И пишав. Тоа глупостите со клубовите пишав и викам абе после утакмица си скролав на страната на Интер и ти заприметив коментар (од 2003та) и гледам ептен страствен навивач си, се надевам таков си и во кревет. До страствен навивач само реков, другото за во кревет не го пишав хехех. И почнаа муабети, до душа и не се заинтересира како сум го нашла, јас да бев ќе прашував а како ме најде, зошто, од каде...
И тоа беше тактиката моја шуплива кога јас сум го направила првиот чекор.

А ми се пуштале секакви, многу ќе ми зафати постов ако почнам да им ги редам тактиките.
А вие како? И како би? Во секакви ситуации....
1. Фала на комплиментот дека сум згоден, appreciate it:pipi:
2. Не коментирам на страната на Интер
3. Никад не си ми пишала
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom