Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Па чисто сумљам, зашто би се пазел поише? Тој што си се пази се пази, тој што не се пази пак го боли кур. На крајот од денот не ни смени нешто тоа кој колку се пазел во април март кога имавме по 1000.
Психологија.
Колешка не иде на работа зашто прими вакцина, и други помалце се мешаат со луѓе, барем тие што ги знам јас како пример.
 
Ова е многу точно. Со овој процент на ваксцинирани бројките не може да се должат на вакцинација. Можеби некој мал дел. Можеби самиот вирус „ослабнал“, можеби веќе критичната маса има антитела, мал процент се мерките со кафани во затворено. А најверојатно комбинација на сето ова и затоплување на времето. Колку што паметам и минатата година имаше пад со зголемување на температури.
Има буквално ист изглед бранот со тој на есен, кога немавме ни вакцини ни мерки некакви. Едноставно вирусот си се засити и нема кој да зарази, се до следниот позаразен сој.
Автоматски споено мислење:

Психологија.
Колешка не иде на работа зашто прими вакцина, и други помалце се мешаат со луѓе, барем тие што ги знам јас како пример.
Чисто сумљам дека тоа е причината. Тоа се индивидуални случаи, грото од луѓето заборавија на вирусот. Кафичите се фул, маските ретко кој носи, се прават собиранки со луѓе што не си ги видел цела зима. И бројките упорно паѓаат.
 
По логика бројките паднаа заради тоа што огромен број го прелегаа вирусот и топлото време што придонесе поголема природна вентилација во затворен простор. Кафаните работат само на терасите(освен оние што не се знае дали е тераса или затворен простор). И реинфекцијата изгледа е многу ретка, тие околу мене што прелегаа сите беа пред нова година и никој не заболи повторно сега. 7 месеци после прелегување корона и 5 месеци после правење тест за антитела повторно направив тест и бројката е намалена за една третина од пред 5 месеци што значи си трае заштитата колку толку.
 
Чисто сумљам дека тоа е причината. Тоа се индивидуални случаи, грото од луѓето заборавија на вирусот. Кафичите се фул, маските ретко кој носи, се прават собиранки со луѓе што не си ги видел цела зима. И бројките упорно паѓаат.
Има врска...Матичните потенцираат дека после вакцинација паѓа имунитетот... И кај мене после вакцина се припазуваат :)
 
Има врска...Матичните потенцираат дека после вакцинација паѓа имунитетот... И кај мене после вакцина се припазуваат :)
Мајка ми се вакцинира со Синофарм пред околу две недели, неколку дена после вакцина ми вика два пати се качив до Смолево овие дена ич не се уморив, прв пат така, ја зафркавав и велам којзнае што ти вбризгале тебе :ROFLMAO:
70 години има инаку :)
 
Koga se dobiva celosen imunitet so Sinofarm i dali e preporacano da se napravi test za antitela, za potvrda deka deluva?
 
Во интерес на сите е да се признаат сите вакцини. Економиите се секаде потоп, едвај чекаат раздвижување. Фиктивните ограничувања веројатно беа некаков дел од глобалната кампања за вакцинација.
 
 
А зошто не ги олабават мерките за нас, нели е смирена ситуацијата периодов.
Колкава треба да е максималната бројка на заразени случаи дневно за да смееме да патуваме ?
Се е политика тука.
 
Koga se dobiva celosen imunitet so Sinofarm i dali e preporacano da se napravi test za antitela, za potvrda deka deluva?
Ко што читав српски весници, Синофарм најбавно развива антитела, 40 дена после втора доза за целосен имунитет, а антителата почнуваат да се развиваат 2-4 недели по втора доза.
 
А зошто не ги олабават мерките за нас, нели е смирена ситуацијата периодов.
Колкава треба да е максималната бројка на заразени случаи дневно за да смееме да патуваме ?
Се е политика тука.

Mene pa sosema logicno mi e da cekam so olabuvanje prema drzavi, koi tolku ocigledno manipuliraa so brojkite. Mislam, ocigledno bese. A i objavuvanje posle nedeli duri bese javno. Bez ogled dali bile drzavni ili privatni bolnici. Ako se sekavam dobro.
 
Не знам дали некој ја има постирано сликава, али еве што информации ставаат за вакцините на пунктовите за вакцинација...

received_948845435946487.jpeg
 
Имаме 20 000 ревакцинирани во државата, и окулу 10 во србија со една доза. Нема врска паѓањето на бројките со тоа. Држави со 10,20 пати поголем процент на вакцинирањето немаа ваков пад.
Не е битно дека падот нема врска со вакцинирањето,ако делуваат ефектот ке се осети на есен ако успее да се спречи нов бран,тоа е најбитно,да нема покољ есен/зима
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom