Позајмување пари на идиоти

  • Креатор на темата Креатор на темата Reptilian
  • Време на започнување Време на започнување
Совет: Ако сакате да позајмите пари на некому, направете го тоа заверено на нотар.
Па ако не ги врати, дај го на суд.
 
Совет: Ако сакате да позајмите пари на некому, направете го тоа заверено на нотар.
Па ако не ги врати, дај го на суд.

Совет, не треси глупости ако не знаеш како тоа функционира.
 
Вози дупло поскапа кола од мене, дупло поскап телефон, и тој е ликот што ќе ти побара пари на позајмица, а не некој лик како мене во друштво.

Како бе? Која организација од живот ја живеат вакви луѓе, то не ми е јасно...
 
на минималната плата што ја зимам уште да позајмувам фали, т.е што да позајмувам?
 
на минималната плата што ја зимам уште да позајмувам фали, т.е што да позајмувам?

Стрипови? Имаш некој Марти Мистерија да ми позајмиш? Многу ми недостигаат стриповите со Марти Мистерија.
 
Јас на најдобар другар пред 8 години му дадов 50 евра и уште ми ги нема вратено. Ама знам, заборавил, ма да јас долг никогаш не би заборавил и не го разбирам тоа, и стварно ми е глупо да си ги барам. Но ајде, деца сме биле тогаш. Ама па не се замарам за толку, туку проблемот е што не знам дали исто не би кажал да биле рецимо 200. Така да јас сум тип што не треба да дава пари на заем, и не давам, освен на 3 4 личности.
 
А зошто си сигурен дека не би ти вратиле пари?

Затоа што ги знам како дишат тие што ми барале, и не барале само од мене, барале од сите заеднички другари, и некои од тие заеднички другари им дале и не им биле вратени парите, па тие што излажале веќе еднаш што ги спречува да ме излажат мене?
Подобро да ме мислат за идиот отколку за будала :D
 
Јас на најдобар другар пред 8 години му дадов 50 евра и уште ми ги нема вратено. Ама знам, заборавил, ма да јас долг никогаш не би заборавил и не го разбирам тоа, и стварно ми е глупо да си ги барам. Но ајде, деца сме биле тогаш. Ама па не се замарам за толку, туку проблемот е што не знам дали исто не би кажал да биле рецимо 200. Така да јас сум тип што не треба да дава пари на заем, и не давам, освен на 3 4 личности.
Зошто мислиш дека е глупо да си ги бараш!?
 
Летав у Полска пред 5-6 години, на аеродром ми се заглави картичкава у банкомат на саат време пред лет. И слетувам у Варшава без денар у џеб. :D Имав некои кроасани у куфер, имав лет до Вроцлав за 12 саата. Преживеав некако, слетувам у Вроцлав гладен, среќа платено ми беше од аеродром до местово кај шо требаше да идам на семинар. Која иронија без евро у џеб возач ме бара по аеродром :D

Стигнувам таму у 3 сабајле, македонец цимер. Вака и вака викам сеа се упознаваме, ова ми се деси со картичка ако можеш помагај 100тина евра ќе завршат работа за една недела, дај ми сметка, другар ми ќе ти уплати исто толку на трансакциска. Типот ладен скроз, не бе шо ќе ми уплаќа, коа ќе се вратиш у Скопје ќе уплатиш ти. И почна да ми набројува на овој волку позајмивме фамилијарно, на оној жиранти сме, на оној толку, па и да не ми ги вратиш нема да ми смени многу :D му ги вратив секако, иако имавме храна и смештај платено нигде не се иде без пари. Оттогаш кеш стално носам со мене, покрај картичка.
 
Совет: Ако сакате да позајмите пари на некому, направете го тоа заверено на нотар.
Па ако не ги врати, дај го на суд.
глупости.... само плус нотарски а после и адвокатски трошкови за тужење + на крај за извршител + нема да може да изврши...
Ептен ако мора да се позајми, подобро хипотека на имот, нема љутиш... ама и тука може за*б... на времето Земал некој Кредит од Банка 180000 евра, ставил под хипотека голема куќа во Тетово... но куќата иако била голема поради локациски фактор не вредела пазарно ни 90,000евра, ама клиентот го подмачкал референтот за проценка...кога земал парите кидавела во странство, а банката мака мачи со продажба на хипотекарен имот...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom