Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Случајност или не кај некои девојчиња/ жени послем втора вакцина се пролонгирал менструалниот циклус за околу 2 недели


Sent from my iPhone using Tapatalk

Тоа се говори и во Франција на големо, ама сега за сега не е ставено ко контраиндикација.
 
Веројатно единствена подебилна работа од меркиве се просечните луѓе што ги поддржуваат и ни фаќаат сеир на нас невакцинираните.

А бе ало, НА ОТВОРЕНО, ја седнат на маса со моите блиски, ќе ги заразам (уште под огромната претпоставка дека сум инфициран и идам у кафана, асимптоматски хур-дур) останатите маси што се на 2, 5, 10 метри од мене, и тоа они вакцинирани.
Се замисувам веќе како дишам и како вирусот патува до другите маси и ги заразува.
Или како кивам надолу и поминува у меѓувреме келнерот и ветерот што го прави со движењето ја крева (летечкиот циркус, ти текнуе) концентрацијата на вирусот што сум ја искивал и таа патува и другите маси го вдишуваат. Уф бе, ќе скршам тастатура.

Мерката е само да напнат за вакцинација и е, како што многумина веќе рекоа, прилично блиску до фашизам.
Да не праиме муабет колку е дебилно за прележаните што не се вакцинирани.

Реално голем дел од кафичите/кафеаните не требаше воопшто да почнат со работа ако не си најдат друга локација, или да ги разредат масите. Имаш кафичи/кафетерии каде стол до стол растојанието е помало од 40цм.

Втора работа свадбите требаше да бидат дозволени само и само на отворен простор, има ливади колку сакаш, има кетеринг, има компании кои носат порции на лице место.
Ама на голем дел од луѓево најголемо достигнување им е да се оженат/омажат/размножат, па шибаат на свадба со позитивни тестови и кријат контакти.
 
Есенва четврт бран догодина напролет петти, после овај бран нема да можи да си ја препознаете околината, сега мислите дека има затворени бизниси банкрот наоколу, чекајте догодина уште некоја банка две да пропаднат, стагфлација, шринкфлација се со ред има да има, и бројки од заразени и мртви на дневна база. Колапс на цел систем.
 
По групиве се пишуваат невидени групости, генерално тоа се помлади граѓани. Треба да се фокусираат на фактите и на сѐ она што досега беше контрадикторно, а се продава како наука.

Еве нешто поново од експерименталната вакцина на Фајзер. Секако вакво нешто не може да промакне затоа што да едно место се собрале сите светски умови, имале неограничени ресурси и вакцината поминала низ сите 3 генерални фази! Ако веќе децата се вакцинираат, нека почекаат некоја од другите вакцини.
 
Есенва четврт бран догодина напролет петти, после овај бран нема да можи да си ја препознаете околината, сега мислите дека има затворени бизниси банкрот наоколу, чекајте догодина уште некоја банка две да пропаднат, стагфлација, шринкфлација се со ред има да има, и бројки од заразени и мртви на дневна база. Колапс на цел систем.
преперство почињаме, брате

(финтата е што не се зафркавам)
 
По групиве се пишуваат невидени групости, генерално тоа се помлади граѓани. Треба да се фокусираат на фактите и на сѐ она што досега беше контрадикторно, а се продава како наука.

како млади луѓе по групите кога врие бумери, еднаш ја отворив таа антивакс група и бев фрапиран што све се пишуе.
 
преперство почињаме, брате

(финтата е што не се зафркавам)

Во околинава каде што живеам има нов наплив на кафани кафичи, и оние фенси менси бургер сендвичари, со вложени сериозни суми на пари 150-200 000 евра,и гледам слават јубилеј година дена. Тие луѓе не се свесни дека наебале во лет, нова парадигма нови правила. Читав статија дека оставаат луѓево пари на трансакциона за црни денови, штедат не знаат што ќе биде.
 
Некоја опасна игра се игра, го фатија Караџоски

230871442_2512686008866028_5807032565006242577_n.jpg
 
Прегледуваш со отворен прозорец за да се заштитиш (и себе, и пациентите). Надвор, и внатре, грми од некојси музички настан што многу “соодветно” се одржува спроти градска болница.

Не го слушаш пациентот од бучава. Апаратот за притисок едвај.

Затвораш прозорец.

Влегува пациент, без маска, видно изнемоштен, кашла. Велам “Ве молам ставете маска”. Температура 37.5°C.

Добивам: “Ај докторке немој со тие глупости, Швепс пиев многу вчера и јадев сладолед, од тоа ми е. Пиши една инекција да се опраам, утре сум на свадба”

Додека процесирам да не случајно сум ја утнала лекцијата на Медицински факултет за тоа како Швепс и температура се тесно поврзани, му даваме маска, прегледувам и по 100 ти пат вечерта со колегите го повторуваме истото “Ве молам тестирајте се што поскоро, и никаде без маска”.

– “Аха, важи”.

Отвораш прозорец. “…I got my Ni**as in Paris, and they goin’ gorrilas”И онака се слуша како DJот да е пред врата, си праиш мини-денс во себе додека се проветрува просторијата

Ѕвони телефон. Итен повик. Трча екипата надвор, тргате веднаш. Со вклучени сирени, едвај проаѓате, или подобро кажано не проаѓате низ град затоа што не дај боже фраерите да не го прошетаат Maserati-то низ град од точка А до точка Б меѓу кои дистанцата е 500m преку сила. И не дај боже да не се паркираш точно пред бутик. “Што има везе, ќе пројдат овие, има тротоар, може и ќе прелетаат, тамам си е.”

Стигаш по 15 минути. Те чека, нормално, едно нервозно “Кај сте досега, вие брза помош сте или што сте?”

Пациентот со висока температура, ниска сатурација, едвај дише. “Нема Корона докторке, од климата му е”. Го подготвувате за транспорт, и се молиш дека до инфективно ќе ти се погодат улици со културни возачи.

Се враќаш во амбуланта, додека менуваш заштитна опрема ги слушаш колегите како пак кажуваат некому да стави маска.

Пак процесираш информации. Во амбуланта на брза помош во 2 наутро се доаѓа за болка во грло. “Без инекција не ми поминува, си знам јас најубаво, пиши сега еден Гарамицин и пола Дијазепам да спијам раат вечерва”.

Како супермаркет, само со бонус “не смееш да ме вратиш, тебе тоа ти е работа”. Се разбира, не даваме терапија без индикација, ама храброста да му кажеш на докторот што да ти пише е фасцинантна.

Музиката конечно е исклучена, здивнуваш. Гледаш Швепс во фрижидер и си викаш “Е не те пијам, nećeš ti meni температура и кашлица!”

И така.

Добра ноќ и добро утро Гостивар, вчера 82, денеска колку?

P.S. Да не бидам погрешно сфатена, имаме и еден куп златни, разбрани пациенти, кои многу си ги сакаме. Ама тоа не е темата на статусов” пишува др. Атанасова.

 
На што алудира оваа докторкава од мултиетнички Гостивар? Дали насетувам национализам во ова сведоштво и пробува да обвини една автохтона популација на територијава ?
Баш на денот кога е потпишан рамковниот договор кој донесе мир и хармонија.
 
Тоа се говори и во Франција на големо, ама сега за сега не е ставено ко контраиндикација.

Има такви случаеви туку не разбрав дали се појавува некој здравствен проблем? Машко сум али знам дека има икс причини и ситуации во кои тоа може да се деси (стрес итн.) па пак се регулира. Можеби силна имунска реакција може да доведе до ова?
 
Со среќа нека му е на СДСМ на избори на 17 октомври со 49% население кое не му верува на вакцините и со рестриктивни мерки за невакцинираните :D

Во однос на вакцините за ковид-19, на прашањето „Зошто не би примиле вакцина“ дури 49 отсто рекле дека немаат доверба во ефикасноста на вакцините.

 
Битно прослава ќе има а од друга страна сакаат да не заштитат со мерки против Covid. Не сте нормални со мозокот :facepalm:

И не е само оваа прослава туку ете фестивали и друг вид забави се одржуваат а само кажуваат како свадбите се проблемот.
 
Последно уредено:
Кина го затвора третото најголемо нивно пристаниште поради еден вработен позитивен на Ковид 19.


 
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom