Несогласување во брак

  • Креатор на темата Креатор на темата Moody
  • Време на започнување Време на започнување
Како бе уште некоја?
Во вечит календар ми ги пишува уште триесет. Не се баш малку.
Da be Highlander :cautious:
Владе е очигледно помлад од нас, па си вика тие накај нашата возраст се со една нога онаму, пу пу да не чуе злото:D
I Bog bira drustvo :sneaky:
 
Бира, бира, од сите возрасти сака да има, а не само старци околу него..така да, не се топори многу:D
Da be ti, sega od ko go prelezi virusot zede sila. Pred to guveese ko mlada nevesta :sneaky:.
 
Се зачленив тука за да си ја кажам маката да си олеснам на душава. И некој совет.
Мажена сум 4 години имам две деца едното 4 другото година ипол, моментално сум невработена. Со мажот ми се знаеме долго време се дружевме бевме блиски на него сум ги кажувала сите проблеми кој сум ги имала во животов, пораснав со мајка ми која психички и физички ме малттетираше имав о очув кој беше добар се додека не се напиеше и тогаш не бркаше од дома тоа често се случувааше и да се тепаат расправаат пред мене. Трауми си имам уште од дете. На сопругот тогаш добар другар му раскажував се што ми се случваше зошто му верував..
Знаев дека му се допаѓам па некако не знам ни јас самата почнавме да се гледаме ми обрнуваше внимание што ми годеше се чустував убаво. Се земавме, живееме со неговите на посебен спрат од нив, тој во текот на нашата дружба и врска не ми кажуваше ништо за него и неговата фамилија. Јас ги познавав и мислев дека се многу добри но не било така. Татко му е алкохоличар, а мајка му опсесивна лудача која постојано провоцира и сака да прави кавги и сплетки двајцата се врвни манипулатори и маж ми бил таков...многу добри глумци. Првата година од бракот беше добра се додека не се роди првото дете се промени за 360 степени. Под влијание на мајка му почна да станува вербално агресивен никако неможеш со него да зборуваш, а тој да не е во право такви се и неговите.. што и да се случеше постојано мене ме обвинува секогаш топката ја врти на негова страна, почнува да обвинува без причина да се дере се само тој да биде во право. Лупа крши низ дома се дере по децата ми се дере мене зошто некое од децата плачат кога беа бебиња им се дереше да не плачат, јас сум била крива дека плачеле се што ќе направат или ќе се случи лошо јас сум крива и почнива да се дере да урла крши. Децата се вознемируваат плачат, а тој уште повеќе урла се дере зошто плача. Трпам и навреди, тоа неговите го слушаат ама нив им е гајле зошто и тие такви се научени на тоа нив дури им е мило. Мајка му е опседната со поголемово дете како мајка да му е. Таа чека мажот и да се напие и да почне да провоцира и да направи караница. Сакам да се разведам но моментално заради ситуацијава со вирусов не работам, а и немам каде да одам мајка ми нема да ме прифати. Кога и се пожалив еднаш ми рече сама си го бирала трпи. Да бегајќи од нејзиното малтретирање отидов во друго. Работев по 12 часа за да се издржуваме и што помалце дома да бидам и пак не и чинев навреди, пцуење колнење како помала и секојдневно тепање ми беа секојдневие, деновите кога немаше да ме удри и навреди беа празник за мене. И во школо имав психичко малтретирање бидејќи бев повлечена се исмеваа и навредуваа со мене имав само една другарка која беше нешто слична ситуација како мене па си се подржувавме и ден денес се дружиме. Избегав од еден пекол во друг, не знам што да правам не се издржува веќе ова секој ден напнат да пазиш како да се однесуваш за да не се истури сиот бес врз тебе. Потценувања, заплашувања и викање скоро секој ден. Не се издржува повеќе мислам на најлошото ме држат само децава да не направам нешто.
 
^ Шах Мат

Не ми е сватливо како тоа може човек погрешно да процени карактер ако живее и е во близина со некого подолг период.
Дали тоа во брак влегувате после 890 излагања на кафе седенки и 3 годишни одмори од по недела дена каде секој со секого си глумите лудило за тие 7 дена?
 
Манипулатори, добри манипулатори кој бараат наивни жртви кој ќе си играат како сакаат со нив.
 
Луѓеро се жива материја и се менуваат од ден во ден.
По претпоставка дека нема друга страна, ти се наоѓаш во ситуација од која мораш итно да излезеш. Едноставно е да се рече но тешко е да се направи. Што побрзо се разведеш толку побрзо твојот нов живот ќе започне.
Мали деца се мали проблеми
Големи деца се големи проблеми
Ако сега не собереш храброст да пресечеш, никогаш и нема или ќе биде многу доцна за да промениш било што
 
^ Шах Мат

Не ми е сватливо како тоа може човек погрешно да процени карактер ако живее и е во близина со некого подолг период.
Дали тоа во брак влегувате после 890 излагања на кафе седенки и 3 годишни одмори од по недела дена каде секој со секого си глумите лудило за тие 7 дена?
Карактер се проценува кога со некој ќе бидеш по 24 саата на ден подолг период. Тогаш паѓаат површните маски и излегува на површина се шо има една личност.
Ногу лоша ситуација. Ај биди паметен и дај савет! Со Господ напред.
 
Така е посебно луѓе манипулатори кој бараат жртва тие ќе се однесуваат така како што она би сакала со неа. Ако им ги искажеш твоите стравови маки си им паднал во раце имаат матријал што сакаат да прават со твојата психа. И најчесто кога ќе се свестиш касно е.
 
Луѓето се менуваат со тек на време, нажалост. Мене ми е фасцинантно како е можно во денешно време кога буквално за секое семејство се знае какви се по нарав, да има вакви случки. Жал ми е за децата, тие се најмалку криви.
 
Така е посебно луѓе манипулатори кој бараат жртва тие ќе се однесуваат така како што она би сакала со неа. Ако им ги искажеш твоите стравови маки си им паднал во раце имаат матријал што сакаат да прават со твојата психа. И најчесто кога ќе се свестиш касно е.
Во вакви ситуации, мора да бидеш реална и силна. Во моментов децата се мали и ти немаш каде да одиш. Чекор по чекор почни. Веднаш почни да бараш работа. Првата работа која треба да ја смениш е да пробаш да имаш некаква финансиска независност. Некои луѓе се окрутни кога се свесни дека целосно зависиш од нив. Пред себе постави јасна цел: не вреди еден живот да се потроши да некој што тоа не го заслужува и второ уште побитно, биди подобра мајка на твоите деца од твојата мајка.
Кога ќе имаш свој приход можеш да почнеш да тргаш на страна по малце пари се со цел да се осамостоиш.
Треба многу трпение, нема да биде преку ноќ ама со јасна цел ќе успееш.
 
Се зачленив тука за да си ја кажам маката да си олеснам на душава. И некој совет.
Мажена сум 4 години имам две деца едното 4 другото година ипол, моментално сум невработена. Со мажот ми се знаеме долго време се дружевме бевме блиски на него сум ги кажувала сите проблеми кој сум ги имала во животов, пораснав со мајка ми која психички и физички ме малттетираше имав о очув кој беше добар се додека не се напиеше и тогаш не бркаше од дома тоа често се случувааше и да се тепаат расправаат пред мене. Трауми си имам уште од дете. На сопругот тогаш добар другар му раскажував се што ми се случваше зошто му верував..
Знаев дека му се допаѓам па некако не знам ни јас самата почнавме да се гледаме ми обрнуваше внимание што ми годеше се чустував убаво. Се земавме, живееме со неговите на посебен спрат од нив, тој во текот на нашата дружба и врска не ми кажуваше ништо за него и неговата фамилија. Јас ги познавав и мислев дека се многу добри но не било така. Татко му е алкохоличар, а мајка му опсесивна лудача која постојано провоцира и сака да прави кавги и сплетки двајцата се врвни манипулатори и маж ми бил таков...многу добри глумци. Првата година од бракот беше добра се додека не се роди првото дете се промени за 360 степени. Под влијание на мајка му почна да станува вербално агресивен никако неможеш со него да зборуваш, а тој да не е во право такви се и неговите.. што и да се случеше постојано мене ме обвинува секогаш топката ја врти на негова страна, почнува да обвинува без причина да се дере се само тој да биде во право. Лупа крши низ дома се дере по децата ми се дере мене зошто некое од децата плачат кога беа бебиња им се дереше да не плачат, јас сум била крива дека плачеле се што ќе направат или ќе се случи лошо јас сум крива и почнива да се дере да урла крши. Децата се вознемируваат плачат, а тој уште повеќе урла се дере зошто плача. Трпам и навреди, тоа неговите го слушаат ама нив им е гајле зошто и тие такви се научени на тоа нив дури им е мило. Мајка му е опседната со поголемово дете како мајка да му е. Таа чека мажот и да се напие и да почне да провоцира и да направи караница. Сакам да се разведам но моментално заради ситуацијава со вирусов не работам, а и немам каде да одам мајка ми нема да ме прифати. Кога и се пожалив еднаш ми рече сама си го бирала трпи. Да бегајќи од нејзиното малтретирање отидов во друго. Работев по 12 часа за да се издржуваме и што помалце дома да бидам и пак не и чинев навреди, пцуење колнење како помала и секојдневно тепање ми беа секојдневие, деновите кога немаше да ме удри и навреди беа празник за мене. И во школо имав психичко малтретирање бидејќи бев повлечена се исмеваа и навредуваа со мене имав само една другарка која беше нешто слична ситуација како мене па си се подржувавме и ден денес се дружиме. Избегав од еден пекол во друг, не знам што да правам не се издржува веќе ова секој ден напнат да пазиш како да се однесуваш за да не се истури сиот бес врз тебе. Потценувања, заплашувања и викање скоро секој ден. Не се издржува повеќе мислам на најлошото ме држат само децава да не направам нешто.
Дали можеш извесно време додека да најдеш работа да идеш кај другаркава? Разговарај со неа отворено штом ти е блиска. Кажи и како стојат работите и замоли ја на извесно време додека се снајдете ти и децата да бидете кај неа. Во меѓувреме, приоритет нека ти биде барањето работа и станувањето финансиски независна (тоа е твојот пасош за излез од таа куќа).

На децата му треба психички силна и умна мајка! Мора да издржиш, да бидеш храбра и да мислиш на убави работи, а не да потклекнуваш. За твое добро, а и доброто на твоите деца.
 
Кај другаркава не е опција, зошто и таа е мажена има детенце живеат во мал стан. Сме правеле муабет ме подржува тука е да ме ислуша и утеши тоа е доволно.
 
Подобро ужасен крај отколку ужас без крај.
Почни да планираш излез, после некое време шансата ќе се покаже.
Замини си и не гледај назад
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom