Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам како поврзувате тоа што ви дала државата со играњето за националната селекција.

Играњето за репрезентацијата треба да биде чест и гордост, ако некој се смета за Швеѓанец треба да си биде дел од Шведска.

Проблемот е што има играчи што се размислуваат дали да играат за една или друга репрезентација зависно од тоа како ќе им користи во кариерата, тие се исти со албанците кај нас што не ја пеат химната и не ја почитуваат репрезентацијата.
Најреално мислење, го почитувам секој избор и секој има право да игра каде сака, но тоа што некоја држава му "дала" се не може да е пресудно. По таа глупа логика утре Германија пак да тргне во поход, новиве ауслендери ќе треба да си ги убиваат дедовците и бабите и братучедите. Се игра за оние кои си навивал како мал, за оние за кои навивале татко ти и дедо ти. Пак ќе речам личен избор не треба сеа ако некој ја одбие Македонија да се пцуе и навредува ама поентата по мене е баш таа од погоре, да си веќе трета генерација ок, тогаш си "претопен" и веќе си шваба, швеѓанец, амер, жабар или не знам што, ама во случајот на последниве играчи, по мене вистинската одлука се знае која би требало да е.
 
Бреј македонска работа, поголеми католици и од Папата ќе се праеме.
 
Бреј македонска работа, поголеми католици и од Папата ќе се праеме.
Тоа е таа логика, дрес на Баерн или Борусија наместо Пелистер или Вардар. Хрватите трета генерација, млади деца, од коа сум тука шетаат со хрватски обележја, Турците во моментов сите се у транс као и на секој пораз на Германија, 30 години тука родени а сите навиваат за Гала, Фенер, Бешикташ, нашава раја од пред некоја година тука лојална на Германија као азиланти да се.
 
Добро сеа споредувате Турци, кои се забегани по фудбал и би си утепале некој од фамилија за фудбал, со било кој друг народ?

Нормално дека дете ќе носи дрес на Баерн или Борусија или било кој друг тим, пошо така е учено од мало, и не е криво тоа. Вардар и Пелистер не му дале никаков повод да ги осеќа како свои, што од неатрактивноста, што од икс други причини.

Тие што сте или сте биле дел од Комити, претпоставувам ви се погодило друштвото, или па некој од вашите предци играл за Вардар/одел на трибини кога биле јаки порано и се гледало фудбал со илјадници публика, па на некој начин ви ја пренеле љубовта кон клубот.

Јас на пример ги поддржувам Вардар, посебно ракомет нели, но не би се поистоветувал со нив, ни па би се лупал у гради за Вардар.

На темава, луѓето што се родени, израснати и изградени како личности во Шведска/Германија/Швајцарија а се со потекло од Македонија, сметам дека треба да играат за таа држава. Што се поврзани со Македонија? Освен родителите ако им збореле на македонски? Имаат куќа у Охрид и толку?

Кулушевски треба да си игра за Шведска и го оправдувам, но во случај ако добиеше клоци од Шведска и прифатеше да игра за Македонија, тогаш и јас би бил против тоа.

Плус, фудбалот е бизнис, и нормално дека ќе има повеќе просперитет ако игра за друга репрезентација. Лукаку како да се чувствува како некој од Конго или шо ти ја знам, кога е роден и израснат во Белгија, ги поминал сите младински школи таму, два пати има стапнато у Конго, и да рече аа заеби ти ова Белгија, дај за Конго ќе играм...

Да останела неговата фамилија у Конго, до сеа или ќе биле умрени од глад, или ќе се занимавал со нешо трето.

Турците и Албанците се преголеми националисти, и тоа не е доблест, пошо нивното се граничи со лудост.
 
Последно уредено:
Македонска фудбалска репрезентација. Репрезентација на Македонија. Македонците.

Првиот репрезентативен фудбал бил меѓу нациите на островот и прилично јасно е како биле поделени. Немало никогаш ни збор за заеднички британски тим и мешање на шкоти со англичани или ирци. Се знаело и јасно било зошто се играат тие утакмици и кого репрезентирале тие тимови. За се друго постои/постоел клубски фудбал.

Ова денес и смешно и крајно безсмислено дури би рекол и прилично глупаво. Пример, ако веќе не се приджуваме на оригиналниот концепт и идеме на тоа дека е ОК афркианци, шипци, хрвати, аргентинци, македонци да бидат дел од други репки ради икс прични (дури и измислени) зошто тогаш да не им се дозволни на катарците да дадат пасоши и направат дрим тим ко што правеа во ракометот? Ако некој оправдува погоре дека алжирци, турци, црнчуги можеле да играат за Франција и Германија ради тоа што ете биле асимилирани со тоа што таму живеат долго итн, зошто да не се прифати арапскиот начин на асимилиција, па зар има разлика ако едниве му дале подобар живот на Лукаку на рати и го преселиле во Белгија место Конго а овие на идниот Роналндињо и Меси им кешираат по 200 милки и ги тргнат од фавелите на нивен својстен начин? Ако јазикот и идентитетот не е пресуден што има врска како е дадено тоа државјанство? Еве ние имаме „ѕвезди“ што не пеат химна и незнаат да бекнат на македонски дури и такви што инсистраат да зборат на други јазици, немора идниве „арапи“ или „шваби“ уопште да се замараат со небитни „локални“ јазици.

Цела поента на репрезентативен фудбал треба да е натпревар меѓу народите. Ниту Ибра, ниту Кулушевски ниту Лукаку, ниту Адеми или Барди го репрезентираат својот народ и тоа не е во ред. Слободно нека играат за кој клуб они сакаат ама за репрезентација треба да се стави ред.

Конкретно за Чолаковски само ќе потврдам дека он начелно прифати да игра за младинската репка. Зборев со него пред 2 месеци кога играа Престон со младинскиот тим на Мелбурн Сити и едвај чекаше да игра. Сепак кажа дека не го пушта Сити за турнирот на кој беше повикан највеќе ради австралиските протоколи за ковид. Рече дека кога ќе се среди ситуацијата ќе дојде, и дека најрано за МКД може да игра некаде Септември/Октомври. Од тогаш до сега малку се искомпликуваа работите, имаше неколку страшни утакмици во плеј офот за титула и полека почнува да станува стандарден за Сити. Се збори дека АУС му врши притисок и дека го планира за олимписките игри (ова може и да не прави разлика, мислам дека олимписки игри не се под надлежност на ФИФА и може и да заигра подоцна да смени репрезентација ако сака, мада јас би го отпишал ако прифати да игра за АУС).

За Австралија можам само да кажам дека низ годините речиси сите што биле прашани, поканети да играа за МКД прифаќале. Проблемот е што овде фудбалот не е ни во топ 5 спортови, фудбалски сме ептен паднати (една светла точка ни е Рокдејл Илинден од Сиднеј дел во НПЛ (втора лига) и се ОК, мелбурншките Престон е 4то лигаш на пат за 3та лига (овие се наша неофицијална репрезентација во АУС мада сега имаат само 4-5 наши деца), Алтона Вардар се бори за опстанок во 2ра лига али е на пат за 3та лига, во Перт Стерлинг Македонија е прва во 3та лига на пат за втора). Последниве 2-3 год Престон се врати во живот и сега се ОК, имаат добар буџет од некој 700-800К и за брзо време ќе бидат повторно стабилен и јак клуб што пак ќе произведува играчи. Пред тоа 10тина години пропагаше па од 500-600 деца се сведе на 200. Чолаковски на пример израсна во Есендон (италјански клуб) на 6-7км од Престон. Како и да е, добро е што ете доаѓа и го гледа Престон кога може, сепак има македонско во него е сега колку ќе видиме доправа... За АУС конкретно треба да сфатите дека овде платите и животниот стандард е доста повисок од ЕУ, дека ако не напредуваш и стигнеш да играш во некоја поасална лига шансите се дека ќе се откажеш од фудбал и ќе се занимаваш со нешто друго. Класичен пример е Роберт Стамболџиев, левото крило на Престон. Како дете беше дел од академијата на Бристол Сити, па го купи Олимпијакос, па играше во Грција/Кипар со години за на крај да се врати во АУС. Он може и сега потпише договор за некоја треторазредна европска екипа ама колку би заработувал? Во Мелбурн си тера лагано како агент за некретнина и прави 200К+ годинишно плус од Престон зима некој 40К, и најбитно дома си е. Затоа и многу од АУС таленитиве може да продефилираат во младиските состави и после да ги снема, овој проблем сега за сега нема решение, али треба некој да мисли на тоа поготово ако сака тие да се активни и да бидат дел од репрезентацијата.
 
Последно уредено:
Излезе списокот на Австралија за ОИ, Чолаковски (засега) не е на него. Сепак има друг Македонец на списокот, Дилан Пиериас. Значи, може да очекуваме Чолаковски од септември да почне да игра за нас.
 
Излезе списокот на Австралија за ОИ, Чолаковски (засега) не е на него. Сепак има друг Македонец на списокот, Дилан Пиериас. Значи, може да очекуваме Чолаковски од септември да почне да игра за нас.

Дилан има егејско потекло ама се кажува грк (пушкар)... Има и грчки пасош.
 
Што се поврзани со Македонија? Освен родителите ако им збореле на македонски? Имаат куќа у Охрид и толку?
Затоа што се Македонци. Зошто се правиме наудрени? Не е затоа што родителите му зборуваат македонски, туку затоа што тој е Македонец. Многу е просто. Човек што решил да се преправа дека е нешто што не е само поради местото на раѓање заслужува точно 0 почит.
 
Добро сеа споредувате Турци, кои се забегани по фудбал и би си утепале некој од фамилија за фудбал, со било кој друг народ?

Нормално дека дете ќе носи дрес на Баерн или Борусија или било кој друг тим, пошо така е учено од мало, и не е криво тоа. Вардар и Пелистер не му дале никаков повод да ги осеќа како свои, што од неатрактивноста, што од икс други причини.

Тие што сте или сте биле дел од Комити, претпоставувам ви се погодило друштвото, или па некој од вашите предци играл за Вардар/одел на трибини кога биле јаки порано и се гледало фудбал со илјадници публика, па на некој начин ви ја пренеле љубовта кон клубот.

Јас на пример ги поддржувам Вардар, посебно ракомет нели, но не би се поистоветувал со нив, ни па би се лупал у гради за Вардар.

На темава, луѓето што се родени, израснати и изградени како личности во Шведска/Германија/Швајцарија а се со потекло од Македонија, сметам дека треба да играат за таа држава. Што се поврзани со Македонија? Освен родителите ако им збореле на македонски? Имаат куќа у Охрид и толку?

Кулушевски треба да си игра за Шведска и го оправдувам, но во случај ако добиеше клоци од Шведска и прифатеше да игра за Македонија, тогаш и јас би бил против тоа.

Плус, фудбалот е бизнис, и нормално дека ќе има повеќе просперитет ако игра за друга репрезентација. Лукаку како да се чувствува како некој од Конго или шо ти ја знам, кога е роден и израснат во Белгија, ги поминал сите младински школи таму, два пати има стапнато у Конго, и да рече аа заеби ти ова Белгија, дај за Конго ќе играм...

Да останела неговата фамилија у Конго, до сеа или ќе биле умрени од глад, или ќе се занимавал со нешо трето.

Турците и Албанците се преголеми националисти, и тоа не е доблест, пошо нивното се граничи со лудост.
Не реков јас дека треба да се лупаш у гради дека си за Вардар или Пелистер. Едноставно така е природно а работите се поврзуваат едно со друга, зошто сме овде као нација, затоа што не не бива нели?
Се мразиме самите себе и се што е поврзано со нас и после нема да не биде, не може другите да се будали што си почитуваат свое а само ние секогаш да сме најпаметни и да глумиме најмодерни, од оваа тема па до неставање македонски имиња на деца, замисли да ти се заборавени 90% од традиционалните имиња, а некој дури и трета генерација овде имаат традиционални имиња.

ПС: А западните земји се баш познати по давањето се, Белгија исто, баш го погоди примерот со Конго.
 
Дилан има егејско потекло ама се кажува грк (пушкар)... Има и грчки пасош.
Порано на Instagram профилот покрај австралиско имал и македонско знаме. Во секој случај, во моментов е тешко да се добие.
 
Порано на Instagram профилот покрај австралиско имал и македонско знаме. Во секој случај, во моментов е тешко да се добие.

zatoa gi vikame puskari... makedonci se ama koga im odgovara ili imaat malku pritisok stanuvaat magicno grci. najgolem rival i dusman na preston makedonia e heidelberg alexandros timot na vakvite "grci" kade mozes na makedonski da se razberes u kantina i na kasa ama toa e zatoa sto oni prirodno razbiaat skopjano.
 
Затоа што се Македонци. Зошто се правиме наудрени? Не е затоа што родителите му зборуваат македонски, туку затоа што тој е Македонец. Многу е просто. Човек што решил да се преправа дека е нешто што не е само поради местото на раѓање заслужува точно 0 почит.
Македонци се по потекло и ништо друго.
Зошто да се преправа дека е швеѓанец ако е таму роден, израснат, школуван, социјализиран, воспитан, изграден во Стокхолм и све што го поврзува со Македонија е татко му што му збори дома и коа ќе дојде еднаш у 2 години тука.
 
Од 14 години е во Аталанта, плус има изиграно 5 утакмици за нашата у16 селекција на кој постигна и 6 гола, значи иако таму бил израснат сепак имало нешто македонско во него што го натерало да прифати да игра за младинската селекција на Македонија.

Али веројатно виде колку е сатот во смисла на квалитет во нашата репрезентација, па се реши да си игра за Шведска со надеж за подобра репрезентативна кариера, јас убеден сум дека ако имавме поквалитетна репрезентација од Шведска со две раце ќе прифатеше да игра за нас.

Па од таму сите муабети пропадват дека бил израснат во Стоклхом и морало да игра за нив итн..
 
Не зборам конкретно за Кулушевски туку за сите вакви натурализирани што играат за други репрезентации.
 
Македонска фудбалска репрезентација. Репрезентација на Македонија. Македонците.
Тука си грешка. Тоа значи репрезентација на државата. Не на народот. Така да сите што живеат во државата можат да играат, без разлика кои се.
И тоа со островот, како и да вртиш, играат земја против земја. Само се погодиле тогаш да се чист етникум во една земја.
Никој не ја сфаќал било која репрезентација како репрезентација на одреден народ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom