Nomadland го изгледав прееска. Домашниве станаа од пред ТВ после првите 20 минути, досаден филм, рекоа, јас го догледав да видам зошто доби Оскар и куп други награди. И не видов зошто. Единствено што ми паѓа на памет е дека богатите Американци имаат грижа на совест за нивните сограѓани што живеат на тој начин, номадски, па си ја плакнат совеста со наградите и високите оценки...
И не ми е јасно на што потрошија 5 милиони за филмов? Ниту има скапи нешта да видиме, кршење коли, авиони, на пример, ниту има специјални ефекти што треба посебно да се платат скапо како сечење глави, ништо што го зголемува буџетот.
Од сите освојувачи на Оскар, ги немам гледано само My Octopus Teacher за најдобар документарец и Collette за најдобар краток документарец. Се останато (вклучително и краткиот игран - гледано). Not bad, again!
Е, ама „шоуто“ беше и тоа како bad. Најлошо доделување на Оскари во историја! Досадно, неинспиративно, најавувано како филм, а испадна приватна забава за BIPOC филмаџии. Едвај го премотав!
Целото шоу беше расистичко. Белците беа прикажани како минорна раса, издоминирани од сите останати кои демек повеќе заслужуваат.
Никогаш нема да им простам што и го зедоа Оскарот од рацете на Кери Мулиган за да и дадат на Френсис Мекдорманд. Ај ако не па секоја година на Френсис и на Мерил давајте им!
Најдобар филм, се знаеше, немам ништо против, иако не беше во моите топ 3 фаворити.
Актер - ептен ми е мило за Ентони Хопкинс и што сепак Чедвик Босеман не доби Оскар на незаслужено.
Споредна машка улога - Овде требаше било кој друг освен Калуја! Па Лакит Стенфилд растури во тој филм, побогу! Калуја повеќе се глумеше самиот себеси, со погледот цело време в земја, исто ко на доделувањето. А Стенфилд беше класи, класи подобар. Ич немаше да ми биде криво доколку тој го земеше Оскарот. Или Саша Барон Коен...
Споредна женска - симпатична бабичкава, таа беше светло на вечерта. Не ми е криво воопшто што зеде Оскар, иако криво ми е што Глен Клоуз не зеде. Реално, тука кој и да земеше Оскар освен Казахстанката од Татаристан, немаше да ми биде криво.
Сценарија - двата Оскари на вистинско место!
Странски - Ме наежи Винтерберг.
Режија - И ова се знаеше, и иако не сум нешто претерано импресиониран од Жао, сепак сум претерано импресиониран од нејзиниот говор: единствен кој значеше нешто вечерта, и единствен кој направи некаква разлика. Браво за женчето.
Најголемо изненадување - за најдобра песна: таа од Judas and the Black Messiah беше најголем аутсајдер, кај и да отворев беше на последно место на листата на фаворити.
Има некој говор? Ај ако најдеш пушти да видам.
Многу ми падна жал откако дознав дека ќерка му загинала на сред снимање на филмов. Греота.
Затоа и ми е мерак што зема Оскар.
Топ режисер е Винтерберг меѓудругото. Коа сме на темава, он и Сузан Биер ми се врв скандинавци.
Има некој говор? Ај ако најдеш пушти да видам.
Многу ми падна жал откако дознав дека ќерка му загинала на сред снимање на филмов. Греота.
Затоа и ми е мерак што зема Оскар.
Топ режисер е Винтерберг меѓудругото. Коа сме на темава, он и Сузан Биер ми се врв скандинавци.
И не ми е јасно на што потрошија 5 милиони за филмов? Ниту има скапи нешта да видиме, кршење коли, авиони, на пример, ниту има специјални ефекти што треба посебно да се платат скапо како сечење глави, ништо што го зголемува буџетот.
Јас лично Nomadland ни претходно, ни сега планирам да го гледам, зашто едвај го изгледав трејлерот.
Најмалку филмови иам изгледано годинава од номинираниве од било која. Чикаго 7 не ми остави некој впечаток. Соул ми се допадна од анимираните. PYW беше бар интересен и држеше внимание, Кери беше одлична во улогата.
Шоуто обично со вртење го гледав, но после Еми и Глобусите, кои беа напорни за гледање и тотално незабавни со сите тие политички, небитни ставови што фациве ги имаат, доволно е листата на победници што ја разгледав.
Освен за Хопкинс и Another Round, со ништо друго не сум задоволен. Посебно кај актерските категории гледам дека Академијата си има некој терк и не отстапува од него... Френсис е извонредна актерка, првите два Оскара беа и повеќе од заслужени ама веќе здосадува скоро секоја номинација да зема Оскар. Од исти причини Даниел Деј Луис ми е крајно антипатичен лик иако е актериште.
За Саша Барон Коен исто ми е криво. Актери кои не се стандардно „оскаровски тип“ изгледа можат да догураат само до номинација. Очигледно има Академијата стереотипи во тој дел. Криминално е што Џим Кери нема ниедна номинација до сега, па и Адам Сендлер за Uncut Gems лани. Исто Сталоне беше ограбен пред некоја година за Creed само пошто е Сталоне (ако не се лажам ги собра сите можни награди освен Оскарот).
Nomadland инаку ми личи на ултра досаден филм а гледам и по коментарите тука дека не вреди да се гледа. Така да ќе биде еден од ретките Best picture добитници во последните години кој ќе го прескокнам.
Ако мислиш на Номадленд (Nomadland), номади ги викаат во филмот, ние скитници би рекле, бескуќници кои живеат во комбиња, патуваат во потрага по сезонска работа, се жалат меѓусебно на животот, се среќаваат истите пак на друго место, и тоа е цел филм. Нема чудовишта, а ни ласери, нити пак карате
А неколкумина од тие номади што се појавуваат во филмот, биле вистински номади, а не глумци.
Кога човекот со кој се дружеше главната јунакиња, Ферн, замина кај син му на фармата, дека се родило бебе, и ја покани да остане заедно да продолжат да живеат на фармата, за момент се понадевав дека таа ќе остане, ќе има и љубовна приказна која ете, ќе има наравоучение: некои треба да станат скитници за да си го најдат човекот/жената со кој/која ќе остарат заедно. Ама не, Ферн не остана, и го продолжи кругот на скитањето, стигна на истите места од каде и тргна.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.