Незнам што се натегате кој е повеќе во криза. Сите освен ЕПЛ екипите, арапиве од Париз (ака спасителите на фудбалот) и можда Баерн се во криза, кој повеќе, кој помалку.
Милан претрпи голем удар што го изгуби Донарума за џабе, ама што можеа? Како да го задржиш при таква понуда од ПСЖ и агент како што е Мино? За Хакан мање више, удар е и неговото заминување ама не е незаменлив. Голманчето што го зедоа не е преголем downgrade од Донарума, така да мислам дека ќе бидат океј тука. Жиру ќе им биде од голема корист, доста потценет играч и за бадијала го зедоа. Плус ако успеат и Иличиќ некако да го земат како замена за Хакан ќе завршат топ работа. Додај го овде и фактот дека Тео и Кеси им останаа, не е толку лоша ситуацијата кај нив.
Интер од друга страна највеќе го кркаше од кризава. 3те најбитни карики од тимот им заминаа, Лукаку, Конте и Хакими. Цело време очекував да шитнат уште еден покрај Хакими, не верував Конте да си оди само ради еден играч што му продаваат. Рака на срце очекував тоа да е Лаутаро пред Лукаку ама пак, што можеа Интер у ситуацијава? 115 милиони за Лукаку не се одбиваат кога си у огромна криза а и сигурен сум дека и нему му се раширил шупакот кога видел договорот што му го нудат Челзи и притискал за трансфер. Го разбирам, 12м по сезона не е малце а и Челзи има добар проект, мада не требаше да се исциганчи предвреме дека му е топ у Интер и не оди нигде. Инзаги е ок тренер, Дамфриз им е добар трансфер за мала сума, исто и Хакан, ама дупките од Конте, Хакими и Лукаку тешко да ги пополнат. Запата, Инсиње, Џеко, Кореа па и Влаховиќ се добри играчи ама не можат да ја исполнат празнината од Лукаку.
Јуве се чини најдобро се држи, ама тоа е едино ради финансиската инјекција што ја шибнаа после крајот на сезоната. Најбитните играчи им останаа, Роналдо, Киеза, Де Лихт, Киелини кој потпиша нов договор, Дибала и Квадрадо се пред потпис исто така. Најдобриот трансфер кој можеа да го нарпават го направија, Алегри на местото на Пирло. Ова само по себе и задржувањето на имињата погоре ги става во добра позиција. Е сега од друга страна у тим уште ги имаат Ругани, Рамзи, Бернардески, Де Шиљо, Пелегрини кои нема шанси да ги шитнат и да извадат некое евро. Доказ за кризата која ги зафати и Јуве е фактот што цело лето се натегаат за Локатели, имаа којзнае колку сопстаноци за дечкото и уште ништо не бидна. Ваљда ќе биде, ама пак ова покажува дека немаат пари. Го шитнаа и Демирал на позајмица со опција за откуп, уште еден лош трансфер ама што можат кога немаат пари, типот сака да игра прв тим а и го имаат Ругани како 5ти централен бек кој никој не сака да го купи.
Не очекува интересна сезона у секој случај. Навистина штета што имиња како Донарума, Лукаку, Хакими, Де Паул ја напуштија лигава, многу ми е криво ама што е тука е, корона кризата си го зададе ударот на лигата. Ама од друга страна има солиден репертоар на тренери у секој тим, што е уште една плус причина за позитивна сезона.
За крај поздрав од Черубини, спортскиот директор на Јуве, агентот 007. 0 купени играчи, 0 продадени и 7 состаноци за Локатели.