Киеза премногу пати, и во Јуве и во репрезентација, знаел да повлечи кога тимот е заглавен (а богами Јувентус доста пати беше заглавен
) и дефинитивно покрај то шо е одличен играч го има то дрското лидерско кај шо презема одговорност кога на тимот не му оди, шо не е најчесто кај играчи од 22-3 години.
Не гледам потреба за споредба со Барела, двајцата се класа и имат пресветла иднина пред себе, се надевам ќе останат во Серија А.
Шо се однесува до сезонава шо треба да почни за некоја минута, пишав и во фан клуб интер, очекувам да биди решена од то кој ќе ја истера сезоната со помалку повреди и од то како ќе се покажи Инзаги во Интер. Не мислам дека Јувентус по ростер е нешто подобар од осакатениов Интер и (нормално, ко секој фан) очекувам борба за титула, со надеж дека нема реалноста да ме спушти на земја.
Шо се однесува до мини-револуцијава шо се деси со тренериве, Сари, Мурињо, не мислам дека ќе се осети толку во распоредот на топ 4 екипите, ама дефинитивно мислам дека ќе се одрази на губење поени на поголемиве екипи во дерби натпревари. Искрено лани бев посигурен дека Интер ќе ја тепа Рома на Фонсека, отколку Удинезе шо се бранеше со сите играчи.
Моја прогноза за топ 4 е Интер, Јуве, Аталанта, Наполи. Мислам дека Рома нема ростер, Милан и лани беа overachieverи, a на тимојте на Сари му треба време за адаптација. Од друга страна Наполи се плус-минус недопрени, со класика топ4 тренер и мислам дека конечно ќе се вратат во ЛШ.
Нека е со среќа сезоната.