Во право е Аце неколку поста над мене, сега ни е убаво пошо сме на чекор до титула и заверувањето на истата е само формалност, ама ако планира Конте да негува ваков пристап и следна сезона тогаш маФ ни е работата. Го пишувам ова веќе едно 100 пати, еве сега пак, не може, ама сериозно не може да и остаиш на Верона да ти игра фудбал и да те напаѓа среде Меаца. Тоа со контри е ок во побитните мечеви со појаки противници, како што ги угасивме Милан на пример, ама не може на Верона бе да и препушташ игра и да ја чекаш на контри... Особено па после дадениот гол, сместа две дефанзивни измени, полека бе Конте не играш против ПСЖ ебате.
Хипотетички, ако земеме добар лев бек, Таљафико или Госенс, ако земеме бар еден добар везњак, голман и измена штопер, или кратко кажано ако се скоцка тимов како што треба, вакви мајмунлаци и пристапи од страна на Конте нема да бидат толерирани. Лично ми се допаѓа концептот кој сака да го фура Конте, а не ми се допаѓа мајндсетот да се брани на минимално водство, особено против мртви екипи. Јер утре ќе им се затвори така на Сити и ќе прими 15 гола или некој ко Кротоне ќе ти земе титула пошо си ремизирал 1-1 со примен гол во 93та.
Има во екипава простор за многу напредок, особено тоа важи за Хакими, првиот дел од сезоната играше како во грч, после се опушти и почна да пружа партии како што му доликува. Но, одлуките што ги носи во завршницата од нападите се доста лоши понекогаш, место да шутне он подава и обратно. Се тоа ќе си дојде на свое место убеден сум зашо Хакими е прејак играч. Лаутаро иако е одличен сезонава има простор за напредок, веќе од следната очекувам да биде убица и да дава многу поише голови. Му пројдоа веќе "преодните" сезони, една ја преседе на клупа кај Спаљо, лани беше прв тим али не беше толку добар како оваа, еве оваа сезона направи исчекор и изгази, така да од следната очекувам да беснее.
И да, нов голман под итно!!! Донарума на пример хехехехе Ихихиосоно Хихинтериста.