ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 мај 2021
Мислења
705
Поени од реакции
1.290
Ако излезе некој кластер од другиве репрезентации во втора фаза, ние може да им сме замена ? :pos:
 
Член од
4 декември 2014
Мислења
324
Поени од реакции
287
Ај малце доста со калкулациите, за нас европското заврши уште со поразот од Австрија, да земевме тогаш бод ќе можевме да размислуваме за пролаз понатака. Прво не може некој да ме убеди дека мрме е добар селектор, он е само човек што се погоди во право време на право место и дојде на ЕП, не е негова заслуга сигурно, туку на поедини играчи и лесниот пат преку лугата на нации. Второ се глеа дека не беа физички спремни да издржат темпо кога се крши резултат, имаме екипа само за 70 мин ништо повеќе, тоа се должи на фактот што од 26 фудбалери 20 немаат првотимски статус во клубовите. Елмас катастрофа а требаше и беше најавуван дека ќе блесне, дечкото ако не смени клуб со минутажа, ќе биде на ниво на бабунски. Стефан ристески паднат од форма, Адеми просечен, Барди оправдано тулку може корона имаше, Пандев класа, Трајковски и Чурлинов ветувачки, и одбраната криминал. Столе исто добар. Со вака неспремна екипа каде се бара турнирски пристап и спремност добро е и ова.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Едноставно е луѓе...не сме доволно физички подготвени да се надтрчваме со другите...ај за неквалитетни е разбирливо ама и Грција немаше којзнае каков квалитет во 2004, ама можеа да се надтрчваат и да покриваат...денес евидентно беше во многу наврати во второто полувреме каде имаме огромен простор ама неможевме да го искористиме поради слабата физичка подготвеност или немањето сила на самите фудбалери....ајде што голем дел од фудбалерите играат во послаби првенства од топ 5 , туку и не ни играат редовно и не се во натпреварувачки ритам.

Очекував со Украина да имаме повеќе простор и да прикажиме подобра игра со оглед на тоа дека Украина не играат таков фудбал со високо темпо како Австрија...и баш испадна така да имаме појќе простор ама нашите одвај одеа...тука беше евидентна физичката неподготвеност и нередовното играње.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Мислам дека не може никој да се повикува на фактор немање среќа, по што во многу наврати и на двата дуела среќата ни беше главен сојузник, особено во моментите кога бевме целосно надвор од колосек, тотално некоординирани над глава ни висеше опасност од голеада во кратки временски интервали, уште во почетни 20 минути комотно да примиме 3-4 комада. Во прилог на ова тврдење одат и скоро сите голови кои што ги примивме, а во најмала рака беа тотално безвезе.

Главен проблем се енормните осцилации во играта и неможноста да се одржи континуитет на стабилна игра, што можеби делува збунувачки и за противникот. Пола од времето изгледаме ко Андора, остатокот креваме десет нивоа каде што еднакво парираме, па дури и на моменти сме и подобар противник, што пак од друга страна говори дека има потенцијал кој што бара брусење од префинета рака, што пак можеби значи некој нов селектор за во иднина.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.568
Поени од реакции
5.614
"According to UEFA, if two teams are level on points at the end of the group stage – the team with the better goal difference will advance.

If they are tied on goal difference also then the team who advances will be determined by head-to-head."

Значи за трето место сме во игра до сам крај.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
705
Поени од реакции
1.290
"According to UEFA, if two teams are level on points at the end of the group stage – the team with the better goal difference will advance.

If they are tied on goal difference also then the team who advances will be determined by head-to-head."

Значи за трето место сме во игра до сам крај.
Трето место ако победи Автрија вечер и ние ако ја победиме Холандија ?
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.112
Поени од реакции
4.104
"According to UEFA, if two teams are level on points at the end of the group stage – the team with the better goal difference will advance.

If they are tied on goal difference also then the team who advances will be determined by head-to-head."

Значи за трето место сме во игра до сам крај.
Значи ВАМОС ХОЛАНДИЈА, полнете ги умрениве. 3 пати го сменив тимов на мечов во рок од 1 сат.:pos:
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
600
Поени од реакции
1.666
Подобро е Холандија да тепа и со нас да одиграт лабаво. Ако им треба победа, ќе ни дадат 5
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.883
Поени од реакции
30.801
Алаба само така продолжи си и во Реал :kafence:
Аман бре толку напатени од Реал уште не дојден на грешки му се молат...земете си го слава денов Рамос најави дека ќе си оди.

Он топик
Оваа Холандија на првата посериозна репрезентација ќе се сопнат.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Некој да не знае како вкрстуваат групите?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom