Premier League - Season 2020/2021

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?


  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
Ако не изгубиме од Волфс у последно коло, ке ја завршиме сезоната без пораз на гостински терен.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.500
Поени од реакции
6.128
Нешто што пробувам да го објаснам за Икарди кога паѓа дискусија за истиот али џабе, битно е дека имал 10 допири на топката против Сити и одма не го бива.
Незнам каков бил во Интер, но Икарди во ПСЖ е постатичен од Илија Нестороски. Нула заинтересираност и движење без топка.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.859
Поени од реакции
7.082
Арсенал можеше да го собере Буендиа за 15/20м и ситна плата али проектот на Артета собира само пензионери, златен Вилиан.


31гол + 10асистенции, мислам дека ќе го гледаме наредната сезона овој дечко во ПЛ, без разлика дали ќе успее да се пласира Брентфорд.


Овој Дин Смит кој плачко е за судиски одлуки. Сезонава го имам следено неколу пати и постојано коментира судиски одлуки по меч како Вила е оштетена. Само заборава и не коментира како опстанаа лани по мечот со Шефилд Јунајтед каде цела топка влезе во нивни гол.
Дефиниција за One man team, слободен пад откако се повреди Грилиш.

 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Колку се жални овие Арсенал...критериумите му се спуштени како за средна екипа од рангот на Кристал Палас...Пепе даде гол и не знаеше шо да направи од радост...нула амбиции и желба за успех.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Колку се жални овие Арсенал...критериумите му се спуштени како за средна екипа од рангот на Кристал Палас...Пепе даде гол и не знаеше шо да направи од радост...нула амбиции и желба за успех.
Првата реченица е точен исказ, ама како тоа што Пепе дал гол и се израдувал ја поткрепува првата реченица? Тоа што се радува му е повеќе за него дека има притисок поради тоа што сите од него очекуваат голови и го прогласуваат за флоп (а и флоп е засега реално), па затоа може повеќе од вообичаено се радува и му значи секој гол. А и убав беше голот мора да се признае. Повеќе мене ми сметаше кога Нкетиа пред 2 кола даде гол за 1:1 против Фулам и славеше пред празен стадион наместо да трча до центар да пробаат да дадат уште еден за пресврт.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.253
Додека има полувреме од маестранлиот Барнлибол како го праќа Фулам во Чемпионшип (каде пак ќе си растураат и ќе влезат догодина) да вршиме малце Челзи пропаганда

Глејте ја реакцијата на Пеп :D


1620676793666.png
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
Имаше смешна реакција од Траоре штом виде како Даглас Луиз го акна од позади Погба, се фати за глава уште пред да се фати судијата за свирчето, знаеше дека е пенал.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Грејам Потер, Ралф Рагник, Роберто Мартинез, Скот Паркер, Брендан Роџерс се дел од имињата што најчесто се вртат за наследник на Жозе во Тотенхем. Рагник наводно не им е фаворит (лично би сакал да го видам што умее) бидејки барале млад профил, Роџерс исто не верувам да го напушти Лестер, со оглед на тимот кој го гради некое време. Мартинез во Евертон не се покажа, така да не знам што да речам за него. За Паркер исто немам мислење, малку ги имам гледано Фулам за да го проценам.

Од друга страна Грејам Потер сакам да го видам во поголем клуб што ќе му овозможи поголема финансиска слобода, во Брајтон работи одлична работа со оглед на лимитиран буџет и слаб тим. Тотенхем можеби е голем залак, ама мислам дека има што да каже. Идеален чекор би бил Евертон и Лестер тип на тим, но искрено мислам дека супер решение би бил за Тотенхем па и Арсенал.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
Не верувам дека во Тотенхем ке има финансиска слобода Потер, не се баш во добра финансиска ситуација за трошење. Не знам колку следиш, Роџерс веќе два пати ги одби Тотенхем досега.

Инаку, Паркер би бил некако добар фит. Со посаглам играчи, би направил нешто подобар учинок со моменталниот Тотенхем. Плус екс играч им е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom