Сакам да извршам самоубиство

  • Креатор на темата Креатор на темата Dejmac
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Со самото тоа што посегнуваш по помош на форум, длабоко во себе, не сакаш да посегнеш по својот живот. Размисли добро за консеквенците, личностите на кои им значиш, а чијшто живот негативно ќе биде одбележан од овој твој чин. Би ти посочила СОС-линија за превенција на самоубиства, бидејќи е најдобро да му се исповедаш на туѓинец и професионалец, но, за жал, таа не е функционална. Отспиј ја добро оваа вечер и со потрезвена глава размисли за напишаново и поддршката од членовиве на форумов, бидејќи нам неколкутемина тука присутни ќе ни значи да ги пренебрегнеш овие чувства и да успееш.

Тоа што се обратил на форумот, претпоставувам дека е поради тоа што е анонимно. Инаку не секој кој бара помош и кажува дека има намера да се самоубие по автоматизам не значи дека не сака да посегне по животот. Има луѓе кои побарале помош и на крајот се самоубиле. Таков случај имаше во Хрватска. Девојка објавила дека сака да се самоуби и побарала помош на една од социјалните мрежи, добила илјадници коментари на луѓе кои се обиделе да ја разубедат. После неколку часа се фрлила под воз.
 
Имаше порано напишано и во темата за коцкање (пред некој месец) дека ти треба помош. Во меѓувреме очигледно само ги зголеми долговите и не се откажа од коцкањето.
Дали сепак побара професионална и било каква друга помош?

Убаво ти кажаа погоре неколку членови, додека си жив се' има решение, кога ќе одиш 2 метра под земја ништо не можеш да решиш.

Позајми пари и наместо во казино оди во странство, работи и почни да ги враќаш долговите. Бара цврста воља, карактер и премногу одрекувања од твоите сегашни навики но имаш решение. Секогаш има решение.

Во меѓувреме или пишувај тука на форум (под јузер си никој не те знае) или најди професионална помош бидејќи состојбата очигледно ти се влоши од пред некој месец.
 
Бегај надвор. За година две не само што ќе ги вратиш парите туку и ќе се чудиш самиот на себе што си помислувал на ова. За десетина години ќе живееш комплетно поинаков живот. Од ова што го прочитав си се донесол во многу лоша ситуација, но секогаш има излез.
 
Незнам дали има притисокот неможам да го издржам со коцкањето застанав веке 2-3 месеци имаже надеж за помош нешто од блиски се пропадна во вода отидов и шведска работев скоро 2 месеци на црно ми платија само 700 евра едни преваранти од хрватска и тука у зијан отидов се вратив
Хаос другари голем хаос
 
Убаво кажаа, со тоа што пишуваш тука длабоко во себе не сакаш да извршиш самоубиство. И не треба затоа што од твоите проблеми има излез, a самоубиството е трајно решение за привремени проблеми.
Уште една работа убаво ти кажаа, отиди на онкологија или до ковид центрите каде што се најтешките случаи или општо тие на интензивна нега. Секој од нив да има сила ќе ти врзе 2 шамара и одма се што има ќе даде да се смени со тебе.

Како ќе се извлечеш навистина не знам и не би сакал да ти солам памет со совети, но дека ќе се извлечеш некако знам. Имав во Америка еден колега Романец беше во ситуација како твојата и мораше за романски стандарди респектабилна и солидно платена работа да остави за да оди во Америка да конобари неколку години по 2 работи секој ден за да врати коцкарски долгови. Во меѓувреме застана на нозе, отплати што имаше да отплати, најде девојка во Америка, се ожени со нејзе и сега е таму за стално.
 
Чим си бил снаодлив да се зајмиш толку пари, си снаодлив и да ги исплатиш. Парите се фикција, нит си должен ни ништо. Проблемот кај тебе е што сакаш инстантно да ги вратиш парите и те копка то и заглавуваш постепено се повеќе. Застани, креирај план и почни да ги враќаш парите. На крај краева, ако должиш кај лихва ќе ти ги скратат тие маките, ако е на финансиски друштва чим немаш ништо на свое име не ти можат ништо чим договорот ќе го дат на агенција за наплата, значи на ФД веќе не им должиш. Ако е на банка, ќе си плаќа жирантот хаха. Не биди пичка, живеј!
 
Ве молам за помош нешто за работа во странство кај некој ваш познаник
Единствено ми остана тоа да се тргнам од тука на подолг период да започнам се од ново
 
Незнам дали има притисокот неможам да го издржам со коцкањето застанав веке 2-3 месеци имаже надеж за помош нешто од блиски се пропадна во вода отидов и шведска работев скоро 2 месеци на црно ми платија само 700 евра едни преваранти од хрватска и тука у зијан отидов се вратив
Хаос другари голем хаос
Нема предавање, ќе пробаш пак, ќе најдеш легална работа порано или подоцна, ќе се бориш. Животот е борба, нема застанување, ќе се најдеш и на дното и на врвот. Пробај да разбереш дека проблемот што го имаш, колку и да ти се чини дека е преголем, е само моментален проблем. 10 години подоцна ќе биде само еден лош период во твојот живот.
 
Ве молам за помош нешто за работа во странство кај некој ваш познаник
Единствено ми остана тоа да се тргнам од тука на подолг период да започнам се од ново
За жал, не би можела да ти помогнам околу конкретново барање, апел до другиве форумџии? Во меѓувреме, известувај нè како ти прогресира или регресира расположението, ништо не те чини, ионака си тука под велот на анонимноста. А, ако навистина сакаш да си дадеш шанса, ќе најдеме и некој контакт од професионалец, кој ќе ти помогне да го излекуваш коренот на проблемот, а не симптомите. Држиме палци.
 
Газда на казино/кладилница?
 
Moze i vo policija da odi, ke mu pomognat...zakonski ne moze da vleze vo kockarski dolgovi, samo na kartica vo minus... ova e nezakonsko, isto kako lihvarstvoyo i se goni od mvr
 
За жал, не би можела да ти помогнам околу конкретново барање, апел до другиве форумџии? Во меѓувреме, известувај нè како ти прогресира или регресира расположението, ништо не те чини, ионака си тука под велот на анонимноста. А, ако навистина сакаш да си дадеш шанса, ќе најдеме и некој контакт од професионалец, кој ќе ти помогне да го излекуваш коренот на проблемот, а не симптомите. Држиме палци.
Дефинитивно ми треба помош од професионалец секаква помош во моментов ми е добредојдена
 
Газда на казино/кладилница?
Целев на психијатар/психотерапевт, ама темава не е за мене, туку за основна човечка емпатија, и нема потреба од сарказам и вадење на нештата вон нивниот контекст. Суицидалните идеации не треба да бидат предмет на потсмев.
Дефинитивно ми треба помош од професионалец секаква помош во моментов ми е добредојдена
Пиши ми пп, можеби ќе можам да ти помогнам.
 
Целев на психијатар/психотерапевт, ама темава не е за мене, туку за основна човечка емпатија, и нема потреба од сарказам и вадење на нештата вон нивниот контекст. Суицидалните идеации не треба да бидат предмет на потсмев.

Пиши ми пп, можеби ќе можам да ти помогнам.
Знам на што целиш де, јас ти кажувам кој професионалец ќе му помогне повеќе и од психијатар додека не си го смени размислувањето.

Дечкото прашуваше пред некое време во други теми, од тогаш ете го влегол уште толку во минус.

И тогаш и сега @Dejmac решението ти е да фатиш џаде надвор и да заработиш за да го вратиш долгот, а во меѓувреме да си ја чукнеш главата и да разбереш дека НЕ ТРЕБА ДА ВЛЕЗЕШ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ВО КАЗИНО/КЛАДИЛНИЦА.

Оди и казни се со хардкор рмбање се додека не заработиш доволно за да ги вратиш, тоа ќе ти биде лекција да внимаваш што правиш и како правиш. 30 000 евра се ништо сума за надвор, ќе си се запнеш да работиш смена и пол, ќе седиш во побатал стан со цимери за да не ти одат пари за кирија и во година и пол до две овој долг ќе ти биде покриен.

Познавам луѓе кои биле во далеку полоша состојба од твојата, па испливаа на добар пат, ако имаш волја да го решиш проблемот ова се решава лесно.
 
Patronising на суицидално склони личности е секогаш a no-no, треба да имаш предвид дека топикстартеров е во т.н. "tunnel vision", во кој не гледа друго „разумно“ решение кое вие го имплицирате. Ако сакаш да помогнеш, бујрум, ако не сакаш и понатаму „мудрувај“. Само имај предвид дека темава не е за личен скор за тебе и твоите „луцидни“ забелешки, туку за потенцијален спас на еден човечки живот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom