Фан Клуб: Интер

Што ќе поврати, го видовме на европско, се изгуби ко чорап во центрифуга. Мислам дека Кореа им е таргет, повеќе преговараат со Белоти за Лотито да се уозбили и да им спушти цена. Кого и да земат лошо е, потребен ни е висок, корпулентен играч, што ќе ни се овие кога го имаме Лаутаро?
 
Јаката па минутажа што ја доби. Киеза со 2 гола на европското па бараа мвп да земе.
Топ е Белоти за 15 милиони.
А и зошто би ни требало висок и корпулентен напаѓач? Кој го рекол и побарал тоа уопште.

Боље 15 за Белоти него 40 за Кореа и слично.
 
@loophole беше во право кога пишуваше дека ние не бараме профил на играч, туку што год да може да се купи на пазарот. Се разбира дека ни е потребен профил различен од Лаутаро, Џеко на тие години не може да ја одигра цела сезона. Сети се Икарди и Лаутаро кога играа заедно, како со играч помалку бевме.

Инаку се согласувам, подобро Белоти за 15, зборот ми е дека Инзаги го сака Кореа и потребно им е да отворат преговори со некој поевтин за Лотито да им попушти, ако е можно.
 
Мислам дека Кореа/Белоти се планирани за ротација со Лаутаро додека за Џеко го пикираа Скамака. Е сеа, што од тоа ќе донесат со мизерниов буџет е прашање.

По мене кого и да донесат од овие сме у предност, пошо би го земале местото на Алексис, кој мака мачи со некоја комплицирана повреда и бог знае кога ќе припари назад на терен, што буквално не остава со 0 искусни напаѓачи на клупа.
 
200 милиона лапнаа,неможат 30 да дадат за напаѓач??
200 милиони мајки кинески да им изнаебам!

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Сети се Икарди и Лаутаро кога играа заедно
Затоа што играа кај тренер што игра формација со 1 напаѓач, поточно 4 2 3 1. И тоа играа пар утакмици заедно зашо пола сезона Лаутаро беше само измена а скоро цела останата полусезона Икарди не играше ради срањето што го направи у соблекувална. Тоа со висок и корпулентен шпиц е останато од Конте, он фураше таква игра, Инзаги не и нема потреба да стрепиме за таков профил на играч. Ако успеат случајно да ги земат и Белоти и Кореа тогаш топ работа ќе се заврши и нападот ќе е апла скоцкан. Нормално, Пинамонти позајмица, Сатриано исто, а ваљда и со Санчез ќе е крај.
 
--—---------Ханданович
Шкриниар-ДеФрај-Бастони

(Дамбросио-Ранокиа-Коларов)
Демфриз-Барела-Брозо-Перишич
Дармиан-Весино-Сенси-ДиМарко
----------Чалханоглу(Видал)
-----------Лаутаро-Џеко
-----------------Инсиње-Белоти

Ако го земат Белоти за 15, нека бараат уште едно засилување.
Како тоа не планираа да го продаваат Лукаку а од 115м ке потрошиме само 15? Барем пола да ги вложат повторно сме на високо ниво.
 
Што ќе поврати, го видовме на европско, се изгуби ко чорап во центрифуга. Мислам дека Кореа им е таргет, повеќе преговараат со Белоти за Лотито да се уозбили и да им спушти цена. Кого и да земат лошо е, потребен ни е висок, корпулентен играч, што ќе ни се овие кога го имаме Лаутаро?

Кореа е истотака висок (1.88)
Џеко/Кореа-Белоти/Лаутаро ќе биде супер напад.
 
Штета што не најдоа некое добро засилување надвор од Италија. Сега дај шта даш. Само нека не се расфрлаат со пари зошто овие што сакаат да ги земат ќе се пензионираат кај нас.
 
@loophole беше во право кога пишуваше дека ние не бараме профил на играч, туку што год да може да се купи на пазарот. Се разбира дека ни е потребен профил различен од Лаутаро, Џеко на тие години не може да ја одигра цела сезона. Сети се Икарди и Лаутаро кога играа заедно, како со играч помалку бевме.

Инаку се согласувам, подобро Белоти за 15, зборот ми е дека Инзаги го сака Кореа и потребно им е да отворат преговори со некој поевтин за Лотито да им попушти, ако е можно.
Не се согласувам со тој муабет, бараме тоа што може да се купи, ова дефакто е точно, ама бараат специфичен профил на играч што може да се купи за мала пара, или со некој Марота дил, на рати и слично.

Откако е Марота тука у глобала 90% од трансферите биле логични и во пакет со барањата на тренерот, нарочито со Конте тоа го видовме. За Џеко нема што да се дискутира, самиот Инзаги потврди дека го побарал дента кога дошол и кога Лукаку беше тука, всушност Џеко е цел на Интер од денот кога е Конте тука за да се има замена за Лукаку, истото беше и со Инзаги.

Со оглед дека Лукаку замина, а Џеко е стар, плус за Лаутаро колку толку имаме играч што може да покрива ко полушиц ( Санчез ), плус Сатријано ако остане, многу пологично би било да се донесе Белоти ако е тоа возможно. Турам умре од смрт, 2-3 месеци повреден, Запата исто месец дена ама него и Аталанта не го пушта ( големо фала до нив ), така да од Кореа и Белоти мене поише логика ми има вториов, не зашто е поефтин, него сметам дека е профил на играч од кого имаме поголема потреба во моментов.
 
Ако се земе Кореа, Мартинез иде на шпиц, а овој ќе игра полушпиц. Како ќе се снајде Мартинез таму, господ знае :)
 
@loophole беше во право кога пишуваше дека ние не бараме профил на играч, туку што год да може да се купи на пазарот. Се разбира дека ни е потребен профил различен од Лаутаро, Џеко на тие години не може да ја одигра цела сезона. Сети се Икарди и Лаутаро кога играа заедно, како со играч помалку бевме.

Инаку се согласувам, подобро Белоти за 15, зборот ми е дека Инзаги го сака Кореа и потребно им е да отворат преговори со некој поевтин за Лотито да им попушти, ако е можно.
Па не баш, повеќе мислам дека се бара да се купи нешто и да не се преплати со оглед на (не)квалитетот достапен на маркетот. У многу погрешна формација играа Лаутаро и Икарди, ете спомна Стекот, Лаутаро играше повлечен у 4231 на место каде Спалети често го играше Весино.
Не знаеме дали Инзаги не го сака Белоти. Истото беше со Џеко, мислевме дека е трансфер чисто на Марота на крај испадна дека Инзаги прв го побарал Џеко откако Лукаку му кажал дека ќе си иде.
А да, и мене ова ми личи повеќе на блеф од Марота за да го добие Кореа по поволни услови и да не се курчи Лотито.
Кореа е истотака висок (1.88)
Џеко/Кореа-Белоти/Лаутаро ќе биде супер напад.
Нема врска ако е висок, не е таков профил. Белоти иако е 8цм понизок од Кореа пак е поголем сидраш од него. Кореа никад нема да се гради и да ја чека да ја прими на груди или да спушти со глава. Играч за полуконтри ти е Кореа.
Ако успеат и двајцата да ги земат ондак ќе биде топ, Санчез ако прифати раскин или да остане тука ко 5та опција што не ми е верно. Еден од Кореа или Белоти ќе биде сигурно, па зимоска пак ќе се врателе по Турам.

-----
Не знам што толку потценување за Белоти. Секоја сезона има двоцифрен број на дадени голови у тим како Торино, јес да една сезона експлодира стварно, и ради тоа се добива впечаток дека у продолжение ништо не игра. Нека дојде, ќе изврие една сезона после шитни го у Фиорентина ти е гајле. Ќе рине со тоа грпката како плуг што му е.
 
Не се согласувам со тој муабет, бараме тоа што може да се купи, ова дефакто е точно, ама бараат специфичен профил на играч што може да се купи за мала пара, или со некој Марота дил, на рати и слично.

Откако е Марота тука у глобала 90% од трансферите биле логични и во пакет со барањата на тренерот, нарочито со Конте тоа го видовме. За Џеко нема што да се дискутира, самиот Инзаги потврди дека го побарал дента кога дошол и кога Лукаку беше тука, всушност Џеко е цел на Интер од денот кога е Конте тука за да се има замена за Лукаку, истото беше и со Инзаги.

Со оглед дека Лукаку замина, а Џеко е стар, плус за Лаутаро колку толку имаме играч што може да покрива ко полушиц ( Санчез ), плус Сатријано ако остане, многу пологично би било да се донесе Белоти ако е тоа возможно. Турам умре од смрт, 2-3 месеци повреден, Запата исто месец дена ама него и Аталанта не го пушта ( големо фала до нив ), така да од Кореа и Белоти мене поише логика ми има вториов, не зашто е поефтин, него сметам дека е профил на играч од кого имаме поголема потреба во моментов.
Не реков ништо ни за Марота ни за Џеко, зборуваме за моменталната ситуација. Не му е лесно ни на Марота сега затоа што едно е засилување што си го планирал долго време, како Џеко, а друго е изнудено засилување. Нема ни буџет ни време, а нема ни некаков избор.

Види, едно е Џеко кој треба да биде замена. Овој што ќе го купиме сега треба да игра прва постава и да се вклопи во тандем со Лаутаро. Сега не знам, не сум експерт, мене Кореа ми делува како подобра опција под услов да го дадат за некои 25 + бонуси. Ако не може, нека го земат Белоти за 15. Ни едниот ни другиот не се за Интер ама тоа е тоа...
 
Супер опција е Белоти за 15-20 мил евра. Има големо искуство во лигава и гарантира некој минимум од 12-13 гола по сезона. Дури сега треба да почне да влегува во прајмот, иако не се добива таков впечаток заради таа едната мегајака сезона пред неколку години. Којзнае со јака средина позади него можда и ќе успее да ја повтори таа сезона кога искина. Сосема доволен за да решета по лигава кога ќе треба да одмори џеко, особено во периодот кога ќе играме лш. Повеќе ми се свиѓа од кореа, кој повеќе би бил замена за лаутаро, него за џеко.
Автоматски споено мислење:

Види, едно е Џеко кој треба да биде замена. Овој што ќе го купиме сега треба да игра прва постава и да се вклопи во тандем со Лаутаро.
Мислам дека на џеко рачунаат како стартен шпиц.
 
Што ќе поврати, го видовме на европско, се изгуби ко чорап во центрифуга. Мислам дека Кореа им е таргет, повеќе преговараат со Белоти за Лотито да се уозбили и да им спушти цена. Кого и да земат лошо е, потребен ни е висок, корпулентен играч, што ќе ни се овие кога го имаме Лаутаро?
Не го чепкај мојот човек Белоти иако е точно дека беше нула од играч :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom