Луѓето се доста себични суштества и без логика у глобала, дури и да е многу пострашна болеста најголем дел пак исто ке се однесуваат. Едноставно не сите разбират математика и ризик... "нема шанса да ме фати баш мене па и ништо страшно грипче мало ке мине", и да е така за тебе имаш фамилија родители, баби, деца и сите ги доведуваш во ризик без разлика колку мал ризик изгледа во твојата глава.
Не е само проблем што умираат многу(или малку според други) според мене, и луѓе што го прележале лесно имат тешки последици по живот покасно. Од поширока фамилија имам роднини релативно млади што имаат срцеви проблеми, добиено дијабетес ама ете според нив лесно минале пред 6 месеци.
Баш вчера го слушав Благоја Груевски на едно интервју какво размислување имал, не се плашел од болеста, не верувал, ке одил по болници да дремел како Миленко АМА кога ја фатил болеста и завршил во болница го мени мислењето за 180 степени епа некогаш касно е веќе за тебе или свои блиски, голем процент размислуват вака.
Вакцинирајте се за добро на сите, барем кинеската е на стара проверена технологија ако ви е страв од новите вакцини.