@Fluffy_bunny
Зајко кокорајко
- Член од
- 24 декември 2020
- Мислења
- 1.848
- Поени од реакции
- 2.392
Со самото тоа што посегнуваш по помош на форум, длабоко во себе, не сакаш да посегнеш по својот живот. Размисли добро за консеквенците, личностите на кои им значиш, а чијшто живот негативно ќе биде одбележан од овој твој чин. Би ти посочила СОС-линија за превенција на самоубиства, бидејќи е најдобро да му се исповедаш на туѓинец и професионалец, но, за жал, таа не е функционална. Отспиј ја добро оваа вечер и со потрезвена глава размисли за напишаново и поддршката од членовиве на форумов, бидејќи нам неколкутемина тука присутни ќе ни значи да ги пренебрегнеш овие чувства и да успееш.
Тоа што се обратил на форумот, претпоставувам дека е поради тоа што е анонимно. Инаку не секој кој бара помош и кажува дека има намера да се самоубие по автоматизам не значи дека не сака да посегне по животот. Има луѓе кои побарале помош и на крајот се самоубиле. Таков случај имаше во Хрватска. Девојка објавила дека сака да се самоуби и побарала помош на една од социјалните мрежи, добила илјадници коментари на луѓе кои се обиделе да ја разубедат. После неколку часа се фрлила под воз.