Овде е повеќе од очевидно дека перката зафаќа на дел од надворешната единица, дали долу или пак на самата заштитна пластика треба да се види.Биди спремен да ти го пуштат ова Haier Vs LGhttps://www.youtube.com/watch?v=Zsx54jXXQiU со кое отекуваа од вртење во хистеријата против Haier ... очигледно се работи за надворешна единица во квар или пред квар или нечиста или со нешто што и пречи, као да сите Haier надворешни работат вака!? И ништо не е вечно и имуно на расипување! Дури и најскапите...
А Тундрите ќе си ги тераме задоволни, тоа се мн добри инвертери во однос цената и квалитетот. Како што рече, многу позитивни кориснички искуства, задоволни корисници... И не така лошо, туку би рекол солиднo стои и на Eurovent! ... Тигарче направи убава табела на која може да се види дека Тундрата (3,5) многу добро стои барабар со поскапи клими ( верувам дека е исто така и со 5,5ка)...
Решението е монтер да си погледне и тоа е тоа.
Инаку, не дека секој својот коњ го фали, но треба да сме реални во очекувањата. Не може Тундра од 40 да е иста со некое мицу од 70 или Даикин од 90 илјади, НО (едно ГОЛЕМО но) исто така треба да бидиме чесни и да признаеме дека СЕКОЈ производител може да се појави со серија или пак со одредени единици во серијата кои ќе имаат проблеми.
Светот одамна е тргнат кон капитализам и масовно производство, така да квалитет свесни сме дека има ДО рокот на гаранција, а после тоа ако ни се „посреќи“ да откажи некој дел тогаш или сервисираме или купуваме ново. Ова е така за цела техника, а кај климатизацијата свесни сме дека и таму има по некои модели кои не се погодиле.
Еве впрочем овај можеби на видеото се погодил фалш, а кај мене е обратно... LG-то е побучно, Тундрата е потивка.
Како што реков и порано, во многу зависи и од начинот на монтажа и местоположбата на уредот.


