Знам на што целиш де, јас ти кажувам кој професионалец ќе му помогне повеќе и од психијатар додека не си го смени размислувањето.
Дечкото прашуваше пред некое време во други теми, од тогаш ете го влегол уште толку во минус.
И тогаш и сега
@Dejmac решението ти е да фатиш џаде надвор и да заработиш за да го вратиш долгот, а во меѓувреме да си ја чукнеш главата и да разбереш дека НЕ ТРЕБА ДА ВЛЕЗЕШ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ВО КАЗИНО/КЛАДИЛНИЦА.
Оди и казни се со хардкор рмбање се додека не заработиш доволно за да ги вратиш, тоа ќе ти биде лекција да внимаваш што правиш и како правиш. 30 000 евра се ништо сума за надвор, ќе си се запнеш да работиш смена и пол, ќе седиш во побатал стан со цимери за да не ти одат пари за кирија и во година и пол до две овој долг ќе ти биде покриен.
Познавам луѓе кои биле во далеку полоша состојба од твојата, па испливаа на добар пат, ако имаш волја да го решиш проблемот ова се решава лесно.