Иосоно Тевдовски.
Видал, Гаљардини, Санчез, Весино, Јанг, Ранокија, се на излезна врата. Не дека би земале 200 милиони од овие ама ќе се ослободи добар дел од буџетот за плати, Видал и Санчез земаат заедно околу 13м ако не се лажам така да ете ти го Донарума хехехехехехе.
Јасно ми е дека ќе крпат со позајмици али голман како знаат и умеат мора да донесат.
Донарума е долгорочно решение, ама не знам колку сме во можност да му даваме мин 8м евра плата. И да дојде без оштета, дебелиот ке земе огромна провизија а знае и да прави проблеми со уценување за повисика плата во иднина... Значи се работи за сериозна инвестиција.
Според мене ке се оди на поефрина варијанта, со вклучување на играчи, рати и слично.
Очајно ни треба нов голман, Ханда имаше катастрофален старт на сезоната, па се подобри за на крај повторно да разочара. Веќе не е за прв голман.
На Ранокиа би му понудил нов договор, благодарен играч, секогаш е на ниво кога е потребен а нема проблем да грее клупа.
Исто и Весино, ако дојде понуда ок, а може да биде корисен од клупа.
За Санчез треба да се размисли, корисен е од клупа, ама зема огромна плата.
Видал, Јанг, Коларов, Гаљардини, Пинамонти, па и Раду мора да се продаваат. Да не ги заборавиме Марио, Далберт и Лазаро. На Лазаро би му дал втора шанса ако нема добра понуда, ако замине Јанг ке ни треба уште една опција.
Мислам дека Конте ке направи се за да го продаде Ериксен, а високата плата е само причина плус.
Голман, бек, напаѓач и ако замине Ериксен еден играч како СМС на пример. И спремни сме за наредна сезона.