Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
До кога ќе ја има оваа пандемија, некако кружите од окулу ама не глеам некое решение. Ете има пандемија, ќе ја има и за 20 години по се изглеа. Дали значи дека дечкото треба до крај на живот да живее ко што живее сеа?
Според теориите на заговор до Март 2025 кога се навршуваат 5 години.
 
Ја сум за сите да добијат лекарска помош кога им е потреба, нема дискусија тука. Сепак со помал процент вакцинирани здравствените капацитетит порано или подоцна ќе бидат полни. Тогаш ни на вакцинирани ни невакцинирани ќе може да им се помогне. Страдаат сите.
 
И кој те спречува да го правиш тоа, дали дома дали надвор.
Прво немам таква печка, второ немам такви видови на сирење.....трето не сум пица мајстор. А пица е деликатна работа, ја сакам да биде совршена.
Многу битен момент е што јас надвор од работно време не сакам да се замарам, ма да и сега не се замарам :D
 
Која е разликата и поделбата на невакцинирани и вакцинирани кога нели сите се разболуваат и пренесуваат ???

Уствари меркиве се заштита за невакцинираните, оти само другите сегде ќе движат, ќе пренесуваат и ќе се разболуваат :) А лек, зошто не лек ????
Зашто нема друг начин да ги убедат луѓето, поготово постарите да се вакцинираат за свое здравје. Последни информации од израел е дека односот е 7 према 1 за хоспитализација, значи фактите се тие. За пренос не штитат.
Затоа е и мерката после 1 доза, апсолутно никаква заштита од ширење, меѓутоа логиката е дека ќе има поише заштитени и помалце оптеретени болници.7 пати помалце пациенти. Ја би идел на варијанта поише болници, секој да си живее(или не живее) со одлуката. И онака 2 брана издржавме без да се оптовариме.
 
Никаква логика нема во тоа што си го пишал, голема глупост.
На дежурна служба, на пример,чекаш да те прегледаат и брза помош носи пациенти од сообраќајка, пијани или дечки кои се испотепале и крварат, зарем нема да им дадеш приоритет оти животот им е загрозен??? Не, ти ке речеш, кој ве врти, што сте се опијаниеле, што се тепате..или некој невакциниран кој го удрила кола од несовесен возач, за тебе тој нема предимство, нека умира???
Боже која себичност на форумов од некои членови видов, да се чудиш:tapp::facepalm:
Добро е што докторите нема да прашуваат кој е вакциниран а кој не за да им пружат помош.

немојте да кукате ако наскоро и ви направат да мора да бидете вакцинирани за да ве примат у болница. Штом повеќе верувате у псевдонаука, лечете се така, идете у манастир со крстена вода, ќе вати иљачот ваљда.
 
До кога ќе ја има оваа пандемија, некако кружите од окулу ама не глеам некое решение. Ете има пандемија, ќе ја има и за 20 години по се изглеа. Дали значи дека дечкото треба до крај на живот да живее ко што живее сеа?
да
 
Прво немам таква печка, второ немам такви видови на сирење.....трето не сум пица мајстор. А пица е деликатна работа, ја сакам да биде совршена.
Многу битен момент е што јас надвор од работно време не сакам да се замарам, ма да и сега не се замарам :D

Па нарачај си, тоа не е забрането, или оди во пицерија, сигурно има некоја со капацитет до 30 души.

Немој само ова да го продаваш како загрозено право.
 
Сваќате колку е ненормално тоа што го предлагате :D? Повеќето луѓе не би живееле вака за да добијат некоја година поише.
Автоматски споено мислење:

Па нарачај си, тоа не е забрането, или оди во пицерија, сигурно има некоја со капацитет до 30 души.

Немој само ова да го продаваш како загрозено право.
Не важи тоа испод 30, така да загрозено му е правото. Не мора да го продава. Сега следниот муабет ќе биде ај пица голем кур, има побитни работи од тоа :D
 
Друже, живееш во заедница дури и да се 1 процент не смееш да ги отпишеш. Слична е приказната со правата на заедници кои се малцинства од аспект на етничка, сексуална, религиска и сл природа.
Ако одиме од себична гледна точка јас би сакал да се укине и правото на глас на секој што е глуп и необразован, арно ама не бива и затоа за мојата иднина мора да одлучуваат и дебили кои немаат когнитивна способност да си го запамтат матичниот број.

Ова што ти го бараш е башибозук, секој ќе си тера своето, секој ќе пази да не наебе, арно ама и ти ќе пазиш да не дојде некој посилен од тебе и да те спружи ако му чини.

Пак ќе ти повторам, јас сум против да ве тераат насилно да се вакцинирате, ама затоа кога ќе се разболи невакциниран ќе оди на листа на чекање, а од другиве ќе биде примен со приоритет. Јбг некој попаметен од вас си ја чукал главата да направи нешто што во најмала рака ќе ги олесне симптомите на секој заболен, ако во тој момент сте биле против медицината како наука, тогаш и кога ќе бидете болни лекувајте се дома.
Не е отпишување, баш спротивно.

Доколку си ризична група никој не ти брани да се вакцинираш, не можеш да очекуваш мнозинството народ да не оди на работа, едвај леб да има да јаде, да не може да оствари било каков социјален контакт, бизниси да се затвораат и луѓе без работа да остануваат поради тоа што минимален процент од населението поради (најчесто) неправилни животни одлуки спаѓа во ризична група. Тоа е чист себичлук. Ризична група си? Твоите се ризична група? Сакаш да се заштитиш себеси и твоите максимално колку што е можно? Оди вакцинирај се, почитувај мерки, не излегувај од дома, ако сакаш не оди на работа, ама не можеш да ги кривиш, затвораш и да ги форсираш другите да не си го живеат животот.

Нема да се сложам за последново, според таа логика сите дебели луѓе треба да се задњи на листа за прегледи и слично бидејќи сами си ги предизвикале проблемите кои што ги имаат преку лоша исхрана, недостиг на физичка активност и слично. Луѓе во болници и на приоритетна листа треба да се ставаат според симптомите и ризикот од смртта, а не дал е вакциниран или не.
 
Па нарачај си, тоа не е забрането, или оди во пицерија, сигурно има некоја со капацитет до 30 души.

Немој само ова да го продаваш како загрозено право.
Генерално си во право, ама ова е заобиколување на мерките. Целата фама е толку голема да на човек ќе му се одмили да појде негде.
Некад идеш за да запознаеш некоја/некого....некад да уживаш на шанк. Значи не сакам да ме третира некој како мало дете...
 
Никаква логика нема во тоа што си го пишал, голема глупост.
На дежурна служба, на пример,чекаш да те прегледаат и брза помош носи пациенти од сообраќајка, пијани или дечки кои се испотепале и крварат, зарем нема да им дадеш приоритет оти животот им е загрозен??? Не, ти ке речеш, кој ве врти, што сте се опијаниеле, што се тепате..или некој невакциниран кој го удрила кола од несовесен возач, за тебе тој нема предимство, нека умира???
Боже која себичност на форумов од некои членови видов, да се чудиш:tapp::facepalm:
Добро е што докторите нема да прашуваат кој е вакциниран а кој не за да им пружат помош.
Мешаш баби и жаби, јас ти викам за тие што ќе отидат поради симптоми од вирусот, не за тој што направил сообраќајка.

Не е отпишување, баш спротивно.

Доколку си ризична група никој не ти брани да се вакцинираш, не можеш да очекуваш мнозинството народ да не оди на работа, едвај леб да има да јаде, да не може да оствари било каков социјален контакт, бизниси да се затвораат и луѓе без работа да остануваат поради тоа што минимален процент од населението поради (најчесто) неправилни животни одлуки спаѓа во ризична група. Тоа е чист себичлук. Ризична група си? Твоите се ризична група? Сакаш да се заштитиш себеси и твоите максимално колку што е можно? Оди вакцинирај се, почитувај мерки, не излегувај од дома, ако сакаш не оди на работа, ама не можеш да ги кривиш, затвораш и да ги форсираш другите да не си го живеат животот.

Нема да се сложам за последново, според таа логика сите дебели луѓе треба да се задњи на листа за прегледи и слично бидејќи сами си ги предизвикале проблемите кои што ги имаат преку лоша исхрана, недостиг на физичка активност и слично. Луѓе во болници и на приоритетна листа треба да се ставаат според симптомите и ризикот од смртта, а не дал е вакциниран или не.
Јас се бунам пред се поради големи финансиските загуби. Моите се во критична група и пазат, јас сум вакциниран и ги имам лимитирано контактите на минимум, арно ама сум заглавен во вукојебинава и на дневна основа губам колку една просечна плата на овие лешперите што прават сваТби на сред пандемија.
Колку подолго се билдаат случаи, толку поголеми ќе бидат финансиските загуби, исто и со вакцините колку повеќе се инаетите, толку повеќе ќе влегува во минус здравствениот систем за лекување.
 
Просто е, правиш фалсификат од документ, редар не се замара детално да провери што како, ако видиш да дојдат џандари/инспекција лаганица влагаш у тоалет и се правиш дека имаш пролив.
Во случај да не веруваат џандарите дека си со пролив едноставно им кажуваш низ врата дека си читал постови од целофанчето, топлата и чолизмо и добиваш „Разбираме господине, пријатно“.
 
Вака сега, гледам има од овие квази 'прогресивци' кои во нормални околности беа загрижени за разно разни права, па да ви објасни чичо нешто сега.

Така нарачените 'прогресивни' заговараат 'незадолжителна' вакцинација, во која што треба да примиш вакцина со статус за итна употреба, а притоа потпишуваш документ дека ја примаш на сопствена одговорност.

Не знам дали се свесни, нашиве, но посебно странските прогресивци, дека ако ова помине на суд, ќе створи правен преседан за кој што можат многу да жалаат подоцна.

Затоа што не така одамна, околината, семејството, ги терале хомосексуалците 'доброволно' да побараат разни експериментални третмани од разни надри лекари за да се излечат и станат 'нормални', за да не се шири 'болеста' во општеството.

Внимавајте што посакувате оти може и да ви се остварат правните преседани, но таа среќа ќе ви трае до следниот Автократ/Диктатор во Европа или САД, кој што може да почне да ги лечи на истите правни основи, хомосексуалците, трансвестит, разноразни би и другите 'нездрави' поединци.

Кога ќе се отвори кутијата со црви, тешко дека некој ќе може да ги прибери назад.
Да ти обајснам сега нешто како конзерва. Верувам дека треба во одредени сегменти да има државна интервенција, макар се ограничиле и основните човекови слободи и права ако водат кон општо добро. Тука ги вбројувам и задолжителните вакцини и абортусот. Но исто така верувам и во општествениот договор кој ги имплементира основните начела на општественото поведение, а одредени начела се регулирани и со законски решенија.

Физичкиот интегритет ми е заштитен, еднаквоста и рамноправноста исто така. Така нема правна основа вакцината да стане задолжителна. Да непостоеше тоа, вакцината ќе беше задолжителна и ќе немавме премногу избор. Имаш само морална дилема: "секој е должен да се грижи и да го унапредува сопственото здравје и здравјето на останатите".

Вака поставено (и со Регулативата 2361) никој не смее да се дискриминира затоа што не може или не сака да се вакцинира.

За повеќето вакцини сеуште не се довршени долгорочните клинички студии, не знаеме колкав е процентот на ефикасност и не ја знаеме целосната листа на нус појави. Да беше заокружен тој процес, можеби и ќе се вакцинирав, иако немам некоја посебна потреба. Сепак ова не е само борба меѓу индивидуализмот и колективизмот (за мене оваа вакцина е индивидуално добро (секој е преносител и треба лична заштита)), туку и за враќање во нормала. Дали вакцината е единствен излез? Не, тука се мутациите кои не се предвидливи и не знаеме дали вакцината ќе креира ефикасност кон нив и тука е природниот имунитет, кои сакале или не, дел од нас сме го стекнале.

Дали вакцината дава одредена заштита? Да. Дали има и негативни ефекти? Да. Одлуката е на секој поединец како ќе постапи. :)
 
Последно уредено:
Сваќате колку е ненормално тоа што го предлагате :D? Повеќето луѓе не би живееле вака за да добијат некоја година поише.
Повеќето луѓе се глупи ко кур. Не велам дека тие што ги спомнуваш се глупи ко кур, само сакам да кажам дека повеќето што сакаат не ми е релевантно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom