Меси се знаеше дека ќе замине наскоро, но не смееше на ваков крајно глупав начин. Неговото простување требаше да биде ежење, спектакл на Кампот со 100.000 публика. Ова е огромна црна дамка за клубот. Допрва ќе ги осетиме последиците од идиотското владеење на Бартомеу и неговата управа.
Се навивало и пред Меси, ќе се навива и натаму. Клубот е сепак поголем од било кој играч. Нека му е со среќа во ПСЖ. Секако ако се сретнат со Барса ќе биде чудно да се навива против Меси, но тоа е. Бев доста хајпнат за оваа сезона, можеби најмногу во последните 4-5 сезони. Сега тотално се издиша тој хајп како балон. На клубот ќе му требаат барем неколку сезони да се извлече од дупката во која е пропаднат. Но исто и лигата. Ова ќе биде една од најслабите сезони во Ла Лига воопшто, што дури не осеќам никаква возбуда или замарање за тоа кој ќе биде шампион.