НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.315
Поени од реакции
34.920
Лошо судење во Далас, eвe само пар очигледни грешки (што први ми идат на ум): личната на Марјановиќ кога Морис му заплетка рака во скок за топка (лична на Морис беше), и во последна четвртина во аут Клиба го удри со топка Џорџ но се досуди топка за Клиперс, инаку топката последен го удри Клиба но претходно се одби од Џорџ кој веќе стоеше во аут... Имаше уште неколку, ама ок грешки се дешаваат. ;)
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.490
Поени од реакции
5.583
Според мене Милвоки има солидни шанси да ги поминат Бруклин. Го имаат Јанис кој е единствен играч во лигата кој можи да го подзапри Дурант во одбрана (нормално, не целосно) и Холидеј кој ќе биди тежок мечап за Харден. Бруклин колку што се јаки во напад се слаби во одбрана шо значи дека Милвоки ќе имаат можност да ја играат нивната игра во напад и да креираат отворени тројки после влезови на Јанис.

Не велам дека сигурно ќе помини Милвоки ама можат многу проблеми да му направат и очекувам тесна серија со најмалку 6 утакмици.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.497
Поени од реакции
8.027
Лошо судење во Далас, eвe само пар очигледни грешки (што први ми идат на ум): личната на Марјановиќ кога Морис му заплетка рака во скок за топка (лична на Морис беше), и во последна четвртина во аут Клиба го удри со топка Џорџ но се досуди топка за Клиперс, инаку топката последен го удри Клиба но претходно се одби од Џорџ кој веќе стоеше во аут... Имаше уште неколку, ама ок грешки се дешаваат. ;)
Ако некогаш престанам да гледам НБА тоа ќе е поради судењето кое никако да го оправат.
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Според мене Милвоки има солидни шанси да ги поминат Бруклин. Го имаат Јанис кој е единствен играч во лигата кој можи да го подзапри Дурант во одбрана (нормално, не целосно) и Холидеј кој ќе биди тежок мечап за Харден. Бруклин колку што се јаки во напад се слаби во одбрана шо значи дека Милвоки ќе имаат можност да ја играат нивната игра во напад и да креираат отворени тројки после влезови на Јанис.

Не велам дека сигурно ќе помини Милвоки ама можат многу проблеми да му направат и очекувам тесна серија со најмалку 6 утакмици.
Harden vo serijava ke go izede ziv na Jrue. Ne bi rekol deka mu e tezok matchup.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
Робин Худ (не Родни Худ, друг е тој!) и лов на диви свињи.........





18+ минути видео материјал, со фокус кон одбраната на ЛА во дуелот со Санс, трт продукција- проект како дел од кампањата за промоција на домашните брендови !
Просто уживанција, нема заебанција!


Уште од првиот напад на Феникс, Лејкерс најави дека ќе блескаат дефанзивно, со многу мрсна одбрана.

Почеток на клип- Лебронов и Андре прва ситуација - ова блиц ли е или... што е концептов со спринтов на Леброн?! Пол ги луфтира двајцава и на линија за слободни има три опции - да им го свирне одма на ЛА со мид игра, која за него е леб и ајвар цела кариера, или да асистира до Букер/Краудер. Посекако, Пенис Шрудер е жртвата и го јаде тука стапот, сакајќи да покрие периметар (ќе ја шине!)

39 секунда - Папата со колебање за блиц прави Феникс да личи како да играат со 6 играчи и го става Лебронот во незгодна прилика, дури и Ајтон го збунија со лошава одбрана! Феномен- да ги збуниш противниците во нападот со лоша одбрана, види мајката , апсурди ?!

50 секунда -Драмонд и Папата на пнр, а Лебронов (го "пази" Бриџис) е дефанзивен координатор со инструкциите...кошот Ајтон им го корне додека они се договорат!

Трпението на Пол железни врати (нема ни врати, ни прозори, се е крш!) отвора во одбраната на ЛА - 1:23 2.00 2.16 5.46 8.39 9.35, 9.43 15.59 17.34

Прошетки во рекет , овој дел од теренот на ЛА е како трговски центар, 24/7 отворен - 2.58 3.45 4.58, 6.18 8.29 , 8.47, 9.03, 9.16, 10.12, 12.08, 12.15, 12.37, 12.55 16.33 17.44

Со леснотија се прави вишок играч на периметар - 3.34, 13.15, 13.26,

ЛеДебелиот фокусиран - 15 секунда се успива, 1:15 (дреме под кош а Ајтон ја собра топката) 4.20 (рипни бе бато, го гледа Краудер!) играчи му бегаат редовно (5.30, 5.37 Бриџис два напади за ред, 8.21 пак Бриџис, 9.27, 16.40 ) во транзиција е спор (8.15) или не му се трча ич (12.44) или се расправа за одлука (15.01) а противникот лесно поентира или 15.23 се одмара (Џонсон шиба тројка, Леброн уште не е вратен на негов терен!)
12.25 рака бар да крене .....

Нападов на ЛА мизерија, зачинета со премногу колебање, несигурност и бегање од одговорност на моменти - 1:32 2.33 , 13.00

Комбо Дејвис/Гасол ..... прелесно во рекетот - 1.48, 2.10

Андре Дребунг, му го горат дупето лесно во разни ситуации - 2.25 2.50 3.05 3.23 11.45,

Толку блиску - 4.12, 4.35, 14.07

Евтина глума за Холивудски стандарди- 58 секунда (Карузо,кои смешки) 5.12 (Леброн) 7.05 (Букер го турна грубо Денис, овој се тркала, брзо се "опорави" па прави склекови, како Iron Man e! ) 9.52 (Драмонд )

6.55 Андре од клупата блеска (ко Џеј Ло со гзо плеска)- заменик виш инструктор во школата на Хаким, консултант за игра под кош (по декада во лигава се уште е табула раса офанзивно-тарабука, еден полу-хорок не го научи), обично го заменува Хаким тие 2 недели од годината, кога е
Хаким на годишен одмор во Претор...инаку, чекори од Лебронот во дуелот со Краудер оваа сцена, лизга (лева) пивот нога кога оди на влез, судијата до него демек не го гледа.....цела клупа на Ла во еуфорија,а треба да седи а не да го узурпира просторот. Судијава цело време се прави како да не ги гледа, еднаш бар да им спукаше, должност му е ! Настрана критиките за Драмонд, СЕПАК треба да се пофали за тоа што, со неговите паљачо-маневри од клупата, дефинитивно се погрижи оваа сезона да не се почувствува отсуството на еден акробат како Сакре - незаменлив жонглер, кој си ја знаеше работата!

7.35 Иако клипот како компилација е без звук, нема потреба (не дека таргет група ми се само лица со оштетен слух!), ама во оваа конкретна ситуација ќе слушнете една очајна бабичка во Staples, исфрустрирана очигледно(во ложата), гласните жици ги гори дерејки се defense, и неа и скурчи од мрсната одбрана на ЛА ...и во тој момент, додека старава беспомошно рика ете го Пол поентира со таква леснотија
реку Карузо.

7.58 (со аудио) Џеф ВанГанди, како особа и тренер со толкаво искуство во овој спорт, на секое поле, со коментарот негов за флагрантниот фаул на Краудер, само прави додатно забуни кај фановите и се бламира....можам само да му препорачам да го види клипот на линков

10.00 Абе тој Крис Пол, за кој фановите на ЛА мечтаеја пред 10 години да го лапнат, за кој Штерн ги заебал, и не го прежалеа до ден денешен, тој наратив де... топли поздрави од Крис !!

14.48 Реакцијата на Леброн (погледов) кон соиграч, кога овој ќе потфрли дефанзивно !

15.45 3-2 зона лесно ја кинат со движење феникс , чак и 2+1
===================================================================================================================================

Фетишот
на Вогел-алпинистот за висина и корпулентни дибеци ( а и очигледно на цела организација, која веќе една декада прави грешки во чекори со прибирање играчки кадар, посебно од драфтови!) од глава им се удри, најблаго кажано а последиците доста горчливи. Скапиот Ролекс кој го носи Вогел, 30 години бар му доцни (дали е оргинал или тезгите ?!)....екипата на ЛА е склопена како теренот да е купатило, да не постои линија за три и дејството се одвива во 1960-та, и најголем дел од екипите во лигата се 182 cm висина просек и 80кг/играч! Иноватор на векот е и тој и Пелинот. На клупа имаш и помошник како Кид, кому бар од позиција на играч треба да му се јасни работите што значи организација на напад, што функционира денес, а што не. Ех, да беше толку лесно кроењето на екипи......

Леброн никогаш не можел да игра со центар, а не па со толку јавори и тоа во оваа фаза од кариерата. Дојде како играч во лигата кој општо немаше пристоен скок- шут од дриблинг/движење, од дистанца јок (не од место отворени шутеви, или на прсти да ми се дигне), посебно не од полу-дистанца, и овој сегмент многу ги комплицира работиве во оваа фаза од кариерата, за "флуидноста" на нападот, кој сака нека му се соиграчите. Без топка е неупотреблив (Леброн се видело ли блок да постави за соиграч во напад, така да му помогне?!) или само да ги акаш младиве дечки (Карузо, Папата, Кузма, Харт и други чираци од сојот ЛеПотрчковци) да трчаат ко луди, со цел да се ослободат за да примат топка, за тој потоа да им сервира по некое додавање и да ќари некоја асистенција (притоа и под огромен притисок децава да погодат, за да нели, му ја пишат истата и да го наполни ЛеГотованот бокскорот, инаку што фајде?!)... не ја бива пријателе така, "плејмејкеру" готовански, со крајно себичен пристап во играта (зарем е можно, плејмејкер, а себичен ?!) Само будала може да прифати таква улога во нападот(ма и во одбраната Шефот исто ги третира, немилосрден е!) да трча и шутира небалансирани и тешки шутеви од дистанца,за да му ги покрива дупките на ЛеИмператорот во играта......страшен притисок е тоа за неговите соиграчи, цела кариера негова тој досаден наратив доминира и сите се криви и достојни безрезервно да кркаат критики за промашените шутеви од дистанца(кои за млади играчи, во подем, во раната фаза од кариерата, се психолошки таква планина, колку сака нека се јаки карактерно!) , само не Лебронот!

И пред Драмонд нападот на ЛА беше дисфункционален, како расклатена запрежна кола, заглавена во кал до пола и ја "влече" пудлица. Драмонд како падобранец да го уфрлиш на овој состав е ... Гасол куленот, некои 15-18 минути не вреди во оваа фаза од кариерата да го играш за една бедна тројка (во серијата со Феникс толку битна!), која сигурно скапо ќе ја преплатиш(ако влезе и таа, минатава година за Торонто беше плејоф 5/27 за три, а 26 милиони плата!) ....такво тркало е во одбрана , уште му фали да си пише на дресот "бекчиња ситни, пердашете ме, газете ме!"

Драмонд, топка не може да води, и така бара премногу простор околу него ( за него пред се, за да биде малку пристоен офанзивно, не дека многу за тимот така би помогнал) , во Детроит ради него Грифинот (оставштина и товар од Ганди мустаќот неспособен, на бегање) тројкаш го направија, преку ноќ, за да не се шуткаат во рекет...Минатава година Двајт и Џавеил трупци ист калап, топка не можат да водат, покрај Лебронот и Дејвис....Грин само со десна може да води, ни да шутне од дриблинг. Херел и Гасол не иде во предвид помислата за шут од дриблинг, ниту пак Рондо орачот (дрибла , дрибла, дрибла.........и дрибла......) . Дејвис со рачишта ко ортоми може да шутне против било кој, ама константен шутер надвор од рекетот никогаш не бил, ни ќе биде, ма какви тројки, а во дисфункционален напад сакал/ нејкел ќе мора да плеска тројки, ќе му иде редот и него со истек на напад !

Дигаш висина на тим во екстрем и корпулентност (NBA e ова бато, кошарка, не WWE!), и правиш такви сериозни проблеми во напад, каков сака волшебник од тренер да е, не може да ги реши, и значително му ја олеснуваш на противникот играта во одбрана, а во истовреме играта твоја во одбрана е лајно, рекетот ти е решето (покрај толку тополи), скокови јок (и онака преценет аспект во денешната ера), и сите "бенефити" за кои си правел големи компромиси-глупости, на сметка на нападот(надевајки се дека со одбранава примарно ќе им ја кршиш кичмата и резултати ќе правиш во плејоф) ги нема на терен, посебно не во плејофот!! Минатата година, сите проблеми на ЛА во одбрана кои доминираа во серијава со Феникс ќе беа исто исфрлени на површина, во очи ќе го го бодеа и еден Stevie Wonder, да го имаа Мајами Драгич на располагање, како што Камерон Пеин (ин ди ес за одбранава на ЛА) левутката ги делкаше оваа серија, Словенската левутка, со уште подобар шут посебно од мид, како што за отепаните Бакси беше цунами во рекетот минатава сезона и не можеа да се справат, пресуден за таа серија што Мајами изненади 4-1 лани, во финалето ќе беше голем предизвик и за ЛА, чивија. Лопез суртукот/Јанис е иста проблематична комбинација како стар Леброн/Дејвис !
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Крис Пол е несомнено еквилајзерот за нападот на Феникс, со целото негово искуство, најголем бенефит од неговото присуство не беше тешко да се предвиди деќе има Ајтон, за кој талентот е неоспорен од првиот ден, пред се Пол е од непроценливо значење во контролата на нападот, занемарен аспект и луксуз во денешнава, трчи-плескај ера (од 12 метри ти ми плесни, и не многу ми се мести!), да умртви игра (по потреба) и да ги регистрира и експлоатира во реално време, како 4D скенер пропустиве во одбранава, и на овој начин да му дигне рачна на моменти на себичкулкот на Букер, кој немаше дилема дека е феноменален шутер и поентер, дека може да трупа во серија(прашање беше во плејоф како би играл, беше одличен, ма над очекувањата) ама и дивјак со по 30 шута, покрај кој, не само што развојот на Ајтон беше во опасност, во раната фаза од кариерата, туку и резултатите на тимско ниво страдаа.Гас/гаќи комбинација со Ајтон, штета што не е помлад Пол, врзно ткиво за младиве дечки, кои инаку само би трчале, без концепт , каков што е и нападов на 90% од екипите денес во лигата, за жал!!



Резил е за реномето на самата лига овој резултат, не затоа што Шампионот лета прва рунда или Леброн првпат паѓа во прва рунда во кариерата, БРУКА пред се за имиџот на лигата во контекст на стандардите за квалитетот на денешната кошарка во НБА, која во последните 6-7 години е буквално пародија на она што НБА некогаш беше, како најјака кошаркарска лига во свет, особено КОГА најдобрата дефанзивна екипа (по некој си кур- се -тресе дефанзивен рејтинг, верглан цела регуларна сезона од шарлатани, кои гледаат кошарка на хартија и табели!) ќе биде брутално демонтирана во плејоф, со сите слабости ДЕФАНЗИВНО, така воочливи дури и за најголемиот дел од публиката, која за жал многу не се замара денес за тој сегмент од играта, и тоа од екипа во која, поискусниве-ветерани имаа поентерски мизерен придонес (Дедо Пол, шинат, со 36 години и со една рака и 7-8 поени просек, и Краудер- докажана неконстантна тиква, кој го помодре обрачот од промашувања(први три нат 3/20 за три) и само два натпревари пристојни изигра), И со колеџ младичи -Букер, Бриџис, Пејтон, Ајтон, Џонсон ударна тупаница офанзивно, во просек дури 23 години, кои првпат играат плејоф !!

Така да , наградното прашање е= Што останува за "дефанзивата" на другиве екипи, на што личат тие ако број 1 дефанзивата е смешки ?????!!!!!!!!

Дефанзивен рејтинг, жими таквото!!!!

Лејкерс беа оваа сезона во плејоф ЛеДебели, ЛеНаивни, ЛеРаштимани, со менаџмент кој одлепил од реалноста и нема осет за денешнава ера, ЛеСпори и како резултат на сите овие атрибути (и визионерство) во одбраната ЛеЧОРБА, и сосема заслужено се
НБА ШАМПИЊОНИ!



 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.497
Поени од реакции
8.027

Човеков у 10 минути ги објаснува работите што ние постарите фанови на НБА ги збориме цело време за денешната НБА :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.782
Поени од реакции
115.723
Прв пат овој трт го дочитав до крај и прв пат не добива sad од мене него лајк. За се е во право и истото го посочував после Г4 и после Г6 откако отпаднаа ЛАЛ, едино што он разглобил на големо што како и зошто. Леброн е канцер во двата правци, одбрана веќе 4та или 5та сезона по ред не игра воопшто, статира само, а нападот го гуши зашо изиграва плеј и ја дрка по 20 секунди топката и пошо е пичка подава у 22ра секунда од напад на некого и нормално дека ќе има промашувања и очајни проценти за тројка од сите играчи. Концептот со двајца високи играчи не е толку лош, проблем е што високите играчи се куртонот Драмонд и 80 годишниот Марк Гасол и Дејвис како единствен јак и квалитетен играч. Да има на пример некој центар што ете не мора да биде ѕвезда ама да корне дефанзивно ако ништо друго, е тогаш би било друга приказна, така и за Дејвис ќе е полесно а и за останатите.

Друг проблем се шутерите, односно немањето на истите. Џабе предност преку Дејвис или Леброн кога тоа не се искористува ефективно. Ги дупнаа обрачите Метјус, Морис, Кузма и компанија, дно дупнаа. Мене лично ми е интересно кога ќе видам различни стилови на игра, ете Лејкерс игра кошарка која не е типична за модернава кошарка, ама брате ова беше прелошо против Феникс. Јебига, 2021 година е, ера на шут од далечина е и нема бегање од тоа.

Трето, апсолутно е во право трт за Леброн и неговото немање на одредени работи во напад. Ликот не знае да игра без топка, нема скок шут од полудистанца, нема шут од дриблинг, едино фрла цигли од 8-9 метри и чат пат ќе влезе некоја. Затоа се ежам кога ќе кажат најталентиран дека бил, реално тоа е навреда за сите што го познаваат спортот наречен кошарка. Околу физичките предиспозиции, интелигенцијата, нема збор и излишни се зборови овде.

И јас како и членот Генерал мислам дека ќе гледаме интересни полуфиналиња, ептен има квалитет сезонава.
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987



James Harden suffered a right hamstring injury and will not return to Saturday’s Game 1 against the Nets, per Shams Charania on Twitter
This is a brutal blow for Brooklyn and this just means that Kevin Durant and Kyrie Irving will have to do some more heavy lifting, but no one can say quite yet if Harden’s absence will be longer than just this game. Even worse, this was the same hamstring that kept Harden out for much of the second half of the regular season, so maybe it lingered even longer than expected (as hamstrings tend to do). Per Jared Greenberg on the TNT broadcast, The Beard left the arena immediately to get an MRI on the hamstring as well. Mike James entered the game for him and may get more run than expected.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.538
Поени од реакции
17.952
Go prokolnaa od Hjuston

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.538
Поени од реакции
17.952
Durant i Kajri ko na video igra u pm

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.497
Поени од реакции
8.027
Блејк Грифин со партија како на времето во Клиперс. Шутеви, забивања, одбрана и 6 лични за крај :)
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.141
Поени од реакции
11.758
Блејк Грифин со партија како на времето во Клиперс. Шутеви, забивања, одбрана и 6 лични за крај :)
Го јадоа повредите, инаку добро изигра.


Ти реков да не ја товариш, Харден најверојатно толку од сезоната (ќе видиме утре/деновие), среќа што Дјурант е напизден и сака титула но ќе видиме колку ќе издржи 40+ минути по утакмица.
Јанис е исто накурчен, помлад, поподвижен...

Башка денес шутот ги служеше во клучни моменти и Бруклин цела утакмица ја одигра на крила на навијачите.

Ако ништо друго убаво е да се гледа баскет со публика, ќе уживаме. :)))
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom