- Член од
- 1 февруари 2016
- Мислења
- 311
- Поени од реакции
- 271
Кога се издигна МСИ после 2020, тешко дека веќе нешто може да ја сруши. И пад да има пак ради ноемврискиот пик, рајата ќе биде свесна дека е тоа акутно, и дека иде пролет. За ова време на МСИ увидов дека нема врска мси со редовни тековни економски дешавања, освен во драстични случаи. Македончето не го интересира анализа на фин извештај, рои, пб, и остала заморувачка литература, Македонецот е опортунист лачи плунка само и само на дивиденда (90%) на берза, и толку. Така да многу паметување има на форумов, што е на место и така и треба да се образува и делува еден инвеститор, но тоа има влијание на Перо, колку ланскиот снег. И затоа кога дивидендата ќе секне, ќе се одложи, Перо го фаќа срце, и одма у момент продава, пошто нема верба во компанијата во која ги ставил парите, ниту го интересира нејзината иднина па макар била светла и во брзо време.Фасцинантно ми е колку „инвеститорите“ толерираат лаги и манипулации во врска со акциите за коишто во повеќе наврати биле уверувани дека ќе пораснат поради некаквоси членство во НАТО или ЕУ или дека ќе исплатат накакви огромни дивиденди. Еве нпр. иако имало барем 5-6 најави за сигурни дивиденди од десетина проценти, банките ниту исплатиле било што во задните две години, а ниту пак ќе исплатат кога ќе се покажат последиците од кризата и ќе паднат профитите, а тоа воопшто не се рефлектира преку пад на цената.
Вистинско задоволство е да се манипулира затуцана раја со вакви ниски очекувања, па таа да ти верува дури и кога ниту нив нема да ѝ ги исполниш. Меѓутоа, мислам дека под оваа навидум цврста фасада се крие стиропор, пошо кога следен пат ќе тргне работата надолу како лани во март, ќе нема сила што ќе може да ги запре „инвеститорите“ кога ќе потрчаат накај излезот...