93 американски филмски награди (Оскари 2020/21)

Кој филм е твој фаворит за Оскар за најдобар филм од 2020


  • Вкупно гласачи
    18
  • Гласањето е завршено на .
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Nomadland го изгледав прееска. Домашниве станаа од пред ТВ после првите 20 минути, досаден филм, рекоа, јас го догледав да видам зошто доби Оскар и куп други награди. И не видов зошто. Единствено што ми паѓа на памет е дека богатите Американци имаат грижа на совест за нивните сограѓани што живеат на тој начин, номадски, па си ја плакнат совеста со наградите и високите оценки...

И не ми е јасно на што потрошија 5 милиони за филмов? Ниту има скапи нешта да видиме, кршење коли, авиони, на пример, ниту има специјални ефекти што треба посебно да се платат скапо како сечење глави, ништо што го зголемува буџетот.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.983
Поени од реакции
37.261
Кој ќе освои ОскарСакам да освои Оскар
ФилмNomadlandPromising Young Woman
РежијаChloe Zhao за NomadlandThomas Vinterberg за Another Round
АктеркаCarey Mulligan за Promising Young WomanCarey Mulligan за Promising Young Woman
АктерChadwick Boseman за Ma Rainey's Black BottomAnthony Hopkins за The Father
Сп.АктеркаYuh-Jung Youn за MinariGlenn Close за Hillbilly Elegy
Сп.АктерSacha Baron Cohen за The Trial of the Chicago 7Sacha Baron Cohen за The Trial of the Chicago 7
Адап. сценариоThe FatherThe Father
Ориг. сценариоPromising Young WomanPromising Young Woman
КинематографијаNomadlandJudas and the Black Messiah
Костум дизајнMa Rainey's Black BottomMa Rainey's Black Bottom
МонтажаSound of MetalSound of Metal
ШминкаMa Rainey's Black BottomHillbilly Elegy
Прод. дизајнMankTenet
МузикаSoulSoul
ПеснаSpeak Now од One Night in MiamiHusavik од Eurovision Song Contest
ЗвукSound of MetalSound of Metal
Визуелни ефектиTenetTenet
АнимиранSoulSoul
ДокументаренMy Octopus TeacherThe Mole Agent
СтранскиAnother RoundBetter Days
Краток анимиранIf Anything Happens I Love YouIf Anything Happens I Love You
Краток документ.A Love Song for Latasha/
Краток филмTwo Distant StrangersTwo Distant Strangers

17/23 погодени. И не е така лошо.

Од сите освојувачи на Оскар, ги немам гледано само My Octopus Teacher за најдобар документарец и Collette за најдобар краток документарец. Се останато (вклучително и краткиот игран - гледано). Not bad, again!

Е, ама „шоуто“ беше и тоа како bad. Најлошо доделување на Оскари во историја! Досадно, неинспиративно, најавувано како филм, а испадна приватна забава за BIPOC филмаџии. Едвај го премотав!

Целото шоу беше расистичко. Белците беа прикажани како минорна раса, издоминирани од сите останати кои демек повеќе заслужуваат.

Никогаш нема да им простам што и го зедоа Оскарот од рацете на Кери Мулиган за да и дадат на Френсис Мекдорманд. Ај ако не па секоја година на Френсис и на Мерил давајте им!

Најдобар филм, се знаеше, немам ништо против, иако не беше во моите топ 3 фаворити.

Актер - ептен ми е мило за Ентони Хопкинс и што сепак Чедвик Босеман не доби Оскар на незаслужено.

Споредна машка улога - Овде требаше било кој друг освен Калуја! Па Лакит Стенфилд растури во тој филм, побогу! Калуја повеќе се глумеше самиот себеси, со погледот цело време в земја, исто ко на доделувањето. А Стенфилд беше класи, класи подобар. Ич немаше да ми биде криво доколку тој го земеше Оскарот. Или Саша Барон Коен...

Споредна женска - симпатична бабичкава, таа беше светло на вечерта. Не ми е криво воопшто што зеде Оскар, иако криво ми е што Глен Клоуз не зеде. Реално, тука кој и да земеше Оскар освен Казахстанката од Татаристан, немаше да ми биде криво.

Сценарија - двата Оскари на вистинско место!

Странски - Ме наежи Винтерберг. :(

Режија - И ова се знаеше, и иако не сум нешто претерано импресиониран од Жао, сепак сум претерано импресиониран од нејзиниот говор: единствен кој значеше нешто вечерта, и единствен кој направи некаква разлика. Браво за женчето.

Најголемо изненадување - за најдобра песна: таа од Judas and the Black Messiah беше најголем аутсајдер, кај и да отворев беше на последно место на листата на фаворити.

Другото е горе-долу помалку-повеќе очекувано.

Ај, да се надеваме дека 2021 ќе биде подобра.
Автоматски споено мислење:

@Комита Ултрас и @Rigil - честитки. :D
Автоматски споено мислење:

@Комита Ултрас и @Rigil - честитки. :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Странски - Ме наежи Винтерберг. :(
Има некој говор? Ај ако најдеш пушти да видам.
Многу ми падна жал откако дознав дека ќерка му загинала на сред снимање на филмов. Греота.
Затоа и ми е мерак што зема Оскар.

Топ режисер е Винтерберг меѓудругото. Коа сме на темава, он и Сузан Биер ми се врв скандинавци.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.983
Поени од реакции
37.261
Има некој говор? Ај ако најдеш пушти да видам.
Многу ми падна жал откако дознав дека ќерка му загинала на сред снимање на филмов. Греота.
Затоа и ми е мерак што зема Оскар.

Топ режисер е Винтерберг меѓудругото. Коа сме на темава, он и Сузан Биер ми се врв скандинавци.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
Ја филмов го гласав само ради Френсис, ептен ми лежеше на таа улога. Филмов не го ставив на Летербокс од што ми беше незгодно, ни 2ка не би му дал. :D

За Ентони и Винтерберг најмногу ми е мерак. А, криво ми е што Коен не зема за The Trial of the Chicago 7.
И не ми е јасно на што потрошија 5 милиони за филмов? Ниту има скапи нешта да видиме, кршење коли, авиони, на пример, ниту има специјални ефекти што треба посебно да се платат скапо како сечење глави, ништо што го зголемува буџетот.
Најскапи работи се визуелните ефекти што не ги приметуваш воопшто. Најтешки се за работа, ама добро не дека филмов имаше и некои ефекти.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.150
Поени од реакции
16.087
Јас лично Nomadland ни претходно, ни сега планирам да го гледам, зашто едвај го изгледав трејлерот.

Најмалку филмови иам изгледано годинава од номинираниве од било која. Чикаго 7 не ми остави некој впечаток. Соул ми се допадна од анимираните. PYW беше бар интересен и држеше внимание, Кери беше одлична во улогата.

Шоуто обично со вртење го гледав, но после Еми и Глобусите, кои беа напорни за гледање и тотално незабавни со сите тие политички, небитни ставови што фациве ги имаат, доволно е листата на победници што ја разгледав.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Освен за Хопкинс и Another Round, со ништо друго не сум задоволен. Посебно кај актерските категории гледам дека Академијата си има некој терк и не отстапува од него... Френсис е извонредна актерка, првите два Оскара беа и повеќе од заслужени ама веќе здосадува скоро секоја номинација да зема Оскар. Од исти причини Даниел Деј Луис ми е крајно антипатичен лик иако е актериште.

За Саша Барон Коен исто ми е криво. Актери кои не се стандардно „оскаровски тип“ изгледа можат да догураат само до номинација. Очигледно има Академијата стереотипи во тој дел. Криминално е што Џим Кери нема ниедна номинација до сега, па и Адам Сендлер за Uncut Gems лани. Исто Сталоне беше ограбен пред некоја година за Creed само пошто е Сталоне (ако не се лажам ги собра сите можни награди освен Оскарот).

Nomadland инаку ми личи на ултра досаден филм а гледам и по коментарите тука дека не вреди да се гледа. Така да ќе биде еден од ретките Best picture добитници во последните години кој ќе го прескокнам.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.266
Поени од реакции
84.364
Kajроните им беа со визуелен дизајн од шеес-треќа.

Гледаноста викаат упола од лани, кога чинам ја прогласија за слаба.
Автоматски споено мислење:

Френсис е извонредна актерка, првите два Оскара беа и повеќе од заслужени ама веќе здосадува скоро секоја номинација да зема Оскар.
Очигледно сакаат таков стил на глумици у Академијата. Френсис, Хилари...
Автоматски споено мислење:

Ноуменленд не го гледам, дознав дека нема ни чудовишта, а ни ласери, нити пак карате.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Ноуменленд не го гледам, дознав дека нема ни чудовишта, а ни ласери, нити пак карате.
Ако мислиш на Номадленд (Nomadland), номади ги викаат во филмот, ние скитници би рекле, бескуќници кои живеат во комбиња, патуваат во потрага по сезонска работа, се жалат меѓусебно на животот, се среќаваат истите пак на друго место, и тоа е цел филм. Нема чудовишта, а ни ласери, нити пак карате :D

А неколкумина од тие номади што се појавуваат во филмот, биле вистински номади, а не глумци. :)
Кога човекот со кој се дружеше главната јунакиња, Ферн, замина кај син му на фармата, дека се родило бебе, и ја покани да остане заедно да продолжат да живеат на фармата, за момент се понадевав дека таа ќе остане, ќе има и љубовна приказна која ете, ќе има наравоучение: некои треба да станат скитници за да си го најдат човекот/жената со кој/која ќе остарат заедно. Ама не, Ферн не остана, и го продолжи кругот на скитањето, стигна на истите места од каде и тргна.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom