J
joli1
Гостин
Не, не е себично да сакаш да си продолжиш со животот, поготово како млада и здрава личност.А не е ич себично она 'млад сум ја, не сум ризична категорија, ќе го поминам од нога' и потенцијално да ги ставиш у ризик десетици луѓе околу тебе, кои ставаат други стотици луѓе у ризик. И такааааа, животот е круг во него сме сите.
Дали пак можеш да фатиш корона иако си вакциниран? - да.
Дали можеш пак да шириш корона иако си вакциниран? - да.
Како со тоа што јас не сум се вакцинирал сум себичен? Самата вакцинација не е никаков херојски и општествено одговорен чин - туку чин каде што се заштитуваш самиот себеси.
Значи, ако си ризична група, ако ти е страв за твоите или ако сакаш да се вакцинираш ради реда - слободно, никој не ти забранува, поготово сега кога има вакцини, а ако не сакаш да се вакцинираш седи си дома, не оди на работа, држи дистанца, прај што сакаш.
Но, ти со сила мене да ме приморуваш да се вакцинирам, да ми забрануваш движење, да ми ја ставаш егзистенцијата у прашање, психички да ме уништуваш, да ми забрануваш социјален контакт и тоа со одржување на дистанца и почитување на мерки само поради тоа што ти, твоите или некои други се у ризична група е чиста себичност.
Еве да ти објаснам малку поубаво, пошто си медицинска сестра ќе ти биде лесно за сфаќање. Да речеме дека постои одредена личност која што има епилепсија и у близина кај што живее има куќи и локали кои што се накитени со светилки кои што блинкаат и се потенцијален тригер за епилептичен напад, океј? И сега, кажи ми ти, доколку ти како некој кој што пати од епилепсија пројдеш покрај локалот и доживееш епилептичен напад со можност да паднеш и да се здобиеш со сериозни евентуално фатални последици од паѓањето, дали сега сите куќи и локали од кај што проаѓаш треба да ги тргнат сите светилки и да завладее мрак, или лепо фино ќе си кркаш анти-епилептици и ќе ги избегаваш тие куќи и локали?