Тактики за заведување

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.859
На кратко совет за младите момци а може и девојки.
Секогаш бидете ведри, насмеани/добро расположени, не излегувајте намрштени, исфрустрирани како животот да не си го сакате.
Секој е индивидуален случај, некој поопуштен, некој посрамежлив, ако си во втората категорија дрмни некоја чашка алкохол ама не да се ошлакаш ко стока туку да се опуштиш.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.627
Поени од реакции
8.497
Ептен често се поставува прашање како сте се запознале со партнерот.
И дали на фб, дали во клуб, преку пријатели не е битно, не е темата како се запознавте, темата е како уствари сте дошле до тој партнер уште од почеток, кои ви се успешните тактики за да го заинтересирате. Не мора за сегашниот, се знаете од деца и се засакавте. Искуства од порано или што би било ако би било...

Има и многу муабети тука за момци што пишале на фб па биле блокирани, не им враќале, ги откачувале. Како сте стигнале до тоа? Здр како си, маче јака си, ау каква цицка, многу си слатка, ме палиш, ај на кафе, што пишувате.
Или во клуб, некоја ви фаќа очи и? Го праќате келнерот да и носи пијачка, самоуверено одите кај неа?

Ептен ме интересираат тие приказни, како стигнало за некои да бидат заедно, како започнало.
Па ме интересираат и оние што неславно завршиле.

Башка и ќе помогнете на некои што погрешно се пуштаат или воопшто не ни знаат како да почнат муабет со женска, така да и помош има, две во едно. Некој и ќе си увиди која му е грешката, некој ќе позајми искуство или мислење, па може ќе фати нешто.

Немој да ми наоѓате маани на темава, озбилно прашувам.

Јас, една моја случка од порано, видов на плажа еден ептен згоден дечко. Ни знаев од кај е ни кој е, ништо. Мене ми е срам да пријдам, без осет да одам да му се тупнам, па го барав на фб. Како форензичар, копав, барав, му најдов фб. И сега?
Гледам за Интер навивал, цел ѕид со тоа, а јас за Милан. По една недела беше дерби и за моја среќа Милан победи и му пишав тогаш нешто во стил Интер ти изгубија хехехех, Милан најјаки хехехе и слика си ставив на кавер од Милан демек да знае, да не рече што и е на оваа. На фан страната на Интер скролав постови да најдам нешто да не постирал или коментирал па да почнам муабет. И пишав. Тоа глупостите со клубовите пишав и викам абе после утакмица си скролав на страната на Интер и ти заприметив коментар (од 2003та) и гледам ептен страствен навивач си, се надевам таков си и во кревет. До страствен навивач само реков, другото за во кревет не го пишав хехех. И почнаа муабети, до душа и не се заинтересира како сум го нашла, јас да бев ќе прашував а како ме најде, зошто, од каде...
И тоа беше тактиката моја шуплива кога јас сум го направила првиот чекор.

А ми се пуштале секакви, многу ќе ми зафати постов ако почнам да им ги редам тактиките.
А вие како? И како би? Во секакви ситуации....
Мањак!
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.285
Поени од реакции
22.565
„Гледам за Интер навивал, цел ѕид со тоа, а јас за Милан.“

Типкава мисли ние интерашите со женски се расправаме, да ни носат депресија у животот. Малце ни е што Диего Милито ни го сменија со Томазо Роки, Маикон со Џонатан, Камбиасо со Таидер и Станковиќ со Скелото.

Па и уште пишала, он не ми се пушташе, ја него.

Тоа е ваљда у периодот кога го продадоа Ковачиќ, од дома не ни се испаѓаше, сака интераш да и се пушта ....:icon_lol:
@Хоуп со интераши и сега не би ти препорачал бидејќи пак поминуваат низ сличен бурен период со емотивни испади на нагло плачење, нервирање, рамнодушност и агресија.
Почекај да пројде викендов прво коло во Серија А и да видиме што табела ќе ни постира @interlove .
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
281
Поени од реакции
442
Дур имаше диска, по неколку чаши станував весел и храбар, при што доколку некоја пуштеше поглед одма и се ставав и доста успешно беше.

Сеа на социјалниве мрежи пепел е. Неам ни време ни енергија со уште 50 други машки да се натпреварувам за нејзиното време
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Има само две правила:

1) Биди убав
2) Не биди грд

Тоа е древната тајна на заведувањето.
Шарм душо, тоа е најбитно, шарм и сексипил и сви си моји;)
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...никој не сака копија од Рембрант ?
...уникатни сме само кога сме она што сме :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Ко бев мал тактика ми беше, оп, туп, јас сум тој и тој.

Убо беше на море, решивме така да бркаме србинки, па и реков на една со мојот јак српски
Из дакле си ...

И ми одговори со уште подобар српски
Из Кавадараца

:pos:
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.340
Поени од реакции
6.271
@Хоуп со интераши и сега не би ти препорачал бидејќи пак поминуваат низ сличен бурен период со емотивни испади на нагло плачење, нервирање, рамнодушност и агресија.
Почекај да пројде викендов прво коло во Серија А и да видиме што табела ќе ни постира @interlove .
Ако тепа интер викендов ќе се опуштиме и сами ќе се пуштаме. Како одврзани кучиња ќе бидеме :D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Дечки, да ви кажам најдобра тактика, ама за на одмор, и се разбира во културна држава... Грчка, Хрватска...
пред 25години, одевме Вурвуру на одмор со жаната и децата, кој бил знае Кариди Бич... е сега има таму едно тумбе 15 - 20м може високо, ретко кој се качува горе... еден ден приметивме горе на тумбето, еден дечко сам се сунча и тоа гол, ама дискретно...Беше сам 2 дена, веќе третиот ден се искачи горе едма девојка и се спанџаа.... Е после не се сунчаа горе, туку си одеа некаде малку подалеку или со веслање на блиските островчиња, на 200-300м што се од Кариди Бич...
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600

What?

И шо правевте вие на одморот, одмаравте или воајерисувавте? Човек да неможе ни у грмушки да се издупи на раат.:(
 
Последно уредено:

Стари, тие тактики од пред 50 год не се ефикасни повеќе, денес голи момци и девојки имаш на секој чекор, нема потреба да се качуваш на некој тумбина за да видиш некој гол/а.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
What?

И шо правевте вие на одморот, одмаравте или воајерисувавте? Човек да неможе ни у грмушки да се издупи на раат.:(
не ти држи тропањето глупости ...Кариди Бич е јавна плажа, тогаш не беше ниту комерцијализирана ( лежалки и сонцобрани), а малото брденце е тука...
А и воопшто не разбирате ни што опишувам...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom