Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993

Не сум сигурен колку од овие „Зелен хуман град“ се разочарани или само глумат така за Сдс и коалиција во намера да ги собере гласовите од неутралните, видоа каков дебакл испаднаа нивните градоначалници во Скопје па им прават конкуренција на Левица за неутралните гласачи да ги приберат
Мој впечаток е дека е мешавина. Како и секогаш.
Баш сакав и во темава да најдам таков коментар, ама нема конкретно....освен поранешнава директорка, која јас лично немам впечаток дека многу била трн во око некому, да не речам и беше инспекторатот како институција мизерно пропустлива и блага кон прекршувачите на законот, со оние смешни казни по 3-5000 евра за правни субјекти од металургија.
Зборот ми е, има ли кадар од ДОМ на пример, по листите или како кандидати за градоначалници? Тоа се своевидни пацови кои без исклучок после коалицираат со победникот и носат клучни гласови при реализирање на сексот кон граѓаните. Мислам дека планот им е да го соберат делот од гласачи на кои им се сере од сдс после сите срања во последниве 3-4 години, ама па и такви што никогаш не би гласале за дпне. Дом како дом се усра и сигурен сум дека рејтингот им е во негатива, па многу симптоматично е ова „ребрендирање“, а и со самото тоа што повикаа обични граѓани да се кандидираат, јасно е дека се останати двајца без тројца во партија, а и тие што се останати се искомпромитирани до коска. Најсимптпоматична е анти-Левица реториката на дел од нив во некои фејсбук постови што ги читав деновиве.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
565
Поени од реакции
512
Поинаку во Битола ќе оди со само советничка листа, носител најверојатно Габриела Илиеска.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Многу од овие независни листи и кандидати за советници е веројатно дека ќе бидат кооптирани од големите партии. Посебно тука мислам на овие “зелени независни” комуњари што се појавуваат во Центар, Карпош и Скопје. Прилично сум сигурен дека можда не сите ама добар дел од нив ќе се шитне за кикиритки.
Потполно се свесни ДПМНЕ/СДСМ дека немаат никаков кредибилитет надвор од клиентелистичкото гласачко тело, па се обидуваат партиски неопределените да ги размрдаат преку вакви/слични 'независни' иницијативи. Чест на поединци исклучоци кои покренале нешто во даден момент, откако ќе пркне почнуваат да врбуваат шо можат и им подметнуваат нивни луѓе за прва прилика да им прават пиздарии.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.393
Поени од реакции
23.219
Најсимптпоматична е анти-Левица реториката на дел од нив во некои фејсбук постови што ги читав деновиве.
Мислиш на ова?

Blagojče Blažej Petreski
Дали Зелен Хуман град цело време вика непартиски сме, независни сме? Да
Дали оваа госпоѓа е непартиски определена? НЕ
Дали по своја волја влезе како партиски кадар на позицијата ДА!
Дали сама си замина од партија? НЕ!

И тука се завршува вашата песна "непартиски сме, независни сме"... Се додека егата и помислата дека вака разединети можете нешто, големите партии ќе ја кројат судбината на сите.

Бидете реални, ЗХГ нема шанса да добие повеќе од потребното, за нешто да де смени... И треба да излезат од шаблонот дека сите партии нечинат.
ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД
Blagojče Blažej Petreski ЗХГ веќе менува. Со тоа што поставуваме здрави темели за функционирање на нашата група каде што нема простор за навреди, омаловажувања и нетолеранција. И ние имаме турбуленции, но имаме и начин како да спречиме и спречуваме повторување на инциденти.

Посочете ни една партија каде што се почитуваат меѓучовечките односи. На краток рок може која било партија да направи продор и поради х причини да добие гласови. Но која промена во општеството може да ја донесе со тие гласови кога меѓучовечките односи во неа се реплика на меѓучовечките односи во сите други партии?

Што функционално си замислувате дека може да се смени со таква партија?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.882
Поени од реакции
36.937
Ќе ги соберат гласовите на тие кои не се осеќаат спремно да гласаат за Сдс на овие избори и после како ластовици ќе прелетаат у комуњарското матично гнездо.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
На овие зелениве, дечконо Горјан нели е со нив (оној што ја донесе апликацијата за воздух) ?

Мислев дека е реално загрижен за некакви промени ама изглеа, се си има цена. Ако релативизираат од прва, на вакво прашање кое е апла на место, без никаков одговор и вртење на зборови, чисто колку да изглеа долго - тури им пепел. Они загрижени па сеа ќе влагале у влада.

Повеќе од 4 години имаа да направат партија и да „сменат“ нешто. Не е ова од вчера (ако збориме за екологија). Мама ебаа на секое поточе, рекиче, езеро, шума. Ќе потрошат 2/3 илјади гласови, небитни за големите, многу битни за малите кои имаат каков таков капацитет да влезат внатре.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.882
Поени од реакции
36.937
Овие од Шанса за Центар се асли комуњари. Со оглед на тоа колку брзо ги собраа потписите, ништо чудно Сдсм да им ги има собрано. Зелен хуман град носители им се Горјан од AirCare и Драгана Велковска ако не се лажам таа што беше советник во град Скопје од Левица. Во најмала рака латентни комуњари. Левица би требало со Драгана да ја имаат научено лекцијата дека прва најбитна работа кај кандидатот е лојалност па после све друго.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Левица одбила коалиција со ДПМНЕ.Ај со среќа мека им е на албанските СДСА и ДУИ.Има уште долго да си владеат.А нас наздравје нека ни е.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Левица одбила коалиција со ДПМНЕ.Ај со среќа мека им е на албанските СДСА и ДУИ.Има уште долго да си владеат.А нас наздравје нека ни е.
Не се секирај, има ас у ракавот Дпмне со коалицијата со Алијанса.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.205
Поени од реакции
9.751
Комуњар со комуњар си оди, не било нити ќе биде другачие. Овие копиљаци од Левица со исклучок на некои 10% се деца на бирократијата во бивша Југославија, многу просто и едноставно. Начин да собереш на куп се што е револтирано од СДС а пак да работи за СДС, со тоа што Апасиев добро знае што се случува.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Некои од кандидатите презентирани до сега не се да ги одбереш за претседател на Куќен совет, не па за градоначалници :(
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.522
Поени од реакции
9.392
Некои од кандидатите презентирани до сега не се да ги одбереш за претседател на Куќен совет, не па за градоначалници :(
а па овие до сега што се , што да ти кажам, магаре да ставиш поарно ќе биде.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
а па овие до сега што се , што да ти кажам, магаре да ставиш поарно ќе биде.
Па нормално, затоа и очекувавме дека ќе понудат нешто повеќе од магариња :(
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.522
Поени од реакции
9.392
Па нормално, затоа и очекувавме дека ќе понудат нешто повеќе од магариња :(
Пред некоја година имаше случај во Бугарија имаа кандидирано магаре, и кај нас треба така и магарето да добие повеќе гласови за разлика од овие нашиве копита што се кандидираат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom