Angst
Уффф...
Ваква пореметеност, глума и навлагање(приказ) у психата на психопат не знам дали сум видела.
Убиствата како и совладувањето и носењето во кола се неверојатно реални.
Музика малку имаше
ама погодена и користена на вистински места.
Камерата ме купи најмногу,
уживање. Многу помогна за скоро инстантно да ме внесе во филмот.
Пак капа доле типов како одглуми.
Мислам дека цело време беа
глумциве-жртви(не беа кукли)
и ако е така можам да ги замислам после снимањето цели у модрици.
Важно кучето преживеа
, да го пофалам и него добро си изглуми и си заслужи да
ги глода
вилиците. плескавици
*upbeat music playing*
По мое (а обратно од по гранде), мислам дека нарацијата на почеток беше непотребна со оглед на тоа што пак ликот ни го раскажа истото во текот на филмот и мене досадно ми беше да го слушам по два пати. Тато ме тепаше, мама не ме сакаше, несреќно детство, дрн дрн.
Мене музиката ми беше малку дафак, додека ги убиваше имаше таква некоја eerie музика што беше океј, ама што беше со таа музиката измеѓу убиства, ич не ми се уклопуваше во филмов.
Ликов малку на Стив Бушеми/Бускеми ме потсеќаше, не знам зошто, во американска адаптација би бил совршен за ликов. Инаку глумата беше топ, а камерата на почетокот ме нервираше малку, ама после кога доближуваше ептен до ликовите одлично доловуваше некаво чувство на клаустрофобија и немање излез до степен да се осеќаш како да ти е тесно и во сопствената кожа, тоа особено ми се свиѓаше кога раскажуваше како баба му го затворила во соба и му било многу страв, мислам дека онака буквално камерата направи и јас да се осеќам како тој што се осеќал затворен. Исто непотребно ми беше малку и што се удри во таа колата на крај и за малку ќе го фатеа, ама дека е по вистински настан ќе му прогледам низ прсти зашто можеби стварно тоа се случило, од кај знам, не истражував ептен за случајов немам време сега ќе гледам Ред Карпет.
*upbeat music playing*
@Violetova инаку филмов најмногу што може да биде е психолошки трилер, сигурна сум дека пострашни филмови си гледала под жанрот драма, don't judge a movie by its genre
@Gazpapir срц знам дека можеш боље
6/10