Premier League - Season 2020/2021

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?


  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
И така сега ќе правиме фама околу постењето на Фофана сѐ додека не го фатат и него во казино како Сисе или пак да го расипе дрегерот како Јаја Туре. За тие што не се упатени, на горенаведениве бабуши им сметаше шампањското за МОТМ па го сменија со плакета.

Пред да ми скокне некој, немам ништо против муслимани, имам против мешање на религија во работен однос и помпезна виктимизација во 2021 година.
97af6b21ffaceaf1aa695020884f9512.jpg
 
Недела, променливо време и свадба на втор братучед кого во животот го имав вкупно три пати видено. Уште кога ми соопштија за закажаниот датум ми ја ебаа целата возбуда затоа што знаев дека тоа е финале во кое што и нерешен резултат обезбедува титула.
Првото полувреме изгледано во најблиската кладилница. Сам на маса костумосан, веројатно присутните таму и ден денес се распрашуваат во Демир Хисар или Бардовци за избегано лице од тие установи.
Добро прво полувреме, правење планови за пауза да се вратам назад да ме видат дека постојам и во второ пак во кладилница.
45', наместо крај, лизгање на Џерард и 0-1. Ми се стемни пред очи и не сакав да постојам повеќе.
Се вратив наврнат, што на облека што во душа и посакав да почнат да свират од оние маршови за поворки за починати.
Второто полувреме изгледано на стрим во сала, уште по пичкарскиот пристап на Мурињо знаев дека гробот е веќе ископан.
Во 90' Апсап изведува корнер како да е роден недоносен, контра и 0-2. Му посакав скршеници на нога и пропадната кариера, еве го утре со Шпанија ќе игра на европско (кур ќе свиткаат шпанците со него како напаѓач).
На Мурињо исто му посакав се најлошо да го прати, човекот од тогаш освои титула и се наполни пари ко брод од разноразните откази после тоа.
 
Есен, Macedonian Reds се решава да организира регионален собир кон крајот на сезоната за утакмицата со Челзи, со надеж дека ваљда тој период Ливерпул уште ќе е у трка за ЛШ и дека ќе биде интересно да се гледа.

Сабота, стигаат сите Балканци. Сите локални ликови од Macedonian Reds кои ги знаете идат на дружбата у тој хипстер-култниот чаршиски кафич, кај што за помалце од пола саат на мене, Пеџа и остали ни се дешава тотален blackout и ликвидација на мозочните клетки од алкохолот. Постои една зомбифицирана слика, не знам зашто уште стои на фејсбук. Марк Зукерберг лично треба да дојде и да ја избрише, и да ги банира сите тагнати таму.

Недела, почнува pre-match организацијата у пивница, Рики го тераат да се качува на скали и да беси знамиња, а он не може да глеа ко што треба од синоќа. Пола знамиња свртени обратно со, "enolA klaW reveN ll'uoY", "maerD sU ekaM" и слично. Ај иди пентари се пак да ги напраиш ко што треба, држи се да не паднеш, Рики добар си да не ти се врти дур си три метра над земја на скалата?

Среќа пред ова има и добра групна слика од сите навијачи, испринтана што ја добивме, супер спомен.

45' викам добро не се дешава ништо утакмицава, идам на мочање од кај што слушам „аеаеаееааеееееееее којкур......“, за да ми соопштат што се десило. Второто полувреме искрено не го ни памтам, пошто не ми се веруваше што глеам.

Завршува утакмицата, депресија, идам до Меџик у Лептокарија да земам тост, таа таму му вика „еј другарче што е сликата дај да видам“, мене шубе ми е да ја дадам, ќе ја мрси со рацете ама ај јебеш живот. Па после тоа првпат по неколку месеци бев на посета на другар што го удри кола, депресивна атмосфера таму, а никој не сфаќа зашто сум у депресија, али таман се вклопив.

Доаѓаш на форумов, јадат гомна „ееееј, а види па и цел Балкан го викнале за да прослават титула хеххее“.

Мршукурац.
 
Последно уредено:
Имаше една ептен јака слика од собирот каде голем број навивачи се собрани пред ТВ и го гледаат Мурињо како се мава во гради, ама ептен брзо беше избришана од порталот на кој беше објавена галеријата. Да не ја има некој? :D
 
Иначе ако некој го интересира :) црвениот на Balbuena против Chelsea што го доби е поништен после жалбата од страна на West Ham United , затоашто немаше веза со црвен.
Balbuena red card against Chelsea overturned

West Ham defender Fabian Balbuena's red card in Saturday’s Premier League defeat against Chelsea has been overturned on appeal.
 
Затоа што уште еднаш победи наративот наспроти фактите.

Одличен пример за во иднина, кога ќе може извесен Тарковски да ја исфрли топката и потоа со мачета да му ги исече гениталиите на противничкиот играч.
 
Рики го тераат да се качува на скали и да беси знамиња, а он не може да глеа ко што треба од синоќа. Пола знамиња свртени обратно со, "enolA klaW reveN ll'uoY", "maerD sU ekaM" и слично.
:ROFLMAO: :ROFLMAO: :ROFLMAO:
 
На некој од нашиве портали одма прочитав теорија на заговор за сликава што ја постираше Мурињо со Џерард (додуша сигурно го превеле од некој странски портал). Демек Жозе сакал да каже дека ќе биде тренер на Селтик догодина и ќе им ја крие топката на Ренџерс во Олд Фирм дербито.
 
На некој од нашиве портали одма прочитав теорија на заговор за сликава што ја постираше Мурињо со Џерард (додуша сигурно го превеле од некој странски портал). Демек Жозе сакал да каже дека ќе биде тренер на Селтик догодина и ќе им ја крие топката на Ренџерс во Олд Фирм дербито.
Шокантно: Мурињо најави дека следна сезона ќе биде тренер на Барса.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom