Чудно како нема нови лица кај Милчета или му се брза сега, нема време да праве кастинг 10 месеци. Го нема Медо Брундо да му чува грб.
Секој нов филм му е со различни глумци, горе-долу неафирмирани.
Во овој ги гледам Сарка и Камка од "Врба", Микиќ од "Пред дождот" (може и во некој од другиве да игра не ми текнува), Пепи Мирчевски од секој Милчев филм (освен Бикини Мун) и Филип Трајковиќ ко ново лице (не сум сигурен дали во Мајки играше, не ми се проверува).
Снимањето е најавено за летово.
Имаше инфо дека и Тамара Котевска ќе го снима првенецот на лето, али кој знае. Освен од Македонија, нема добиено средства од друга земја, колку што знам.
"Можеби" на Абдили исто беше најавено дека наскоро ќе се снима, кога бог ти знае.
Од кратките, инфо имам за 4 филмчиња што се планирани да се снимаат летово. Ќе видиме што-како кога ќе удрат прва клапа, да не откривам наслови, а да се деси да го одложат снимањето.