Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
А па се отепаа кај нас одење по спортски натпревари, кина и особено културни настани.

Убаво рече некој погоре, рестикција за казина и кладилници па да видиш како ќе скокне вакцинација. :D

п.с. фашизам пар екселанс.
Сакаш млеко и леб?
- Сакам.
Дај сертификат!
216981934_10159390210581602_5753927963749476860_n.jpg
 
100% заштита нема никаде, а ефикасноста и големиот број на вакционирани веќе дава ефект во Велика Британија. Само погледни ја статистиката иако имаат нов бран на вирусов хоспитализациите и смртните случаи се значително намалени (кривата не расте многу) додека во Декември тој бран не било баш така

Прегледај го приврзокот 301420
Прегледај го приврзокот 301422
Очајно,жалосно, пубертетско гледање и споредба на графикони !!
Едно прашање еве да елаборираш, според овие графикони...
Како бе од март лани кривата со бројот на новозаразени е постојано блиску до нулата, еве да речеме од 2000-5000, а на следниот графикон за хоспитализирани од февруари па до мај некаде е над 10.000, почетокот на април дури и над 20.000. Огромна и евидентна разлика на ковид позитивни во мал број, а полни болници.

Споредба друга правиш на период јули сега на новозаразени, а вакцинирани,огромен број на новозаразени, со период од декември лани, наместо со јули лани за да биде споредбата во ред, кога кривата е скоро нула, а нема вакцинирани. Хоспитализитани исти бројки и лани и сега. Короната како и сите други респираторни инфенции си има сезони ако не си знаел, а тие сезони јасно се гледаат на графиконот.
Тоа ли е позитивниот ефект од вакцините, едуцирајте се пред нешто да постирате и да се уште повеќе закопате со хистеријата и хипохондријата.
 
Очајно,жалосно, пубертетско гледање и споредба на графикони !!
Едно прашање еве да елаборираш, според овие графикони...
Како бе од март лани кривата со бројот на новозаразени е постојано блиску до нулата, еве да речеме од 2000-5000, а на следниот графикон за хоспитализирани од февруари па до мај некаде е над 10.000, почетокот на април дури и над 20.000. Огромна и евидентна разлика на ковид позитивни во мал број, а полни болници.

Споредба друга правиш на период јули сега на новозаразени, а вакцинирани,огромен број на новозаразени, со период од декември лани, наместо со јули лани за да биде споредбата во ред, кога кривата е скоро нула, а нема вакцинирани. Хоспитализитани исти бројки и лани и сега. Короната како и сите други респираторни инфенции си има сезони ако не си знаел, а тие сезони јасно се гледаат на графиконот.
Тоа ли е позитивниот ефект од вакцините, едуцирајте се пред нешто да постирате и да се уште повеќе закопате со хистеријата и хипохондријата.

Ednata kriva e novozarazeni na den a drugata kolku lugje vkupno ima hospitalizirano.

Inace lani ova vreme go imavme prviot virus. Posle Alfa (UK) stasavme do Delta (Indija) koj e 6 pati pozarazliv. Efektot na vakcinite go gledas vo UK ama i Izrael po broj hospitalizirani i pocinati.

Sezonata ima efekt so temperatura, UV zraci, lugje povekje se nadvor, no efektot se namaluva so pozaraznive mutacii. Vidi sto se desava vo UK, Holandija i Rusija. Sezonskiot efekt propagja. Kolku sto znam uste sme leto.
 
Ќе имало рестрикции за невакцинирани од Септември, нема одење во кина, спортски натпревари и културни настани без сертификат дека си примил 2 дози вакцина.
Ропакот Венко нема да обезбеди повеќе врсти на вакцини што се признаени и од западниот свет или ќе наручи некоја кинеска ко Синовак за да лапат пари од набавката. Пред некоја страна некој напишал дека во селата одбивале Синовак барале Фајзер зашто со тоа можеле да патуваат на запад. Па фала богу тоа ќе бараат, бројот на народ што сака да фати патот од недифинираната територија е се поголем. Во пандемијата се виде колку е добро да се живее во територија која има 43% на смртност на хоспитализирани.

И западот си ебал мајката со тие нивни рестрикции со тоа што признаваат само нивни вакцини. Ја исполитизираа целата ситуација, ги собраа во старт сите вакцини и додека да дојдат на ред сиромашните земји до вакцини тогаш веќе ќе бидат уште посиромашни и позависни од западот. :гомце:
 
Те молам не замарај со празни реченици, или постави линкови до истражувања, каде, кога и како ги правеле и заклучоците кои се, досаден си со бла бла бла.
Еве повели, па ти дај сега контра:
Едниот линк ти е дечките си прават некои свои математики иако бројките на кои се повикуваат никаде не се спомнати во нивниот извор, а истражувањето во Јапонија е далеку од релевантно. Собрале 1000 пациенти што влегле во болница и 3.33% од нив имале антитела и тоа на самиот почеток во Јапонија кога Јапонија сеуште има само 800 мртви од Ковид. Истражувањето е толку старо и до сега покажано за нерелевантно што е смешно да се спомнува денес година и месец покасно.


Како и да е и на самите линкови што ги прати пишува дека на годишно ниво во сите земји имаме скок во смртност од 5% до 20%.Дури и да е екстремно ниска смртноста од Ковид, факт е дека имаме рекорден број на умрени и нагли скокови низ целиот свет. Скок од 15-20% во една година (колку што генерално е во западниот свет каде што популацијата е постара и потешка) е фрапантно и не се случува само од себе. Такви скокови нема ни за време на светските војни во некои од земјите. Самиот твој линк кажува дека 70% од вишокот на умрени може да се поврзе со Ковид.

Исто така уште еден факт од твоите истражувања е дека 10% од симптоматските случаи имаат лонг ковид и трпат последици со месеци после преболувањето. Смртта не е единствениот лош исход, прашај ги луѓето што куртулија колку време им треба да се опорават, а некои од нив имаат трајни оштетувања со кои тек треба да влезат во најранливите години.


Јас сум глуп, неписмен па затоа читам што други попаметни кажале. Ете ти погоре што кажале, сега ако ти сметаш дека си попаметен од тие, сподели контра аргументи, па на твоите може ќе верувам.
Ако сакаш да добиеш реална бројка, колку е преносливост и смртност, се зема целата популација. Ако ги земеш само позитивните со тешки симптоми, тогаш ќе добиеш и 50% смртност, а дали е таа реалноста....

Уште една работа која патем и твоите извори ја кажуваат е дека смртноста не се смета како што ја сметаш ти. Туку се смета IFR или CFR кои и двете се сметаат така што се смета % од бројот на потврдени случаи (CFR) или на потврдени заедно со потенцијални недијагностицирани и асимптоматски случаи (IFR). Во ниту еден слуај смртноста не се пресметува како % од вкупната популација.
 
Време е со Дамби да се повикате на вториот амандман. :pos:
Ронче, читај убаво, се размислува во таа насока. Не е конечна одлуката. Идиотот размислуваше и за промена на пол од фондот, за ширењето на вирусот, начинот на пренесување, колективниот, третата доза од вакцината и лажеше секојдневно за вакцините. Плус тука е и Уставниот суд и правото на протест...пред избори. Да бидеме искрени, дури и последните бастиони на Сдсм (кои останаа верни и покрај сѐ што и направија на државава) полека, но сигурно се откажуваат од нив.

Еднаш им донесе многу политички поени, денес е еден од најнепопуларните политичари во државава.

Подобра варијанта, пак, ќе им беше да одат со системот на награди затоа што казни не сака никој. ;)
 
Се што беше во главите на ,,теоретичарите на заговор" станува реалност. Парадоксално е колкав број на проста популација живее во светот, која со мала доза на страв можеш да ја контролираш како на видео игра. Единствен начин да се стави крај на ова и слични работи во иднина е глобална граѓанска непослушност, па и немири.
 
Се што беше во главите на ,,теоретичарите на заговор" станува реалност. Парадоксално е колкав број на проста популација живее во светот, која со мала доза на страв можеш да ја контролираш како на видео игра. Единствен начин да се стави крај на ова и слични работи во иднина е глобална граѓанска непослушност, па и немири.
Kazi, sega ko ke ni go aktiviraat cipot so 5G ke ima cipirana armija tesko na vas necipiranite. Ali zivejs si so toa custvo deka se superioren prema tie sto se odlucija za vakcina. Polesno e toa.
 
Во Франција ќе се бара задолжително вакцинирање на сите оние кои работат во здравството, дури и волонтерите, дури и администрацијата, дури и приватните и тоа мора да се направи до 15ти септември. Во спротивно нема плата и ако не се вакцинираат дури ни по ова тогаш следува отказ.

Од август за да се влезе во бар, ресторант, музеј, шопинг центар... мора да се покаже дека сте вакцинирани.

Има многу бунење што е и нормално бидејќи ова е големо срање да се делат луѓето на овој начин.

Макрон нема јајца да ја направи вакцината задолжителна, меѓутоа направија една копа забрани.

Ако овој закон помине овде, тогаш ќе биде вака секаде најверојатно до зимава.
 
Нека кажат за у кафана и у кафич дека ќе треба вакцина, 90% имунизирано население ќе имаме до Септември :D
Така и ќе биде, но пак ќе не заебат, секоја вакцина нема да има дозволен влез..како Германија што прави, за нив кинеските и руските вакцини не важат и сите тие што се пелцнаа со нив, ќе си дремат пред граница, забранет ќе им е влезот. Ако ти и твојот партнер сте вакцинирани со различни вакцини, можно е да се деси тебе да те пуштат у кафиќ, а парнерот да остане пред врата:toe:
Не ебаваат како сакаат....а кога ќе ми текне дека велеа секоја вакцина е добра вакцина!!!
 
Kazi, sega ko ke ni go aktiviraat cipot so 5G ke ima cipirana armija tesko na vas necipiranite. Ali zivejs si so toa custvo deka se superioren prema tie sto se odlucija za vakcina. Polesno e toa.
Ако мислиш дека верувам и во тие глупости, се лажеш. Во ист кош ги ставам и тие со 5G, и тие со чиповите и тие кои веруваат во глупостите кои секојдневно им ги сервираат преку мас медиуми за ,,опасноста" на вирусот.
 
Ако ти и твојот партнер сте вакцинирани со различни вакцини, можно е да се деси тебе да те пуштат у кафиќ, а парнерот да остане пред врата:toe:
Нема логика државава да не признава вакцини кои самата ги обезбедува и дава. Не може да воведат кај нас таква рестрикција за вакцинирани со вакцини кои самата држава (што воведува рестрикции) ги набавила и аплицирала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom