Грејам Потер, Ралф Рагник, Роберто Мартинез, Скот Паркер, Брендан Роџерс се дел од имињата што најчесто се вртат за наследник на Жозе во Тотенхем. Рагник наводно не им е фаворит (лично би сакал да го видам што умее) бидејки барале млад профил, Роџерс исто не верувам да го напушти Лестер, со оглед на тимот кој го гради некое време. Мартинез во Евертон не се покажа, така да не знам што да речам за него. За Паркер исто немам мислење, малку ги имам гледано Фулам за да го проценам.
Од друга страна Грејам Потер сакам да го видам во поголем клуб што ќе му овозможи поголема финансиска слобода, во Брајтон работи одлична работа со оглед на лимитиран буџет и слаб тим. Тотенхем можеби е голем залак, ама мислам дека има што да каже. Идеален чекор би бил Евертон и Лестер тип на тим, но искрено мислам дека супер решение би бил за Тотенхем па и Арсенал.