Позајмување пари на идиоти

  • Креатор на темата Креатор на темата Reptilian
  • Време на започнување Време на започнување
Еве и јас ќе ти кажам мој личен пример:

Со еден другар што се дружев неколку години кога ќе дојдеше дома кај мене на гости - јас живеам на трети спрат во куќа, а типов кога ќе дојдеше кај мене на гости ќе ми речеше бато ај слези долу плати го таксито... Јас одма го плаќав... Со тоа типот го спасавав од ќотек. Бидејќи ако му речев и јас немам пари тогаш таксистот ќе му удреше квалитетен ќотек...

Типов зема 2О.000 денари плата ама 7.000 денари ги дава за ТАКСИ.

Не можел да се вози со точак бидејќи имал фобија...

Кај постои таа фобија од возење точак на 35 години. Сум слушнал јас за еден куп фобии, ама за фобија од возење точак уште то чудо не сум го слушнал...

И јас имав фобија од возење точак ама на едно 5-6 годишна возраст...

Ама работата е што типот си најде изговор бидејќи тоа му е полесен начин, од што го мрзи да врти на педалата и бидејќи му плаќа некој друг...
Страшно.

Па ако има фобија од точаци, а нема пари за такси, едноставно нека си оди кај што треба пешки, не гледам причина зашто некој друг би требало да му плати такси.

Мислам дека многу луѓе у државава немаат разграничено што е луксуз, а што е потреба, па затоа има вакви нус појави на луѓе кои што се позејмуваат и не враќаат пари, како и луѓе кои што се гребатори по дефиниција.
 
Чим позајмувал и од други луѓе тогаш огромна е веројатноста дека нема да ти ги врати.

Ако живи со неговите, лепо фино оди им на врата и објасни им дека тој ти дужи пари. Во случај да е женет, лепо фино кај жена му па нека се расправаат.

Зависи за колку пари се работи искрено, постојат и други начини да си ги вратиш парите, но пак ќе кажам, за мала сума на пари реално не вреди да правиш проблеми, едноставно одјеби го типот и биди среќен што ти го покажал вистинското лице за таа сума на пари.
Џабе е да кажеш на неговите, не се замарат. Он си правел проблем, нека си го решавал сам.

Повеќето играат на карта ако ме истепа ќе го пријавам. Ем виновен ем мангуп изиграва. Но не разбира дека поради тоа мангупење ќе ја терам до крај работата, инат ме фати.

Џабе го штити закон. Можам да најдам решение и што не го крши законот.
Автоматски споено мислење:

Фобија од точаци :pos:, човек да умре од смеа
 
Има едно правило при позајмувањето пари на „другари“. Дај онолку колку што можеш да прежалиш никогаш да не ги добиеш назад. Ако даваш со мисла дека ќе ти ги вратат од старт знај дека тоа е голема шанса никогаш да не се случи.

И јас сум дал пари на „другарчина“ и еве „чекам“ да ми вратат кој со месеци кој со години кој од прошли век што се вика... јбг
 
Треба да си кретен и идиот да позајмуваш пари кога знаеш какво е времето денешно а и ако знаеш дека индивидуата нема да ти ги врати пари односно не е способен да ги врати назад.
Едино ако имаш вишок пари и не ги цениш тоа е друго односно трудот кој си го вложил за заштеда сите жртви и одрекувања кои си ги направил за таа заштеда да ја потроши некој друг е тука проблемот ти си самиот што си дозволил да ти се деси.
Можда звучи за некого себично или незнам како ама јас тоа ке си го наречам самопочит
 
Ако сакаш да се ослободиш од некој досаден човек, дај му на заем 500 денари и раат си од него.
Кај мене границата е до 1000 денари и доста луѓе ми се тргнаа од пред очи :D

Инаку луѓе на кои би позајмил и поголема сума на пари се бројат на едната рака, ниту имаат некакви пороци ниту сакам да помислам дека би ме заебале. На сите останати би внимавал да им дадам и 50 евра.

Инаку на страна од позајмување, уште потешко е да си наплатите она што сте го изработиле за македонски фирми со договори за деловно техничка соработка и сл.
Кај мене ваквите се со полоша класификација и од овие коцкарите, ај со нив знаеш од старт дека си заебан ама со овие, ем ќе му завршиш работа ем ќе се молиш со месеци/години да ти ги даде (никогаш нема да земеш тоа што е договорено, една од работите оти се помалку би се осудил да соработувам со македонски бизнисмени). Не може да го тужиш оти пишува проект, твојот збор против неговиот, никогаш нема да признае дека си му сработил се што треба. Е вакви имам за земање од повеќе места и не верувам дека некогаш ќе ги земам со арно.
 
Ниту барам заем, ниту давам заем, подобро да бидам ,,идиот" отколку ,,будала".
 
Пред 2-3год позајмував ко будала пари, се изгорев добро и од тогаш ни на брат не би дал. Тие што ти се прават големи другари нема да ти го вратат и постепено ќе се одалечат. Додека овие другиве што се само на еј здраво како си ги враќаат. Барем ја така приметив.

Овие што бараат и не враќаат имаат шема. Ти бараат малце на почетокот и ги враќаат колку да помислиш дека ги враќа. Послем ти зима поголема сума и толку не го гледаш повеќе.
 
Во нашава држава такви луѓе што закрпуваат некого со пари по процентуалност најмногу се од градовите:

1. Пробиштип
2. Штип
3. Кочани
4. Велес
5. Македонски Брод
6. Радовиш

А најфер луѓе за враќање парите можам да речам дека се Битолчани и Стружани...
 
Лихварска франшиза да не имаш, па ги знаеш вака детално процентиве? :pos:
 
Сум позајмувал мали суми на пари (100-200-500ден) и секогаш ми биле вратени. Пред 7-8 месеци позајмив 100 евра на не многу познат пријател и зажалив. Повеќе не позајмувам пари на никого, апсолутно на никого од круг на пријатели.
После 5-6 месеци чекање да се свести и да ми ги врати, ми вели брат да ти се пофалам - си купив телефон :tapp:
 
Многу ми сте јаки со муабетите ни барам пари ни позајмувам, и како сте сите морално исправни личности кои барем еднаш биле заебани од некој преварант. Околи вас само коцкари и пропалитиси, а вие сите некрстени праведници.

Бидејќи животот е толку едноставен, и никогаш не би ве донел во ситуација да побарате пари на зем, или да дадете.

Живеете со луѓе и околу луѓе, многу се покомплицирани работите од ни барам ни давам. Јас многу пати сум дал пари на зем, некогаш и големи суми, исто така сум знаел да за назајмам по 4-5000 евра. И само да знаете, многу побргу ќе позајмите пари од тие кој со презир ги нарекувате коцкари, од колку од домаќини луѓе. Од такви ми се сере.

Има една приказна за еден покер играч кој го сметаат за најталентиран во историјата, се викаше Stu Ungar. Некогаш се шетал со некој пријател низ Вегас навечер, и му пришол непознат човек кој му побарал пари на заем. Овој брцнал во пантолоните и му дал 1000 долари. Овој заминал, и пријателот му рекол како може на непознат човек да му даде 1000 долари. Стју му одговорил, да го знаев ќе му дадев 5000.
 
Последно уредено:
Лихварска франшиза да не имаш, па ги знаеш вака детално процентиве? :pos:
Процентиве ги знам бидејќи со многу луѓе од скоро сите градови во нашава земја сум се движел...Од колеги од работа (сезонски работници), познаници, другари од моите другари, од војска и од многу многу други места...
 
Многу ми сте јаки со муабетите ни барам пари ни позајмувам, и како сте сите морално исправни личности кои барем еднаш биле заебани од некој преварант. Околи вас само коцкари и пропалитиси, а вие сите некрстени праведници.

Бидејќи животот е толку едноставен, и никогаш не би ве донел во ситуација да побарате пари на зем, или да дадете.

Живеете со луѓе и околу луѓе, многу се покомплицирани работите од ни барам ни давам. Јас многу пати сум дал пари на зем, некогаш и големи суми, исто така сум знаел да за назајмам по 4-5000 евра. И само да знаете, многу побргу ќе позајмите пари од тие кој со презир ги нарекувате коцкари, од колку од домаќини луѓе. Од такви ми се сере.

Има една приказна за еден покер играч кој го сметаат за најталентиран во историјата, се викаше Stu Ungar. Некогаш се шетал со некој пријател низ Вегас навечер, и му пришол непознат човек кој му побарал пари на заем. Овој брцнал во пантолоните и му дал 1000 долари. Овој заминал, и пријателот му рекол како може на непознат човек да му даде 1000 долари. Стју му одговорил, да го знаев ќе му дадев 5000.
Во право си дефинитивно, ама еве јас не дадов пари на некој што се коцка затоа што дечкото доаѓа од фамилија која има пари поише од мојата, дечкото беше иљадници евра во минус и дури и родителите го контролираа.
и јас да сум некоја светски позната фаца со иљада долари у џеб, гарант би ги давал многу полесно него ли сега :)

инаку многу убаво тазмислување на една моја пријатечка, за овие што бараат пари на улица било за дрога да е или алкохол. Она вика јас сигурно нема да го излечам, ама со овие пари и да се напие една ракија, бар за момент ќе се осети посреќен. Мене тоа ми е доволно :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom