На подкастот тврдеа дека според нивните извори, платата е договорена со Варан (мислам и Романо го потврди истото - 12м еур ваљда нето, додека Реал нуди 8м). Од клубот со Реал се практично на иста бранова должина околу цената, се чека само на негова конечна одлука што ќе се прави(после одморот ќе соопштел). Анчелоти наводно сакал да збори со него после одморот за да го убеди, но нивниот однос претходно бил релативно лош, па тешко дека разговорот ќе смени нешто.
Мене ми остава доза на резерва чекањево, мислам агентот во позадина пробува да изнуди интерес од други клубови. Дечкиве на подкастот го рекоа истото, ситуацијата многу потсеќала на онаа со Де Лихт.