Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Друже, без вакцини ќе ги броеме само мртвите, батали гомнојадци на нет што зборат. Никогаш никој не тврдел дека со вакцина не можеш да се заразиш, само некои антиваксери тоа го верглаат. Мене и пред да се вакцинирам јасно ми беше дека нема да бидам 100% сигурен и затоа пазам.

Имаш вакцинирани тралалајки што удрија бригу на весеље и се испозаразија. Али тоа не е до вакцината, него до луѓето. Мора да се штитиме колку можеме од зараза дури и со вакцина.
Животот мора да продолжи вака или онака. Подобро е со вакцинирано население отколу без вакцинирано.

Пазење во одредена мера да, но затворања како Австралија веќе нема да може и касно е за такво нешто. Од друга страна ни екстремот на стоката што им е мака 5 минути маска во маркет да поносат не бива.
Автоматски споено мислење:

За жал Рон, ги лажеа луѓето.

Всушност Филипче сеуште ги лажи луѓето дека вакцините штитат од заразување, посебно со најавените мерки дека можат да одат слободно во кафана со една доза вакцина.

Мислам до пред само неколку месеци сите наслови, на сите медуми во светот, беа:
"Фајзер штити 96% од инфекција и 100% од хоспитализација и смрт"
Тие беа истражувањата, тие беа најдостапните резултаи од контролните групи. Речиси никој не бил заразен и никој немало умрен од Ковид во тие групи.

Сепак бројките без истражување веќе се доста јасни, на местата каде што најголем дел од населението е вакцинирано пак се шири заразата, но хоспитализациите и смртноста не ја пратат стапката на раст на новите случаи. Моментално смртноста е доведена на ниво на нешто над сезонски грип. Ако така остане и на есен пандемијата е малтене готова.
 
Животот мора да продолжи вака или онака. Подобро е со вакцинирано население отколу без вакцинирано.
А ние што прележавме не сметате за луѓе така?

Многу сте наивни ако мислите дека ако сите се исповакцинираме дека ова ќе заврши...само го одолговлекувате неизбежното, а тоа е дека сите ќе се заразиме.
 
А ние што прележавме не сметате за луѓе така?

Многу сте наивни ако мислите дека ако сите се исповакцинираме дека ова ќе заврши...само го одолговлекувате неизбежното, а тоа е дека сите ќе се заразиме.
Дали ќе се заразиме со вирус со смртност од 3% или со 0.1% е 30 пати разлика. Дали ќе заврши пандемијата со 6000 мртви или 10.000+ не е мала разлика.

Не знам дали ви е јасно дека Македонија има највисок број на забележани умрени во историјата лани и скок во една година на морталитетот од 25%. Такви скокови се незабележани.

п.с И прележаните се заразуваат, така што нема да заврши ниту да се заразат сите, а само ќе ја десеткуваш старата популација и помладите со хронични болести.
 
Последно уредено:

И двајцата сте во право. Со вакцина полесно ќе го поминеш вирусот, но како имаме поголем број на вакцинирани така се гледа дека бројките што ги објавуваа дека штити од зараза се неточни. Ние сме трагедија, комбинација на вирус, безпарица, здравство со Филипче и 30 годино уринирање на се и добиваш 25% покачена смртност. Јас и Рамлоса прелегани и со антитела после 16ти нема да можеме во кино/театар ама затоа некој што примил на 15ти прва доза Синовак може. Мерките се да натераат народ да се вакцинира и класично дефокусирање од катастрофата со пожарите каде си го прчеа по плажи додека Австријци, Словенци и Бугари со локално население гасеа пожари. Немаат никаква смисла.

Инаку за статистика што спомна претходно УК/Шведска, Шведска во 2020та има 98 000 починати 10к+ повеќе од 2019та, Шведска во 93та во економска криза со 1.5 милиони помалку жителис од дене има 97 000 починати.
 
Дали ќе се заразиме со вирус со смртност од 3% или со 0.1% е 30 пати разлика. Дали ќе заврши пандемијата со 6000 мртви или 10.000+ не е мала разлика.
Со секој нареден сој тебе ти се зголемуваат шансите да се заразиш иако (претпоставувам?)си вакциниран
Не знам дали ви е јасно дека Македонија има највисок број на забележани умрени во историјата лани и скок во една година на морталитетот од 25%. Такви скокови се незабележани.

Што имаат овие работи поврзано со тоа што јас кажувам, никаде не ги негирам овие податоци.
п.с И прележаните се заразуваат, така што нема да заврши ниту да се заразат сите, а само ќе ја десеткуваш старата популација и помладите со хронични болести.
Што е со оние луѓе кои го прележале вирусот а никакви антитела не создале? Тие немаат никаков имунитет кон заразата?

Israeli study boosts belief post-COVID immunity stays when antibodies fade

COVID reinfection hits 1 in a 1,000, variants may fuel it, Israeli study finds

Колку луѓе во Македонија повторно се имаат заразено со вирусот според официјални податоци?
 
И двајцата сте во право. Со вакцина полесно ќе го поминеш вирусот, но како имаме поголем број на вакцинирани така се гледа дека бројките што ги објавуваа дека штити од зараза се неточни. Ние сме трагедија, комбинација на вирус, безпарица, здравство со Филипче и 30 годино уринирање на се и добиваш 25% покачена смртност. Јас и Рамлоса прелегани и со антитела после 16ти нема да можеме во кино/театар ама затоа некој што примил на 15ти прва доза Синовак може. Мерките се да натераат народ да се вакцинира и класично дефокусирање од катастрофата со пожарите каде си го прчеа по плажи додека Австријци, Словенци и Бугари со локално население гасеа пожари. Немаат никаква смисла.

Инаку за статистика што спомна претходно УК/Шведска, Шведска во 2020та има 98 000 починати 10к+ повеќе од 2019та, Шведска во 93та во економска криза со 1.5 милиони помалку жителис од дене има 97 000 починати.
Не е работата да во апсулитни бројки имале приближни резултати. Во 1993та скокот на мртви во однос на претходните неколку години е релативно мал. Под 90.000 мртви имаат тек 1978 година. Од 79 до 95та бројот на мртви се движи некаде околу 90-95.000 со скок на 97.000 во 1993та.
Автоматски споено мислење:

Со секој нареден сој тебе ти се зголемуваат шансите да се заразиш иако (претпоставувам?)си вакциниран

Што имаат овие работи поврзано со тоа што јас кажувам, никаде не ги негирам овие податоци.
Секој сој до сега се има појавено во периодот пред масовна вакцинација во невакцинираните популации.
А бројките што ги кажав имаат врска. Смртноста и хоспитализациите не го пратат порастот на нови случаи таму каде што значаен дел од популацијата е вакциниран. Не е работата да не закачиш ковид, секоја година имаме сезонски вируси, грипови, настинки и што се не. Работата е да ги доведеме тешките случаи до минимум. Ако короната стане само како малку поопасна сезонска настинка тогаш како општество немаме проблем.

Што е со оние луѓе кои го прележале вирусот а никакви антитела не создале? Тие немаат никаков имунитет кон заразата?

Israeli study boosts belief post-COVID immunity stays when antibodies fade

COVID reinfection hits 1 in a 1,000, variants may fuel it, Israeli study finds

Колку луѓе во Македонија повторно се имаат заразено со вирусот според официјални податоци?
Ќе видиме тек, факт е дека многу луѓе се заразуваат и по втор пат со Ковид, а многу е побезбедно и побезболно до имунитет да дојдеме со вакцинирање отоколу со заразување.
 
Последно уредено:
Тие беа истражувањата, тие беа најдостапните резултаи од контролните групи. Речиси никој не бил заразен и никој немало умрен од Ковид во тие групи.

Што ти говори тоа?

Едноставно сите истражувања за вакцините постари од еден месец се тоалетна хартија.

И уште пострашно, базирано на тие истражувања за кои гледам дека поплека паѓаат во вода, се вакцинираа повеќе од милијарда луѓе и сега ги тераат и децата да се вакцинираат со вакцина која може да изненади веќе во следното истражување.

Мислам цел свет т.е. политичката и медицинска елита стави се на една карта вакцинација.

Бате од она што го гледам јас, летаме како гуски во магла ...
 
250 евра казна доколку немате вакцинален сертификат и седите во објект на отворено бла бла. За правното лице 2500 евра.
 
Мислам до пред само неколку месеци сите наслови, на сите медуми во светот, беа:
"Фајзер штити 96% од инфекција и 100% од хоспитализација и смрт"
Не знам како не сфаќате дека тој и овој сој не се исто. Може важело за стариот сој, за индискиов не важат тие проценти.
Автоматски споено мислење:

А ние што прележавме не сметате за луѓе така?

Многу сте наивни ако мислите дека ако сите се исповакцинираме дека ова ќе заврши...само го одолговлекувате неизбежното, а тоа е дека сите ќе се заразиме.
и?

што е заклучокот, советот?

да не се вакцинираме?
Автоматски споено мислење:

За правното лице 2500 евра.
од 2500 до 30.000
како што прочитав
 
Секој сој до сега се има појавено во периодот пред масовна вакцинација во невакцинираните популации.
А бројките што ги кажав имаат врска. Смртноста и хоспитализациите не го пратат порастот на нови случаи таму каде што значаен дел од популацијата е вакциниран. Не е работата да не закачиш ковид, секоја година имаме сезонски вируси, грипови, настинки и што се не. Работата е да ги доведеме тешките случаи до минимум. Ако короната стане само како малку поопасна сезонска настинка тогаш како општество немаме проблем.
Вакцините ги донесоа тешките случаи на минимум, тешките случаи со оваа сегашна варијанта, со секоја нова варијанта вакцините ќе бидат се помалку ефикасни...и така се додека не го прележат сите.
Ќе видиме тек, факт е дека многу луѓе се заразуваат и по втор пат со Ковид,
Колку се тие ,,многу" луѓе ? ајде покажи...еве јас пред некој ден видов имаше некоја велешанка што повторно се заразила...на прсти се бројат во МК таквите

а многу е побезбедно и побезболно до имунитет да дојдеме со вакцинирање отоколу со заразување.

Скроз не точно особено ако викаш дека важи за сите луѓе од сите возрасти...за млад човек без некои здравствени проблеми 130пати е подобро да го прележи отколку да се вакцинира.

За лица веќе над 45 години станува поопасно пред се ако имаат некои здравствени проблеми е таквите треба да размислат за вакцина
 
Денеска 672 новозаболени, угостителската индустрија ја прогласувам за умрено, Филипче ќе им ги враќа кредитите.
 
Ригорозни казни се предвидени за угостителските објекти во кои ќе бидат затекнати невакцинирани гости, а истите се движат од 2.500 до 30.000 евра.

Од понеделник стапуваат мерките кои ги донесе владата, согласно кои за влез во угостителските објекти се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, и редарска служба заради контрола на приложување доказ за имунизација во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица.

– Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, според членот 66, членот 66 а и б, пишува дека глобите се движат од 250 евра до 30.000 евра во согласност со угостителскиот објект, дали просторот е мал или голем. За физичките лица е 250 евра, додека за угостителските објекти се од 2.500 евра до 30.000 евра – изјави Александа Котели од Државен пазарен инспекторат за Канал 5.

Како што пред неколку дена истакна и министерот Бектеши казна ќе треба да платат оние угостителски објекти кои примаат неимунизирани гости, односно пазарниот инспекторат има надлежност да го казни само физичкото лице кое е сопственик на угостителски објект, а не и граѓаните кои ќе бидат затекнати во истиот
Од 2 недели "Спласнување на кривата" дојдовме до ова. Ова се ми личи на испланирано сценарио години наназад.
Чабе ли ја примив вакцината сеа? И така не заштитува како што треба, вакциниве секој месец им се намалува процентот колку може да заштити. Што за следниве сојови на мутација?
 
Има такви случаеви туку не разбрав дали се појавува некој здравствен проблем? Машко сум али знам дека има икс причини и ситуации во кои тоа може да се деси (стрес итн.) па пак се регулира. Можеби силна имунска реакција може да доведе до ова?

Им прави проблеми при менструацијата, крвават многу по обилно од нормалното и им ја закаснува на некои бајаги подолго од нормалното.
 
Вакцините ги донесоа тешките случаи на минимум, тешките случаи со оваа сегашна варијанта, со секоја нова варијанта вакцините ќе бидат се помалку ефикасни...и така се додека не го прележат сите.
Изгледа не ти е јасно дека антителата создадени како резултат на вакцинација и "прележување" се исти. Ако варијантата почне да го избегнува дел имуниот одговор, шо мислиш шо ти е поарно, вакцинација или заразување?

Скроз не точно особено ако викаш дека важи за сите луѓе од сите возрасти...за млад човек без некои здравствени проблеми 130пати е подобро да го прележи отколку да се вакцинира.
Зависи. Од полесните нуспојави после заразување:

Preliminary evidence of the association between erectile dysfunction and COVID-19
 
Секојдневно сум опкружена со куп деца, така да податокот не ми е од ќопави портали, не ми ни треба, едноставно пратам, слушам, гледам каква е реалната состојба и колку ковидот е опасен кај нив.
Таа бројка од десетина заболени деца не е никаков показател, исто како порано што имавме сезонски настимнки. стомачни вируси.....ништо страшно.
Уште едно прашање за тебе...Каква клиничка слика имаа тие десетина млади луѓе што ги познаваш?
Да не бидам погрешно разбрана и дека одам нешто контра, но верувај дека ми е страв...убаво рече еден научник дека пандемијава допрва почнува а не завршува како што ние се надеваме и сакаме, допрва ќе има нови мутации на кои овие вакцини не делуваат оти тие се правени по првата варијанта а не по овие новиве.
:toe:

Статијава говори за тоа како е зголемен бројот на бебиња кои завршуваат во болница бидејќи фатиле ковид од родителите.

До скоро докторот вели дека немало ниедно бебе болно дојдено на одделението, а сега имаат редовно.

Вирусот напаѓа дефинитивно друкше сега од предходно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom