Aко сакаш да напишеш навивачка химна тоа не е како да пишуваш останатите песни, пред се и над се самата тематика не само што треба да ја познаваш , туку треба и да ја живееш.
Тоа е и проблемот на авториве на песните, тие не живееле за репрезентација/клуб, да дишат за тоа, да одат на стадион/сала и таму да ги искинат гласните жици па кога ќе дојдат дома да не може да го кажат ни своето име а не па да поврзат реченица, а тие кои снимале песни на оваа тематика за ЕП се далеку од тој начин на живеење.
Значи да напишеш навивачка песна, химна и да биде како треба мора да исполнуваш следни услови
1. Да го сакаш од дното на срцето клубот или репрезентацијата за која ја пишуваш песната.
2. Да си го почуствувал хукот на трибините и заедништвото кое се создава во тие моменти, кога најразлични слоеви на општеството кои речиси и не може да ги споиш во нормални услови, на таа трибина дишат и пеат како едно, како да се родени браќа.
3. Песната е од траен карактер, во неа не се споменуваат играчи, како играле и разни тркатанци, туку пишуваш за тоа колку ти значи клубот/репрезентацијата, за емоциите кои се доживуваат за време на натпреварот, колку тие натпревари ти значат во животот.
4.Мотивација - песната мора да биде со мотивирачка порака за кога ќе ја слушне играчот и навивачот пред натпреварот да се неажет и да се мотивираат како да одат во воено поле а не на спортски натпревар.
5. Треба да си музички поткован и да те бива, многу ги исполнуват првите 4 критериуми но се тапа да прават музика.
Овие 5 услови се само дел но се доволни за да се спознае суштината за тоа како се прави навивачка песна, може до немај каде да пишувам, кој сака има тема навивачка музика може да разгледа какви се песни има пред се посветени на клубови како наши така и од соседството.
Ќе земеме пример од песниве веќе постирани за други репки, таму ретко се спомнуват имиња освен во оваа српската за баскетот, нема кој како играл или што правел, играчите се минливи, репрезентацијата е вечна и кога мој врсник од Хрватска ќе му пушти песна од нивните на неговиот син тој ќе се наежи од прво слушање како што се ежел и таткото, ја кога ќе му пуштам на мое дете ако го имам ќе ме гледа ко шарено теле за што е песната.
На крај ќе постирам три песни дијаментрално различни на Запрешиќ Бојс да се долови напишаното за оние кои сакат да слушнат.
Првата е како се пишува песна за репрезентација, песна во која се пее за татковината, за нејзиното значење поврзано со фудбалот, а спотот да не го коментирам, поврзувањето на разни краеви на Хрватска кои во нормални услови се едни против други но во тие моменти се како едно.
Listen & Buy Igraj moja Hrvatska": https://backl.ink/402026PRATITE NAS NA:Facebook - http://www.facebook.com/ZapresicBoysYoutube - http://www.youtube.com/...
www.youtube.com
Втората е песна посветена на клубот, за тоа како од мали нозе се стекнува љубовта кон тој клуб, неговото значење за тебе како личност, за твојот град, каква важност има за тебе како светост, како тој влиае на тебе и твојот карактер како личност.
Listen & Buy ''Nebo boje Dinama'': https://backl.ink/145832464PRATITE NAS NA:Facebook - http://www.facebook.com/ZapresicBoysYouTube - https://www.youtube...
www.youtube.com
И третата е најхардкор песна, песна посветена за најголемите фанатици на клубот кои се со него во секакви прилики и неприлики , кои трпат најразлични тортури поради своите идеали и љубов кон клубот, за луѓето на кои клубот им значи повеќе од се друго во животот.
Kao dugogodišnji navijači "NK Dinamo Zagreb" u borbi da se klub vrati onima koji ga istinski vole, ZB-i objavljuju novi singl. Radi se o obradi pjesme Awolna...
www.youtube.com
Е вакви работи чисто се сомневам да доживеале авторите на нашите песни, затоа се и такви какви што се.