Пенал немаше апсолутно никаков. Не знам што му стана на овој Макели, уште кога го свирна изгледаше несигурно, некако како и самиот по инерција да покажа.
Ова мислам дека нема врска со Англија, едноставно судијата си е доста исфорсиран и преголем залак беше ова за него. Далеку е од полуфинале на европско, со ништо нема убедено за такво нешто. Не знам како можеше воопшто после непризнатиот гол на Португалија да биде и викнат, ма колку и да била вината на асистентот.
Во недела не верувам дека ќе има судиски грешки, преголем меч е да си го дозволат тоа. Пенал/црвен картон ќе се досуди само и само ако е 100%. Се друго ќе биде одмавнато.
Од фудбалски аспект во недела очекувам интересен дуел. Ќе се разочарам ако е некој бавен тактички меч, кој ќе оди на 0-0. Мислам дека ќе има доста интензитет, не се физички паднати екипите па имаат сила да истуркаат уште 90 минути.
Италија најголем проблем има со напаѓачите. Имобиле е ужасен ова првенство, крајно бескорисен во целокупната игра. На страна двата гола што ги даде, со ништо нема придонесено. Сепак, пак ќе кажам, измената му е жална, па Манчини и нема друга опција.
Дилемите пак ќе бидат Киеза или Берарди и во средината кој да седне на клупата од Верати, Локатели и Барела. Сите имаат предности и слабости, со кој и да почне, првата замена ќе биде еден од нив. Другото мислам е горе-долу јасно, за десен и лев бек нема други опции освен Емерсон и Ди Лоренцо, а Бонучи, Киелини, Инсиње, Жоргињо и Донарума секако ќе играат.
Ќеиф ми е за ова финале, си го заслуживме.
Forza Azzurri!