Го имав загледано The Deer Hunter пред некој месец, некои си 20 минути изгледав и ми се свиѓаше и едвај чекав да најдам време да го изгедам цел. Конечно денес седнав топтан од почеток до крај да го изгледам.
Првиот саат топ, топилницата, свадбата, интересни ликови сите до еден, си викам ако продолжи вака ова ќе ми биде во топ 10 филмови и тука се префрла дејствието и филмот станува сморчина и тера со некое тапа темпо едно два саати, а бе снукер да пуштев на тв позабавно ќе беше од тие два саати во војната и по неа. А снукер ми е нешто најдосадно на свет за гледање.
Си викам кај ќе напишам критика за филмов, одма ќе ме исхејтаат кајганџииве и оп гледам објава од џими кај што вика дека му бил досаден филмов. Добро е, не сум сам.