Македонска берза

Член од
1 февруари 2016
Мислења
311
Поени од реакции
271
Фасцинантно ми е колку „инвеститорите“ толерираат лаги и манипулации во врска со акциите за коишто во повеќе наврати биле уверувани дека ќе пораснат поради некаквоси членство во НАТО или ЕУ или дека ќе исплатат накакви огромни дивиденди. Еве нпр. иако имало барем 5-6 најави за сигурни дивиденди од десетина проценти, банките ниту исплатиле било што во задните две години, а ниту пак ќе исплатат кога ќе се покажат последиците од кризата и ќе паднат профитите, а тоа воопшто не се рефлектира преку пад на цената.

Вистинско задоволство е да се манипулира затуцана раја со вакви ниски очекувања, па таа да ти верува дури и кога ниту нив нема да ѝ ги исполниш. Меѓутоа, мислам дека под оваа навидум цврста фасада се крие стиропор, пошо кога следен пат ќе тргне работата надолу како лани во март, ќе нема сила што ќе може да ги запре „инвеститорите“ кога ќе потрчаат накај излезот...
Кога се издигна МСИ после 2020, тешко дека веќе нешто може да ја сруши. И пад да има пак ради ноемврискиот пик, рајата ќе биде свесна дека е тоа акутно, и дека иде пролет. За ова време на МСИ увидов дека нема врска мси со редовни тековни економски дешавања, освен во драстични случаи. Македончето не го интересира анализа на фин извештај, рои, пб, и остала заморувачка литература, Македонецот е опортунист лачи плунка само и само на дивиденда (90%) на берза, и толку. Така да многу паметување има на форумов, што е на место и така и треба да се образува и делува еден инвеститор, но тоа има влијание на Перо, колку ланскиот снег. И затоа кога дивидендата ќе секне, ќе се одложи, Перо го фаќа срце, и одма у момент продава, пошто нема верба во компанијата во која ги ставил парите, ниту го интересира нејзината иднина па макар била светла и во брзо време.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886

Но како тогаш објаснуваш што и покрај дваесетина лаги и неостварени ветувања и разочарувања за дивиденди од ТНБ, СТБ, па и КМБ, Македончето и натаму цврсто ја гризе мамката и не ги продава банкарските акции наместо да ги откачи пред да стигнат лошите резултати??
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471

Тоа што се тргува се шака маркет мејкери кои си играат на ти го дај ми го. Ама да не даде Бог да некој сака да продаде голема количина.

Мислиш нејкеше Ист Капитал да земе 8К за КМБ? Или Социете за ОХБ? Ко ке дојде време да се продава доминантен стек, тогаш испливува реалната валуација.
 
Член од
23 февруари 2019
Мислења
310
Поени од реакции
312
Shell започнува со две бензиски пумпи во Македонија. Долгорочно може да земе убав дел од колачот на МПТ.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.120
Поени од реакции
715
Но како тогаш објаснуваш што и покрај дваесетина лаги и неостварени ветувања и разочарувања за дивиденди од ТНБ, СТБ, па и КМБ, Македончето и натаму цврсто ја гризе мамката и не ги продава банкарските акции наместо да ги откачи пред да стигнат лошите резултати??
Zosto mislis deka ke stignat losi rezultati od bankite ?Zasega nema najavi za takvo nesto, ili ti znaes nesto povekje od drugite????
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
311
Поени од реакции
271
Но како тогаш објаснуваш што и покрај дваесетина лаги и неостварени ветувања и разочарувања за дивиденди од ТНБ, СТБ, па и КМБ, Македончето и натаму цврсто ја гризе мамката и не ги продава банкарските акции наместо да ги откачи пред да стигнат лошите резултати??
Пак ќе се навратам на опортунизмот на Перо - значи нема лоши резултати додека се даваат дивиденди од 6-8% . Него не го интересираат лоши извештаи, само прашува дали компанијата дава двд, колкава е и дали тоа го прави во континуитет. А дали работи со добивка, лаже за приходи, кој е сопственик и сл, тоа е небитно, пошто таму има за читање. Вистинските играчи на берза би се виделе колку се, во случај Алк кмб нлб, на само две години да ја укинат дивидендата - потоп, пошто Перо и long-term gain, никад не се сретнале во живот. Тоа е според мене реалноста, со ова ниво на финансиска писменост и за тоа се свесни и компаниите мн добро, дека мора и покрај тоа што некоја година и оди лошо, сепак да издвои дивиденда, бидејќи не може да очекува ,, разбирање,, од своите акционери
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Се прошируваат можностите за отворање и имање сметка во странство од страна на резидентите за потребите на трансакции со хартии од вредност во странство, соопшти денеска Народната банка по одржаната седница на Советот.
Поконкретно, со предложените измени и дополнувања, покрај во странска банка, резидентите можат да имаат сметка и кај овластен учесник на странска берза или на организиран пазар на хартии од вредност, кај платежни институции или институции за електронски пари во странство заради комерцијални цели, но и за тргување со хартии од вредност ако истовремено се и овластени учесници на странска берза или на организиран пазар на хартии од вредност.

А кога ке влезеш на сајтот на Плус500, вели: The site is not available from Macedonia.

И дали ова значи дека физичко лице сега смее да отвори сметка во странска банка?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.704
Поени од реакции
16.920

јас имам трансакциска во Србија од лани, излезе законот за враќање на стара штедња ( од Ех-ЈУ)... ама поради короната не сум бил, да видам колку рати доспеале...
всушност старата штедња и ја враќаат преку некој обврзници, само треба да видам дали ги продаваат обврзниците на берза или треба да дадам посебен налог...
 
Имаш, си можел да имаш и порано, но дали било законски? Знам дека не беше законски, дали сега конечно стана законски да се има сметка во странска банка?

И мислам дека сега со ова се опфаќаат и електронски сервиси и виртуелни паричници како Нетелер и Скрил. Плус, Интерактив брокерс и сличните странски брокери и сервиси за купување акции.

Нека потврди некој кој е по упатен во оваа проблематика.
 
не било законски да отвараш сметка со уплата од тука, а ако имаш наследство таму или како ова со заробените пари од ЕхЈу ( пак наследство) тоа друго е...
Автоматски споено мислење:

Што газдата на струмички „Грозд“ ќе си продаде сам на себе за пола милион евра?

Ова не енекој проблем, тој има 91%... а со гласање ( надгласување) ујдурми прават и менаџери што немаат 51%, туку вработени малцински акционери даваат полномош на гласот...
 
Ете докај ќе доведе толерирањето на самовластието на мнозинските сопственици! Ова со Слободан и Васе е зае.анција во споредба со десетмилионските бонуси што ќе фрчат доколку Апелација ја потврди одлуката на ПКБ.

Во конкретниот случај со ГРЗД, Митев, поврзаната компанија и поврзаните лица немаат право да гласаат за одлуката, а останатите може слободно да ја изгласаат доколку продажбата се врши по реална пазарна цена. Доколку не е, многу е логично да не му ја изгласаат пошо така ќе претрпат штета.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
8
Поени од реакции
20
Имаш, си можел да имаш и порано, но дали било законски? Знам дека не беше законски, дали сега конечно стана законски да се има сметка во странска банка?

И мислам дека сега со ова се опфаќаат и електронски сервиси и виртуелни паричници како Нетелер и Скрил. Плус, Интерактив брокерс и сличните странски брокери и сервиси за купување акции.

Нека потврди некој кој е по упатен во оваа проблематика.
Може да се отвори сметка, но за целите пропишани во Одлуката. Во нашиов случај за тргување со хартии од вредност и во банки и во платежни институции и на платформи.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Види ги ти ГРНТ махери! За годината 2020та направиле 65 М денс добивка, без да платат ни едно денарче данок. Данок на добивка НУЛА!

Супер за акционерите. Ама малку не ми е јасно како мисли таа држава да функционира ако најголемите компании не плаќаат данок? Или се’ дур спонзорираат на право место ќе им се прогледа низ прсти?
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Види ги ти ГРНТ махери! За годината 2020та направиле 65 М денс добивка, без да платат ни едно денарче данок. Данок на добивка НУЛА!

Супер за акционерите. Ама малку не ми е јасно како мисли таа држава да функционира ако најголемите компании не плаќаат данок? Или се’ дур спонзорираат на право место ќе им се прогледа низ прсти?
Реинвестирана добивка ја намалува даночната основа.

Останало нешто стара добивка за распределување дивиденда, јас мислев дека нема да има оваа година.

40 проценти од добивката за 2020та оди за менаџерите, браво
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom