Точно е бе, од а до ш.
Ај за горе не се мешам, пошто ако се водиме по логикава за `долниве` ондак Аталанта ќе ја насамарат. Мада тоа е многу тешко и практично неизводливо. Глупост треснав.
За долниов дел си точно у право, ја не знам дали некој што ја прати лигава долги годии воопшто и помисли дека екипи како Торино и Каљари ќе испаднат од лига на сметка на некојси Беневенто и Специја. Значи Каљари има буџет и дава плати и купува играчи како Годин, Наинголан, Симеоне, тие Марин, Рог мог, Нандез и некој очекува дека ќе испаднат а у лига ќе остане Специја со Терци, Галабинов и оној од Фиорентина еден уругваец вечен талент као се викаше забораив или Беневенто со оној од Интер што му падна косата што беше у Вердер или на Инсиње брат му или тој што напраивме дубара Шкриниар коа го купуевме од Сампа. Им ги забораив имињата све да им ебам.
Торино исто, Урбано Каиро е еден од појаките претседатели и фудбалски фаци у лигава, теорија нема да испадне некогаш.
За оној Прециози од Џенова не ми се трошат букви. Они па дури апла претеруваат, цела сезона последно место и на крај со 5 победи у низа ете ги над црвената линија.
Удинезе, штеточина од екипа. Ниеден добар играч немаат али ете ги, се држат меѓу себе овие копилиња.
Класична мафија од ликови. Гадни екипи али во ред е да се имаат у лига и да имаш некоја соработка со нив, што за некој играч, што за некое бодче, 3 за 3, едно друго, ќе се најдат.
Што кур ќе ти е Специја или Беневенто рецимо, никој не ги знае, нит па имаш некоја корист од нив. Ќе испаднат утре од лига и ќе се распаднат, никад нема да ти вратат услуга ако си им дал.