Многу ми сте јаки со муабетите ни барам пари ни позајмувам, и како сте сите морално исправни личности кои барем еднаш биле заебани од некој преварант. Околи вас само коцкари и пропалитиси, а вие сите некрстени праведници.
Бидејќи животот е толку едноставен, и никогаш не би ве донел во ситуација да побарате пари на зем, или да дадете.
Живеете со луѓе и околу луѓе, многу се покомплицирани работите од ни барам ни давам. Јас многу пати сум дал пари на зем, некогаш и големи суми, исто така сум знаел да за назајмам по 4-5000 евра. И само да знаете, многу побргу ќе позајмите пари од тие кој со презир ги нарекувате коцкари, од колку од домаќини луѓе. Од такви ми се сере.
Има една приказна за еден покер играч кој го сметаат за најталентиран во историјата, се викаше Stu Ungar. Некогаш се шетал со некој пријател низ Вегас навечер, и му пришол непознат човек кој му побарал пари на заем. Овој брцнал во пантолоните и му дал 1000 долари. Овој заминал, и пријателот му рекол како може на непознат човек да му даде 1000 долари. Стју му одговорил, да го знаев ќе му дадев 5000.