Византиецот
what you looking at, ass
- Член од
- 14 март 2021
- Мислења
- 2.610
- Поени од реакции
- 6.036
Јас не се согласувам целосно. Васил не е првиот „анонимус“ на Евровизија, нема да биде ни последниот. XXL каков багаж имаа? Прва песна им беше, побогу! Next Time? 3 песни пред евровизиската. Даниел Кајмакоски? Има се уште 5-6 песни севкупно во цела кариера. А да не зборувам за Јана Бурчевска. И? Каква врска имаше тоа? На Јана песната, на пример, беше светска. Не знам еден човек кој рече дека е лоша. Сега како испадна таму, на сцена, тоа е друга работа, студиската верзија беше топ. И сето тоа зборува дека муабетот на овој од видеото дека Васил не требало да оди на Евровизија дека не бил познат е глупав, полу-популистички муабет.
Па ако не забележа XXL и сите други изведувачи отидоа во времето кога имавме телевоутинг, ние ги избравме, ние сакавме да одат и заради тоа и ги испративме, meanwhile неколку години со ред ние не избираме, бира некој друг. Ова беше аргументот на дечкото, а не дека XXL имаа 10ет албуми пред да станат кредибилни за на Евровизија.
Да бе учеството кошта 500.000 евра, дефинитивно ќе заглавиме ако си останат парите во буџетот а не на сцена во Холандија. Никој не вели ние трајно да се повлечиме од Евровизија туку дека, периодов после изјавите најдобро е оваа година да се повлечиме. Многу земји го направиле тоа пред нас, нема да сме ни први ни последни.Второ - откажувањето од Евровизија повлекува казни. И парични, и губење на некои привилегии во евровизиските размени. Македонија ќе ја чини можеби повеќе доколку се откаже, отколку доколку учествува, па макар и со ова. Затоа, и тој муабет му е ко од човек кој никогаш не слушнал како одат работите на Евросонгот.
Па верувал или не сите го тврдиме истото, ова е Кајгана ќе најдеш луѓе што пишуваат се и сешто. Но во глобала, огромното мнозинство е фрустрирано од очигледната ниска провокација, која е повеќе од очигледна, а не од други работи.Требаше да најдат друго решение само и само заради тоа што очигледно е дека Васил се подјебава и со МРТ и со цела нација, и со цела држава, и со мене, тебе, сите нас. Очигледно е дека намерата не му е да пее, туку да предизвикува:
1. Се случи знамето во спотот. ОК, кречеле, погрешно го наместиле, не видел никој, ништо страшно, поверував.
2. Кажа дека имал бугарски пасош. So what? Неважно, ако сака и Марсовец нека е.
3. Објавува видео во кое се извинува за тоа што го направил (или не, не знам), ама ретко кој забележа дека во видеото носи белегзија со боите на бугарското знаме. Ова мислам дека ја прели чашата. Не дека има бугарско знаме, туку дека очигледно е дека се заебава со сите нас.
Тоа боли, а не тоа дека бил Бугарин, геј или дека немал кариера.
Најголем сведок за тоа? Зошто лани немаше вакви коментари? Зошто лани никој не се замараше со тоа кој ќе одел на Евровизија. Затоа што немаше провокации. Нели беше истиот претставник?
На тоа додади ги гнасните изјави на бугарски политичари кои се случуваат токму сега, оваа година, од типот на Вето за вас Титова творбо, ќе прател каракачанов трупи лично да руши споменици од 20ти век - изјава дадена не за локален бугарски весник, туку изјава за Бриселски Еуронјуз, и ќе ти е јасно од каде ваков антагонизам кај луѓето.
Човекот во видеото не ја ни допре сексуалната определба на пеачот, и го пофали дека пее убаво, само кажа дека можеби е подобро да ја претставува бугарија, и тоа е во ред, кажа дека нема проблем со бугари, но нас треба да не претставува Македонец.
Последно уредено: