- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 15.305
- Поени од реакции
- 38.059
Драги мои филмомани, филмоманки (и за да бидеме максимално родово неутрални, зашто нели модерно е) и драги мои оние-кои-не-се-чувствуваат-ни-како-филмомани-ни-како-филмоманки; ви претставувам еден нов проект во Филм и ТВ подфорумот кој се надевам дека ќе трае долго и ќе успееме да составиме еден куп листи на филмови од кои еден куп нови клинци во иднина ќе црпат инспирации, ќе полнат watchlist-и, ќе гледаат одлични филмови избрани од Кајгана тимот наместо да изберат некое рандом с**ње кое ќе им го понудат IMDB или Rotten Tomatoes, а ние можеби меѓу себе ќе ги прошириме хоризонтите и ќе пронајдеме некое скриено ремек дело кое не сме го гледале.
Го знаете Showdown сегментот на Letterboxd? Едноставно е таму: задаваат тема, секој член може да направи листа од максимум 10 филма (може и повеќе, но само првите 10 се сметаат) на темата кои смета дека се најдобри, поставува на листата таг showdown:име_на_темата, и после одредено време (мислам дека е месец), Letterboxd ги собира сите наслови и креира една, ultimate листа со најспомнуваните 20 филмови.
На истиот начин го замислив да функционира и овде:
-еднаш неделно, на неколку недели или еднаш месечно (немам одлучено уште, чекам предлози) ќе поставиме тема зададена од мене (секако, предлози во inbox ќе бидат добредојдени), во нова тема во подфорумов;
-секој член на Кајгана форумот може да постира наслов/и на минимум 1, а максимум 10 филма кои смета дека се најдобри, а одговараат на зададената тема;
-доколку некој пише наслов кој и вие сакате да го пишете, пишете го пак - колку повеќе пати е спомнат филмот тука, толку се поголеми шансите да се најде на финалната листа;
-по истекот на времето за предлози, јас ќе ги соберам сите ваши листи и ќе направам една, конечна листа која ќе биде објавена и во почетното мислење на темата, и во крајното, и дополнително, ќе биде направена и листа на Letterboxd за поголема прегледност;
-целта е да направиме листи на филмови на одредени теми, жанрови, со одредени актери, режисери или било какви други нешта кои ги поврзуваат, за кога некој ќе побара некаков предлог, да може лесно да најде;
-бројот на филмови кои ќе се најдат на крајната листа зависи само од вас: првично замислив да бидат исто како на LB - 20, но ако има голем интерес и многу спомнати наслови, може и да го зголемиме бројот;
-истото е и со правилата - од почеток сите спомнати 10 филма во секоја од вашите листи ќе бидат еднакви (еден mention = еден бод). Доколку на крај повеќе филмови имаат ист број бодови, во листата ќе влезат оние кои имаат повисока оценка на Letterboxd (зашто нели ова е инспирирано од таму). Понатаму, можеби ќе треба да го модифицираме процесот и да ги бодуваме филмовите, но се надевам дека нема да има потреба за тоа, зашто така ќе има ем повеќе работа за мене, ем ќе биде се покомплицирано.
________________________________________________________________________________
Темата на првиот Kajgana Showdown ќе биде:
ЛЕТО
Одберете минимум 1, а максимум 10 филма кои вас ве асоцираат на лето, кои се викаат Лето, во кои дејството се случува во лето или кои имаат најдобар приказ на лето, и запишете ги насловите во коментар подолу, еден под друг.
Ако некој пред вас го пишал филмот кој и вие го сакате, напишете го пак, така има поголеми шанси да се најде на крајната листа.
Дозволени се филмови од било кој жанр, од било која држава, сеедно е дали се играни, документарни, анимирани, кратки... Се е дозволено!