Ќе стартуваат и Маунт и Фоден за репка бе, двајцата вријат сезонава. Мене Рашфорд ми е чуден, делува како да го достигна својот плафон и како да стагнира, а лично сметам дека може да е далеку подобар.
Игра со повредено рамо од Октомври/Ноември што директно му влијае на скок игра, градење/буткање и често прави некои неартиклуирани движења. Мобилноста исто му има претрпено многу ради тоа. Дополнително имаше некои други повреди кои ги влечеше како напукната коска на стапало (мислам дека му се смири), зглоб и сл. Сума сумарум цела сезона ја игра повреден и со pain-killer-и, самиот тој инсистира да игра со цел да му помогне на тимот. После ЕП треба да прави операција на рамото. Лани имаше зезната повреда на кичма поради која долго отсуствуваше, не знам каква му е ситуацијата со кичмата и дали и тоа му влече некои последици.
Супер е Рашфорд, одличен и приземјен професионалец е, со огромни амбиции. Напорно работи и не е уфилман дека го фатил бог за муда (доаѓа од сиромашна средина, па си ја има сфатено сериозно работата).
Околу муабетот Маунт-Гринвуд-Фоден, различна е ситуацијата кај сите. Маунт е одличен и константен сезонава, кој со доста пот се избори за респектот кој го заслужува. Лани го потценуваа како ништо посебно (коментарите на Жозе Мурињо први ми се вртат во глава), прошло лето се збореше Хаверц местото ќе му го зел и слично, ама човекот искина сезонава. Дефинитивно заслужува во тим на сезоната да биде.
Фоден е страшен талент и одличен играч, кој се надевам нема да престане да напредува. Имаше јак опис за него - "шпански мигрант, кој го посвоиле во Стокпорт".Дефинитивно изигра јако во големи натпревари сезонава, дали е за во тимот на најдобри 11, не сум сигурен но сезонава ја изигра на високо ниво.
Гринвуд е/беше релативно нов во приказната, настрана личните моменти каде му се самоуби најдобриот другар и не беше психички на место.Лани дебитираше зошто за корона паузата накачи бааги чист мускул, па стана способен да игра во ПЛ, претходно беше ко сучка.
Има страшен финиш (Оле велеше дека е најдобар и најприроден финишер што го видел уште пред да го промовира) и не знае која му е најдобра нога. Со двете игра подеднакво добро. Но исто така Гринвуд имаше и бааги за учење и напредување, all-round играта не му беше уште на ниво (сезонава напредна доста во тој сегмент). Играта со глава му напредува ама уште не е на квалитетно ниво. Движењето во 16ик исто му напредува, ментор му е Кавани. Сума сумарум има уште неколку години за напредување пред да биде еден од подобрите играчи.