Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.885
Поени од реакции
36.939
Живи глупости е понудата на Мицковски до Левица. Кој ќар за Левица ако помогне да дојдат на власт вмровски градоначалници? Да ги наградат за континуираните напади кон Апасиев и Левица што ги водат нивни политичари и нивни медиуми?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Во право си.

Економски сум левичар. Но никогаш нема да гласам за човек кој сака да прави Куба на Балканот. Социјализмот, марксизмот и комунизмот да беа добри, цел свет ќе беше таков до сега.
Автоматски споено мислење:

Овие во Центар што се "независни" обработуваат за Вмро. Тешко дека ќе освојат советник, така да ќе градат гласови од СДССМ
Така е да, надевај се ти дека некогаш ќе дочекаш да го имаш животот на западот и цврсто верувај во капитализмот.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.031
Поени од реакции
7.145
Тоа он го акцентира не за да влијае на гласови на денот на избори туку за да изгради наратив во кој он би бил бранителот на Американските интереси во државата, додека опозицијата му е составена од анти-американски партии. Како што на пример Ѓукановиќ правеше ( а и прави ) веќе 30 години. Заев е сосема свесен дека он е на власт не заради гласови на некакви избори туку заради благословот од калето. На една страна он верниот слуга подготвен да потпише се што ќе му дадат, а од друга оската на злото.

Он таа мантра ја тераше против ДПНЕ уште од првиот ден кога дојде на власт, али овие се доволно сервилни да нема никаква поента истата па се префрли на Левица. Се кладам дека тоа и му е планот за следните парламентарни избори, да се создаде ситуација како сега во Бугарија. ДПНЕ да не може да оформи влада како победник без Левица, а калето да не дозволува Левица да влезе во влада. И да се создаде ситуација за оформување на некакви широки коалиции каде Заев исто како Борисов на крајот на денот ќе се смугне и нема да одговара за ништо.

По локалниве избори каде што ќе имаат 50-100 советника ќе си ги добијат локалните структури. А ќе видиме и како СДС-ДПНЕ ќе реагираат на доста голем број на советници кои се сега останати без работа.

Околу одземањето на гласови исто така не си во право. По анкетите се гледа тоа најдобро. Разликата од 40% на НДИ анкетата не е дека на ДПНЕ им скокнал рејтингот туку дека на СДС тоне. ДПНЕ се стабилни со рејтингот веќе 2-3 години. На Левица апсолутното мнозинство на гласови им се од помладата средна класа и неутралците. Веќе за следните избори ќе примерат доста голем број од патриотските гласачи на ВМРО, али ќе соберат и добар број на урбаното гласачко тело на СДС.

Јас би се кладел дека Левица ќе има најголем пораст на гласови баш во урбаните средини на сметка на СДС ( Центар, Карпош, Аеродром, Охрид, итн..) а дека бројот на освоени гласови по руралните средини ( на сметка на ДПНЕ ) ќе биде со далеку помал пораст.
Како ќе ги добијат тие 50-100 советници кои си ги трескате сите од ракав кога немат локални структури , за да добиеш советници треба да имаш локални активисти кои ќе делуваат и ќе носат гласови, а не да чекаш избори да добиеш советници па да градиш локални структури.
За другите работи не ни коментирам, апсолутно непотребно е.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.799
Поени од реакции
8.549

Губат 300 000+ гласа за 3 години ДПНЕ и СДС. Активисти на терен. :pos: :pos: . Локални структури имале :pos::pos::pos:, ПРОГРАМА :ROFLMAO:. По штабовите им останаа само најголемите клиенти и луѓе со легитимни пречки во развој. Во штаб кога се собираат се кријат да не ги видат комшиите. На врата кога ќе ти дојдат оние што бараат пари за операција се со повеќе елан него овие од СДС и ДПНЕ.

Многу обожавам вака кога се копрцате. Ќе те цитирам пак за месец и пол и тогаш ќе зборуваме повторно кој не бил достоен за коментирање.

Локални активисти :facepalm:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.515
Од Левица имаат активисти што одат на врата или само на Facebook и Twitter? :)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.382
Поени од реакции
18.525
Како ќе ги добијат тие 50-100 советници кои си ги трескате сите од ракав кога немат локални структури , за да добиеш советници треба да имаш локални активисти кои ќе делуваат и ќе носат гласови, а не да чекаш избори да добиеш советници па да градиш локални структури.
За другите работи не ни коментирам, апсолутно непотребно е.
Нека добијат позиции, ќе видиш како ќе се формираат тие локални структури. Памтите дека човек партија Гром направи локални структури, а не па левица.
Главен проблем за левица е дали ќе стане втора партија пред да се консолидира вмро или да се зоврие атмосверата. Луѓето по дифолт се групираат во две партии во такви ситуации, и 2 опозициони партии е неодржливо во тој случај. Едната ќе ја изеде другата. Со оглед на тоа дека вмро има огромен број традиционални гласачи, треба ептен да заебат за да се најдат во ситуација како пасок во Грција
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.404
Поени од реакции
23.245
Од Левица имаат активисти што одат на врата или само на Facebook и Twitter? :)
Никогаш не ми дошле вакви фаци на врата а и не разбирам зошто некој би си губел време со шлепање од врата на врата. Демек ако ми дојдат на врата - готово гласам за нив? Уште програмата да ми ја дадат, пенкало и маица и тоа е тоа, гласам за СДС/ДПМНЕ. :vozbud:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.515
Никогаш не ми дошле вакви фаци на врата а и не разбирам зошто некој би си губел време со шлепање од врата на врата. Демек ако ми дојдат на врата - готово гласам за нив? Уште програмата да ми ја дадат, пенкало и маица и тоа е тоа, гласам за СДС/ДПМНЕ. :vozbud:
Ти не, ама 80% од гласачите не одлучуваат преку Фејсбук доскочици. Кога ќе го сфатат тоа, може и ќе направат позначителен скок :)
 
Maksimot

Психијатриски случај
Член од
28 јули 2021
Мислења
277
Поени од реакции
290
Проблемот на сите партии е гласачкото тело. Левица има 90% гласачи од 20 до 30 години кој во секој момент може да се преселат во странство. Вмро и Сдс имаат административци од кои 70% гласаат за власта и пензионери кои се во залезот на животот.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.031
Поени од реакции
7.145
Нека добијат позиции, ќе видиш како ќе се формираат тие локални структури. Памтите дека човек партија Гром направи локални структури, а не па левица.
Главен проблем за левица е дали ќе стане втора партија пред да се консолидира вмро или да се зоврие атмосверата. Луѓето по дифолт се групираат во две партии во такви ситуации, и 2 опозициони партии е неодржливо во тој случај. Едната ќе ја изеде другата. Со оглед на тоа дека вмро има огромен број традиционални гласачи, треба ептен да заебат за да се најдат во ситуација како пасок во Грција
Се повторувате со правање на грешки и грешки кои доаѓаат од тоа што не правите разлика во структура на гласачи на партии и целта за кои таа е основана.

ГРОМ направи јаки структури уште од самиот почеток на партијата но тоа го направи поради тоа што таа се појави како клиентистичка партија која отвори многу работни места во приватниот сектор, имаше доста јак финансиски бекраунд а и нивна цел беа луѓето кои би биле некоја средна класа а не работничка, така да ГРОМ собра доста бизнисмени кои се од малите бизниси и со логистичката и финасиска поддршка тогаш на портокаловите многумина видеа дека своите лични интереси ќе ги оставарат преку ГРОМ, маливе бизнисмени да се ослободат од притисокот и да ќарат а доста од нив добија доста за возврат од државата, додека нивните активисти повеќето беа вработени на солидни позиции во приватниот сектор кој беше и главниот мотив да се вклучат во ГРОМ.
Значи ГРОМ не ги изгради своите локални структури од идеолошки принципи како што тоа треба да го прави нели Левица, туку ги купи тие локални структури, кога се припоија кон ДПМНЕ партијата истиот ден згасна бидејќи таа ги изгуби своите клиентистички предности кои ги имаше пред тоа, доколку Молња не патеше од лични комплекси со сдсм и да не беше лојален на портокаловите до смрт денес ќе беше трета партија со сигурност на тој капацитет што го изгради клиентистички првите две години.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.946
Поени од реакции
50.856
Јас уште чекам северџани по некое чудо да се излажат и да тропнат кај мене на врата.
Мене за референдумот ми дојдоа две пичлемиња. Само ги погледнав настрано и веднаш сфатија дека нема да вреди договорот на дело во Катастар за обљубата која бев спремен врз нив да ја извршам за спас на уставното име.
 
Последно уредено:

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
1.003
Поени од реакции
2.798
ДА е порасната независно од ВМРО-ДПМНЕ. Во 99та Циле има освоено 160.000 гласа, покрај Борис Трајковски. ЛДП и нејзините предходници исто, до 2000та, имаат целосно независен раст. Ристо Пенов дури станува градоначалник на Скопје, покрај кандидати од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Ристо Пенов 1996 победи со подршка на Вмро, а 2000 победи со подршка сдс
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom